Дали во таков случај би го оставила сопругот? Доколку запознаеш некој таков каков што го наведе погоре? И дали сметаш дека е искрено и чесно да му кажеш како стојат работите? За да знае и тој на што е.
Океј обична. Ајде сега кажи ми како тоа ти не изневеруваш и не почитуваш изневерување, а тука пишуваш дека да се има секс со друга личност покрај саканиот е океј и не значи дека не го сакаш?
Ајде на сите наеднаш: Изневерување е лажење. Да те лаже партнерот за своите чувства, потреби, активности, животни желби итн. Ја разбирам потребата од сексуално општење. Луѓето не се моногамни по природа, и не очекувам дека мојот сопруг ќе се пали и ќе му бидам најсекси единствено јас, цел живот.. 60-70 години. Не е логично и е себично, да го очекуваме тоа од некого. 'Не изневерувам' е во смисла на: Што и да направам, тој знае. 'Не ме изневерува' е во смисла на: Што и да направи, јас знам. Отворена врска. Објаснив ли убаво?
Изневерувањето не предмет, не може да се допре. Според мене изневерување е некаков акт кој би ја повредил другата личност. Некој за изневерување смета вербална комуникација со трета личност, некој бакнеж, некој секс. Како што јас ја разбирам @WildMk таа е во отворена врска. Со партнерот се договориле дека можат да имаат секс и надвор од врската. Строго поради физички задоволства. Нема изневерување поради што и двајцата точно знаат што прави другата личност и се ок со тоа. Не осудувам но јас лично не би можела да бидам во таква врска.
Да ама темата на друг начин на изневерување се однесува , а не како ти што си го разбираш зборот. Лажење е друг збор, а изневерување е друг збор. Ги мешаш поимите тука ама нема врска. Ти ја разбрав поентата.
Не ги мешам. Изневерување за мене е, изневерување на доверба. А тоа може да го направи секој со многу мала работа. На пример, да ми вети едно, во врска со заедничките планови, а да кова и спрема друго. Не ме бива некогаш со зборови и не знам дали доловувам она што сакам да кажам. @RoseRain мислам дека ме разбра
@WildMk Се до моментот каде пиша отворена врска, не можев да те сфатам, но сега ми е јасно, иако јас не би можела да бидам во таква врска.
Не се за сите љубовта и сексот поврзани. За некого едно е љубов, а друго е секс. Па и изневерувањето може да се случи од 1000 причини. Јас сум моногамна природа ( за сега ), а дали и во иднина ќе бидам, тоа не можам да тврдам.
Епа нареден пат обиди се да објасниш поубаво со зборови, затоа што ние мисли не можеме да читаме . Немаме таква способност.
Да те возбуди некој е едно Љубовта е друго Може да ме возбудат 100 мажи, ама еден љубам со цело срце и душа и ќе убијам за него ако треба Е сега, дали ќе дозволам да се возбудам до толку за да се исексам со некого - НЕ. Сега за сега, со партнерот што го имам. Имам цел пакет, не ми треба друго. Разумот ми работи солидно.. Кога би немала целосен пакет, може и да размислам
Неверството е знак за емотивно незрела личнст која преку неверството се обидува себеси да се убеди дека не е баш толку безвредна колку што самата смета за себе. Велат за секое неверство мора да постои причина. но според мен таа причина никако не смее да се бара во оној кој е изневерен. Многу полесно би поднел да ми каже дека не сум добар во кревет, дека не ме сака повеќе отколку да ме изневери. Дали сум изневерил? Да, но чувството на вина после тоа е одвратно.
Мислев конкретно само до тој степен да стигне возбудувањето до секс. И јас имам се што ми треба со партнерот и сум задоволна. Не е спорно тоа дека сите може некогаш да си фантзираме и возбудиме, но НЕ толку многу да стигне до потреба за секс.
Затоа што се си кажуваме со мм башка и што многу си се чуваме не би го изневерила никад П.С- И да го изневерам ќе му кажам и нема да ми поверува , стално го зафркавам така