Значи темава е дали БИ го изневериле дечкото/сопругот... А, не дали сме изварале некои бивши дечковци. Некако темава ми е без врска! Дали би го изварала? Од каде па да знам? Сега во овој момент, апсолутно тврдам дека не би го изварала, меѓутоа може утре да ми се случи некој преокрет и во глава да почнат да ми се вртат такви мисли... Во принцип сум против варање, мислам дека никој не го заслужува тоа! А и не само заради другиот, повеќе од себични причини сум против ова... Не за друго, да си се поштедам од неубави чувства, грижа на совест, непроспиени ноќи, тајни, криенки и што уште не! Така да не можам да кажам дали БИ го изварала... Не знам утре што ме чека, не па дали дечко ми ќе го изварам, па уште па и да тврдам дека нема да биде така...
Поима немам. Живо суштество, крвта ми врие, ништо не е 100% сигурно, не знам што ќе јадам утре, камоли вакво прашање. И никогаш не вели никогаш. Се' е релативно.
Ќе бидам малку офтопик, ако мислите дека треба избришете го мислењево. Зошто секогаш мора да има мрчења и непријателски коментари не знам, секако дека прашањето беше дали би го изневериле дечкото/сопругот, па затоа сите одговараа со да или не. По постов: со кој целосно се согласувам, сакав да кажам дека далеку од тоа дека сме светици (секоја чест на исклучоците, ако има некоја нека каже ) затоа објаснив дека имам изневерено, ама сегашниот не би го изневерила никогаш. Не сфаќам каква корист би имале да изиграваме нешто што не сме на форумов, кој и онака е анонимен. Барем тука слободно да можеме да бидиме она што сме. Поздрав до сите и без нервози, секој нека си го каже мислењето слободно без пропратни негодувања од другите.
Со ова се согласувам целосно. Во овој момент тврдам дека не би го изневерила дечко ми. Ама никогаш незнаеме што ќе се случува во иднина. Можеби тој мене ќе ме изневерува... Не се знае. Темава некако нема смисла и мислам дека треба да се спои со "Неверство да се прости или не?!"
Ако сакам некој добивам почит љубов разбирање од него истото и му го пружам страсна врска која функционира не беспрекорно такво нешто не постои туку ете солидно не гледам пришина да изневерувам,ама ако сум во врска која ме прави несреќна би гледала прво да ја прекинам па да шарам наоколу но живот е,може да се случи да изневерам не се знае...но секогаш сум за искреност,несака некој мене да ме изневерува па не практикувам да набивам рогови на некој..
Не,многу сум против такви ствари,така да пре би му раскинала,па после ќе праам што сакам,отколку да го правам тоа додека сум во врска
Несакам да правам нешто на некому,што несакам и тој мене да ми го направи!Подобро ако љубовта исчезнала ќе ја прекинам таа врска и ќе се впуштам во авантура отколку да правам грев
Премногу го сакам и ми најубавко со златото мое така да никогаш не би го направила тоа. А како што се изјаснив и во друга тема нема потреба да изневеруваш некого ако го сакаш и имаш се што ти треба со него. Е сега ако немаш се што ти треба раскини му па најди си друг
Никогаш не сум помислила на неверство ни па сакам да го изневерам дечко ми.... Тоа е една од најпростата работа до сега ://.. Ако изневериш некој значи не си имал во врската се што ќе сакаш... А пошто јас се си имам не изневерувам пошто убаво ми е само со него и никој друг !
јас сум во брак 5 год, а со сопругот сме заедно 7. Досега не сум паднала во искушение да го изневерам и мислам дека тоа е невозмозно да се случи затоашто премногу се сакаме.Нашата љубов сега за сега е прекрасна, секој брак има свои проблеми, расправии, ноќи преспани со свртен грб,но изневерувањето не е решение ниту избор на кој би помислила.
Па немам никаква причина за да го изневерам, од него добивам се што ми е потребно..но доколку некогаш тој ме изневери и јас ќе му вратам на истиот начин за да види и да сфати колку боли тоа.
Многу сум против тие работи,ако сватам дека не го сакам или доколку дојде до таа степен за да го изневерам попрво би му раскинала отколку после со тоа да живеам,тие што можат да изневеруваат без да се замараат после тоа блазе си им штета што јас не сум таква
Никогаш!!! Заедно сме скоро 5 години, нашата љубов е чиста и невина. Не сакам да ја извалкам и прокоцкам. Ма не сакам ниту да помислам. Со овој човек знам дека ќе имам прекрасна иднина, самиот тој ми е сосема доволен. Да помислам на туѓи бакнежи или не дај боже допири и интимни односи. Никако! Горда сум што имам врска во која се чувствувам спокојна, сакана и задоволна. Зарем ми треба нешто повеќе од тоа?
Никогаш не би го изневерила сопругот.Како прво бидејки несакам да се испоценувам самата себеси,како второ не сакам да го испоценувам сопругот и како трето премногу го сакам моето синче за да направам таква глупост.
Луѓе, без навреда ама смешни ми се одговориве: Никогаш, нема шанси, Бог да чува и.т.н... Да, така е, ама сега за сега! Дај не пишувајте така, мене шубе ме фаќа, не за друго ќе се урочите Не, искрено, не може никоја од вас да знае дали би направила нешто во иднина! Може да претпостави, ама да тврди не! Мај опинион, ноу хард филингс плис
Да би го изневерила, поинаку гледам на тие работи, не го доживувам тоа како којзнае колку страшно. Не би ми пречело и тој да ме изневери. Има многу фактори кои влијаат на тоа, моментот и битен и ситуацијата, на крај на краиштата никој не е ничив роб за цел живот да си верен ... И уште една работа, ако го изневерам не значи дека не го сакам
Го почитувам твоето размислување, но многу ме интересира зошто би го изневерила ако го сакаш? И не се согласувам со тебе дека ако не направиш неверство ти си автоматски нечиј роб. Љубовта не не прави робови. Нели е подобро ако не го сакаш и ако не ти е доволен само тој да го откачиш па да си бидеш со кого сакаш, колку сакаш и кога сакаш?