ovoa zavisi ako go sakas i ako si zaljuben mnogu vonego nema sansi da go izneveris a ako onaka odis sonego bez ljubov togas obavezno ke go izneveruvas
Неее! Никогаш не Би ги изневерила. Се ми е преубаво Со него и стварно голема глупост е Се тоа што го имам со него да го изгубам за 5мин работа... а згора на тоа да испаднам дроља. Сигурно сте свесни дека тој со кој сте го изневериле дечкото ке се фали низ град “ееееј му ја ќариф девојката на онај“... стварно е очајно и глупо!
зависи за какво машко станува збор..не ме сваќај погрешно ама мислам дека никој паметен не би се пофалил на толку прост начин сепак, крај краева ќе знаеш со кого фаќаш работа пред да направиш таков чекор.
Можеби си во право до некаде.... али тоа е така со посозреаните, а реално гледано поголем дел од машките се како што си ги викам јас “фраери на батерии“. Како и да е Не Би Изневерила.
Emily и со ова сакаш да кажеш дека си мала за да изневеруваш или во принцип не ти е од кејф се додека не се појави некој со кој што ке вреди да се изневери
НИКОГАШ !!!!! Не знам кој фраер од Холибуд да ми го дадат на тацна-НЕМА НИКАКВИ ШАНСИ !!! Немам потреба од тоа да бидам со друг маж, ниту пак му фали нешто на мојот ! Нашата љубов е света и сакам таква да остане !
Не дека сум мала. За тоа не постојат години (според мене). Или го правиш или не го правиш. Незнам како сте ме сватиле но според мене не постои некој што вреди толку многу за да си го изневерам дечкото. Ми значи премногу и не би сакала да го изгубам за ништо на светот
Сите некогаш поминале или ке поминат преку тоа така да или си поминала или ке поминеш колку и да негираш.
еее во тоа не сум баш сигурна. стварно не гледам потреба од варање. го сакам премногу - ме сака, не ме лаже (па колку и да била болна вистината секогаш ја кажува) а и сто и јас, среќна сум со него, сме поминале премногу заедно. Кога ми беше најтешко беше со мене. И не е малку глупаво да прекинеме поради моја глупост ?! Никогаш не би го направила тоа. Никогаш.. сигурна сум во тоа.. и јас а и сите оние коишто ме познаваат.
Во право си за ова стварно само некои изневерувањето го сваќаат како освета некои како провод а паметните како давање на своето тело на некој друг да се наслади и задоволи своите потреби на штете твоја и уште поголема на тој што те сака, колку и да ти погрешил... а кој ти е тој дечко што така се однесувал со тебе ?
Изневерување ми е детска работа. Ако си со еден , зошто ти е друг? Ако кај тој некој не ти одговара нешто, раскини му па барај подобро. А не сега, ќе се изневеруваме, тоа само може да повреди некого.... Никогаш не сум изневерила, и нема да го направам тоа.
Ниту сум го изневерила дечко ми, ниту ќе го изневерам, се додека сам не си заслужи. Имам изневерувано досега бивши и сите сум ги изневерила затоа што си заслужиле. Незнам зошто мислам дека имам пишувано на една тема некаде низ форумов за еден бивши, воедно беше мојата најдолга врска, но го изневерив. Си го побара сам и повеќе неможев да се справам. Си реков, или ќе биде нерешено или сум победник. Имено типот го снемуваше кога ќе му текне и тоа само еден период се случуваше континуирано. Ме лажеше дека нема да излегува, а излегувал. Мене ми велеше не излегувам неможам, болен сум незнам што, а излегувал и се се шетал, сестра ми ќе го видеше и ќе ми кажеше. Му реков, кажи што ти е проблемот, ако несакаш повеќе да си со мене кажи човече, немој да мислиш дека ќе навалувам да сме заедно, не планирам да те терам со сила да бидеш со мене, не сум напаст. Одлучи да останеме заедно, но пак си правеше некои екскурзии. Јас во меѓувреме си најдов потенцијален кандидат за мување и го направив тоа. Верувајте дека немав ниту ронка грижа на совест. Преку ден бев со мувачот, а вечерта си излегов со дечко ми. Воопшто не ми беше гајле како би било, кога би било. Се додека не си заслужи сам, ќе седам мирна. Ако почне да си прави излети од врската, ќе дознаам, или нема да дознаам, ќе осетам па ќе види како и јас си правам екскурзии.
Оффи, не се согласувам целосно со твојот став. Најдобро од врската излези со крената глава.Без изневерувања и препукувања! Сепак тоа е твое мислење...
Никогаш не сум изневерила. Но, сопругот ме изневери и се разведовме пред една година. Мразам неверства. Зашто луѓето не можат да си седат мирно? Зашто не мислат дека ќе изгубат фамилија?