Ниту на сон не би го направила тоа! Не го заслужува тоа тој. А и да го заслужи некој ден, никогаш не би паднала толку ниско. Нема полошо, повеќе понижувачки од неверство во брак.
НИКОГАШ !!! Од причина што тој не го заслужува тоа, тој заслужува искрена љубов, еден ден ако не бидам способна да го сакам како што заслужува едноставно ќе си заминам од неговиот живот, затоа што не заслужува да биде повреден. А сега сигурна сум дека не постои никаква причина, ниту емоција која би ме натерала на такво нешто !
Во врска сум 6 години и никогаш го немам изневерено ни нема да го изневерам. Неверството е нешто што најмногу го мразам, а доколку бидам изневерена (што не верувам во тоа) веднаш би раскинала и не би паднала толку ниско (да му вратам) да го изневерам и јас.
НИКОГАШ! Толку е невин,со чисто срце,душа..И го сакам повеќе од се на светов..А изневерувањето е толку суров начин што ни на одмазда не ми му го направила.
Имам изневерено порано, но сегашниот не, заедно сме веќе 4 години... А, за тоа дали би го изневерила, мислам дека никогаш нема да го направам тоа. Имам се' што сум посакувала, апсолутно ништо не ми фали во врската, премногу го сакам и не би го заменила со никој. Сметам дека позади секое изневерување стои некоја причина заради која некој изневерува, мора значи МОРА нешто да не штима во врската, не може из чиста мира никој да го стори тоа...
Искренооо ДА знам ужасна сум ама тоа е тоа и не зависи тоа до партнерот и Бред Пит да е до мене мислам исто ќе е Тоа ми е во мене нз несакам да загубам ама сепак би се коцкала кој знае можеби еден ден кога вистински ќе се заљубам нема да размислувам така
Не би го изневерила. Има едно: "не го прави она што не сакаш да ти го прават тебе". Ако веќе не чувствувам ништо кон него и сакам нешто со друг, прво ќе му се скарам.
Jas ne bi go izneverila.....ali sepak se drzam za onaa starata ...,,NIKAD NE RECI NIKAD,, [mod-kirilica:3deiwjey][/mod-kirilica:3deiwjey]
Јас порано живот давав дека нема да го изневерам маж ми под никакви околности. Сега, после ХХ настани, не можам да се заколнам свечено на истото . Мислам дека не би, ама па ако некогаш и негде се склопат сите коцки и што би рекла Десанка Максимовиќ „Могу ми се учинити дубоке и меке очи неке обичне сасвим... Може ми се учинити лепо и лако, волети кратко, за један дан...“ Зависи колку би била ранлива во тој момент...
Е господ здравје да ти даде. Никогаш не вели никогаш. Гледајте го филмот unfaithfull. Нема подобро нешто од филмот верувајте ми!
А бе сега можам да си викам што ќе ми текне нели??Вака на прва ќе речам НЕ, но.... Секогаш има едно ,,но,, господ знае што ни носи животот, и како би реагирале во дадена ситуација.
Еве јас велам - НИКОГАШ! Како прво тоа ми е многу ниска, долна и проста работа! Ако сакаш нешто со друг слободно раскини му или разведи се, па иди не со еден со 100 одеднаш ако сакаш! Прво тргнувам од мене, дека нема да си го дозволам тоа заради мене. Нема да се спуштам на такво ниво, такво ниско и гадно ниво. Правиш будала од себе, па после и од партнерот. Не се почитуваш ни себе ни партнерот.
NE!!!ако го сакам други мажи не би ме интересирале,а и да не го сакам не би го изневерила,прво најферски би му раскинала па после би продолжила со другиот...никој не заслужува да биде изигран на ваков начин...