Не е целта на темата, на сите што ќе речат дека нема да изневерат, да им реплицирате со - никогаш не вели никогаш. Тоа е точно, ама сепак целта е да се види како луѓето размислуваат, кој на што е спремен и поради која причина. Он топик - и јас не би си дозволила некогаш да изневерам. Ако не сум задоволна од врската, подобро би ја раскинала, отколку да губам нечие време и да изневерувам.
Па зошто да лажиме, сите као демек никад не би изневериле а на крај пак сите на некој начин изневерени
Тоа е проблемот, луѓето дури и кога се анонимни ненсе реални не пак со вистинското лиценда се реални..сите сме невини
Според тие што би изневериле, сите оние што не би, лажат и се прават цвеќе за мирисање. На темата, јас не би, никогаш! (знам ќе има коментари никогаш не вели никогаш). Ако некој веќе не ми одговара, прво ќе завршам со него, па потоа ќе правам што сакам.
Никаде ние грешните не спомнавме дека не можеме со еден партнер, во животот секакви случки се дешаваат, а и крај краева секој си има право да си прајт шо сакат и како мислит за некого под изневерување се подразбира и еден обичен флерт, за некого тоа е нормална работа. Така да секој да си прајт тоа што го исполнуват
Искрена сум до коска пред светот и пред себе - никогаш не сум имала потреба да глумам подобра од што сум и знам дека сум лајно огромно на моменти. Но не. НИКОГАШ! Сум била неверна, но овој човек е.... Совршен. Попрво би се обесила отколку да го изневерам. Го сакам.
Na pocetok na vrskata nz mozebi o da mozebi i ne nz bidejkji si pisuvav so eden na fb no togas ne mi znacese , ama sega mnogu go sakam i nikogas ne bi go povredila so bilo sto a kamoli da go izneveram.Ne sakam da izgubam nekoj sto vredi , me saka , me pocituva i me motivira za bilo sto.
Изневерување мислам е една од најлошите работи кои можи да му се направи на личност. Кога личноста која е изневерена дознава за тоа: се преиспитува себе, бара некој да обвини, станува агресивна, со намалена самодоверба, ранлива, стекнува доверба доста тешко. Зошто да му се направи ова на личност која тврдиме дека ја сакаме? Злобно е. Исто изневерувањето во мои очи е непочитување. Партнерот е тој кој тврдиме дека го сакаме, со изневерување се докажува само спротивното. Ова е од оние работи за кои не можам да најдам оправдување. Навистина. Или го сакаш партнерот или не. Ако не го сакаш - раскинуваш и си бараш среќата на друго место. Ако имате одреден проблем - разговарате за да се реши тој проблем, зошто често при одредени проблеми се бара спокојство во изневерување. Чинот на изневерување можи буквално да го уништи човекот кој е изневерен. Имам пишано и претходно, го немам изневерено дечко ми и нема да се случи. Ако некогаш сметам дека ми бегаат страстите и љубовта од него, побрзо ќе раскинам или ќе пробам да најдам корен на проблемот, него да посегнам и да го повредам човекот за кој сум се грижела и сум го сакала до тој момент. И искрено, мислам тоа би била единствената работа преку која не би можела да поминам во врска.
А да прашам нешто јас. Дали може да ја изневеруваш особата која ја сакаш, поради тоа што не можеш да ја контролираш потсвеста која те тера на сосема спротивното. Едноставно те тера на промена. Дали е можно тоа?
Не е баш така. Можеш да контролираш, ама одлучуваме некогаш да не контролираме. Плус, не значи дека не го сакаш партнерот, ако се возбудуваш на други, па дури и да имаш секс со други.