Никогаш не би го изневерила.Од проста причина што нема некој поубав,подобар,помил...од него за да го изневерам. се што ми треба и се што барам кај едно машко го поседува дечко ми...го сакам со целово мое срце хехе
Сите си ги сакаме дечковците, ама не ми се верува дека никоја не погледнала по друг. Сакање е една важна работа се согласувам, ама не се согласувам дека не постои некој друг што ви се допаѓа и што скришно фантазирате за него. Ако грешам поправетеме
Не сум изневерила досега и нема ни да изневерам, многу ми е подло тоа. Сум била повредена во љубовта и знам како е. Ако евентуално гледам дека врската не оди, ќе ја прекинам. Колку и да заслужува некој - немам срце да го повредам.
Никогаш не би можела да го изневерам,цело време ќе ме јаде совеста и ќе нема да можам да функционирам никако,чувството на вина е страшно.А и кога сакаме некого како би можеле да го изневериме,тоа би било знак дека пак не е нешто доволно,дека и не го сакаме целосно или дека не постои страст во таа врска.А кога нема страст се губи привлечноста,се губи желбата за секс.Никој не би сакал да живее со најдобар другар нели?Е ако го доживеам тоа чувство,пак нема да го изневерам,туку едностано ќе го оставам,па како слободна ќе правам што сакам
Никако не би го изневерила тоа е многу неубаво јас секогаш велам пред нешто да направиш помисли како ќе ти биди тебе ако некој истото ти го направи .... сум била повредена и знам колку боли и колку е неубаво чуството па не сакам некој заради мене тоа да го доживее ..... ако не го сакам ќе му се скарем нема што да изневерувам
Pred nekoj den se sluci posle 3 godini , so eden decko da se baknam nekolku pati dodeka bev sama iskocena, sega ova strasno me izmacuva, no dali da go gledam kako neverstvo? dali pod neverstvo se racuva baknez ili seksualen odnos?
Се што е повеќе од другарски бакнеж во образ, според мене е неверство.Еве, стави се во позиција, твојот дечко да ти го направил истото,ти како ќе го гледаш како неверство или...? Нормално дека ќе те боли, а ако планираш да го задржиш,потруди се да не дознае, зашто не верувам дека ќе помоне лесно преку тоа.
многу голем противник сум за изневерување..... големо НЕ ке речам јасс ... никогаш не ми бо изневерила мојот дечко.... ако веќе ми е неубаво со него побрзо би ссе скарала отколку да го изневерам... ама да не се почудам 3 години одиме и секој ден ми е поубаво и поубаво со него.... многу си го сакам и тој ме сака мене сигурна сум во тоа..... натаму ќе видиме ама сегаз а сега си сме вљубени еден во друг...
Немам изневерено до сеа и мислам дека не би изневерила (али ај никогаш не вели никогаш), не ради него туку ради мене, си се знам доволно себе си, знам дека после тоа ќе ми биде криво,ќе ме гризе совеста, нема сама да си простам а не па да чекам друг да ми прости.
НИКАКО!!!! Покрај себе имам толку прекрасно суштество кое го знам доволно долго за да знам како дише и е прекрасен човек кој не се наоѓа секој ден. Зборувам за себе, не сакам никој со поинакви сфаќања да се најде навреден. Сепак убавината е во нашата разновидност
Воопшто не го оправдувам изневерувањето. Тоа е нешто понижувачко за личноста која е изневерена и во очите на другите луѓе кои знаат за тоа е голема будала. Подобро да бидат партнерите искрени во секој поглед за да се избегнат вакви ситуации.
Никако не би го изневерила, не заради него туку заради мене. Мислам дека како прво јас ќе паднам ниско ако се одлучам на таков чекор. Башка и психата ќе ме убие. Попрво би му раскинала, или би му кажала што планирам(сепак подобро е да чуе од мене).
не и јас не би го изневерила дечко ми да бидам искрена сите бивши сум ги изневерила ... редум всушност и не се каам многу поради тоа но сега сум со мојата најголема љубов и тоа не би го направила за ништо на светов
Не би го изневерила моето сонце по никоја ценааааа...не гледам причина за такво нешто едноставно го обожавам
Не би го изневерила зошто да го изневерам?? ако веќе ми е здосадено од врската прво би ставила КРАЈ на таа врска па би се впуштила во нова авантура