НЕВР ЕВР... Ако дошло да помислам на тоа, можеби треба да се запрашам кон што води нашето... Ни на крај памет не ми паднало да уништам се што до ден-денес сме створиле... За некој си таму...
Ако имаш секс со луѓе надвор од врска/брак, не значи дека 'не ти работи разумот солидно', ниту дека не го сакаш партнерот.
Пред месец и половкна започнав да се гледам со едно момче. Ни беше доста убаво заедно, интересно... Ми се допаѓаше од порано така да многу малку ми требаше за да се заљубан во него. Но никогаш официјално не бевме во врска. Онака излегувавме ама сепак јас се заљубив. По некое време добив писмо дека сум принена на факултет во Словенија. Немаше ни еден месец како се гледавме, ми бепе тешко да дојдам овде.... Дојдов, се истурав од плачење, срце ми се кинеше... Кога ли ќе го видам пак, дали ќе биде се исто, можеби ќе има женска кога ќе се вратам... Јас никогаш не го обврзав да ме чека, плус и што не бевме во врска... Му реков дека го разбирам дека млра да гради живот и круг на луѓе таму, дека е некој кој сака да пробува и експериментира, дека ќе има прилики... Но сепак се договпривме дека кога ќе се враѕам повторно ќе се видиме без разлика дали тој или јас имаме некој.... Јас секако дека ќе немам никој, јас го сакам него, но ете јас ја направив првата отстапка.... Излегов со еден тип овде и тоа познаник на двајцата.... Да, реков дека ќе немам никој, затоа што себе си во иднина не можам да сс замислам со друг и што премнкгу го сакам... Тој тип беше несакајќи, случајно, на една вечер и ништо повеќе... Не можам да гледам друг како што го глрдам него....Да, јас ја направив отстапката, грешката, душата ми се кине за тоа..... Многу ми е тешко, не можам да си простам.... срце ми се кине.... тешко мене... како да го погледнам....
Не си изневерила никого ти. Тоа што си излегла со негов познаник немора да значи и дека сте заедно. Можеби и тој излегол со некоја, незнаеш. Без грижа на совест. Тече животот. Штом толку го сакаш, ако ти се пружи прилика, видете се.Можеби и нема да ги исполни твоите очекувања, па ќе се ослободиш од грижата на совест.
Не нема. Ако сакам да бидам со друг или па со тој да основам нешто повеќе од пријателство (мислам на врска,флерт..итд) прво ќе расчистам па после понатака.Голем противник сум за изневерувањето така да no way
Понезрело од ова можеше ли да биде? Секој нареден НЕ е ист како секој твој претходен. Зошто друг да одговара за туѓите постапки и да испашта за туѓи грешки ?
Никогаш! Каде што има љубов, нема ни помисла за изневерување. Ако не го сакав немаше да бидам со него, а исто и тој така. Тој ми е се', личноста што најмногу ме сака и разбира во животот, најдобар другар и сродна душа, такво нешто никогаш нема да си дозволам да изгубам. Си имаме потполна доверба еден во друг. Изневерувањето не е несвесна грешка, секој знае што прави кога се впушта во такво нешто.
Не би го изневерила. Не сум ни помислила на тоа. Ако сакам да одам и со други зошто тогаш би била со некого?
Доколку би ја изневерил партнерката, дали воопшто сум ја сакал неа? Во прашањето го имате одговорот (а и не памтам, можеби и претходно сум пишал на темава, ме мрзи да проверувам ).
Сите кои се расфрлате со изрази од типот "не постои маж кој не вара", сте биле веќе изгорени од некого. Period. Јас го немам овој став. Никогаш не би го повредила. Ниту он мене. Симпл ес дет.