Јас гласав ДА. Ајде еден дескрипшн зошто. Реално, немам во план, но да бидеме начисто за ако некогаш нешто ми се испушти од раце. Да не велам никогаш, зашто никогаш не се вели никогаш. Сум кажала ДА, зашто ако кажам НЕ - не сакам да давам лажни завети. Од друга страна, сум рекла дека ке го изневерам, но тоа не мора да се случи. Одговорот ДА не мора да е исполнат.
Не планирам, но од друга страна пак ништо не можам да знам...како ќе се одвиваат работите во иднина, дали би се начукала некогаш до толку па да направам толкава глупост итн.
Не за џабе викаат никогаш не вели никогаш....Како однапред можете да знаете дали ќе се случи или не....еве јас и мојот сопруг заедно сме од 2004 год., до сега ниту еднаш не сум ни паднала во искушение да го изневерам, но сепак не велам НЕ, не велам ни ДА, животот е непредвидлив, денес едно нешто сакаш, утре друго, а за задутре појма се нема... А тие коментари, премногу ниско, долно, просто, к**вински, попрво би се развела, би раскинала итн.итн. според мене не држат вода...Едно е да го доживееш изневерувањето, т.е. да изневериш, да не знаеш што сакаш, што да правиш, како да постапиш и да бираш која опција е подобра, а друго е само да бидеш посматрач и да коментираш....Однапред на никого не му се суди...Инаку и јас сум за тоа- Не прави го она што не сакаш тебе да ти биде направано...но како што реков животот е непредвидлив и понекогаш суров.
Сега за сега, после две години, го немам изневерено, но никогаш не вели никогаш Кликнав ДА зошто имам кандидат во план..
досега го немам изневерено дечкоми и не планирам, доволен ми е еден... но умот е чудна работа , може некоја чавка да ми го испие па да паднам во искушение
Со моите 21 години, знам која сум и што сум, што сакам и каква личност сум и затоа можам да кажам дека никогаш не би го изневерила. Ниту сега, ни во иднина, па и Бред Пит нека дојде да ме моли ако сака. Ако нешто мразам и ако нешто ме револтира, тоа е изневерувањето. А секојдневно слушам : долга врска, им здосадило и прошарале на страна. Или на почеток на врска, уште не поминал месец ајде со друг/а. Пред се, се почитувам себеси и токму заради тоа не би го направила тоа. Вистината секогаш излегува на виделина, порано или подоцна.
Искрено, не би го изневерила. Секогаш сум била против тоа. Ако со некого ти е убаво, го сакаш, те сака.. зашто да го изневеруваш? Сигурно тој со кого ќе го изневериш не го сакаш колку дечкото, а сепак таа убава врска можеш да ја доведеш во пропаст поради една глупост ! Или пак.. ако НЕ го сакаш, зашто идеш со него? Раскини му, па прај што сакаш после.
Не. Ако не ми е убаво со него, ако не ги задоволува моите потреби, и имам потреба од друг - ќе му раскинам/оставам и ќе одам со кој сакам.
Не. Ако не ми е убаво со него, ако не ги задоволува моите потреби, и имам потреба од друг - ќе му раскинам/оставам и ќе одам со кој сакам.
НИКОГАШ! ама баш никогаш. Се држам до правилото НЕ ИМ ГО ПРАВАЈ ТОА НА ДРУГИТЕ ШТО НЕ САКАШ ДА ТИ ГО ПРАВАТ ТЕБЕ
Ако ми е убаво со него, ако се сакаме, зошто да го изневерувам? Искрено тоа е за мене многу подло и отсекогаш сум била против неверството.
Не ми доаѓа на крај памет..зошто да ризикувам се што имам. Доколку не оди би му раскинала па потоа ќе правам што ќе правам
никогаш не би го потценила оној кој е со мене....затоа што ако не вреди не би ни била со него...нема потреба од неверство ако се е идеално во врската....ако има недостатоци или ке се најде компромис или едноставно нека заврши врската и нека се бара некој друг...неверство не поддржувам
... Го имам еднаш изневерено, но после тоа сватив дека беше голема грешка и мојата љубов кон него стана поцврста... и никогаш нема тоа да се повтори
Nikogas ne bi izneverila posebno ne verenikot zatoa sto potpolno si se ispolnuvame, se razbirame i nemame ljubomora, slobodni sme za izleguvanje, za druzenje, ama bas vo se imame sloboda zatoa sto si veruvame i najubavo ni e zaedno!!!! [mod-kirilica:2gm7dr79][/mod-kirilica:2gm7dr79]
Не, не никогаш, нема шанси тој е толку срце што не го заслужува тоа, ме сака највеќе како да му го направам тоа? Не не, нема шанси што ќе кажат комшиите, па ако сум од мал град сите ќе знаат не не! Никогаш неможе да знаеш како прво што ти прави твоето срце зад грб, а ужива 100 процентна доверба Сакам да го изварам, ама мал град се ќе се дознае, комшиите ќе ме зборат.... добра причина :up: Имам изневерено бивши дечковци, некои си заслужиле некои не... ама тоа е дете За да изневерам не ми треба причина, едноставно кога ќе го изневерам дечкото тоа ќе биде затоа што веќе ми е сеедно за него и за нашата врска. Во друг случај не би изневерила. За сопруг... свесно не би изневерила, затоа што во брак и со деца се многу подруги работите, не би го жртвувала семејството за некое моментално задоволство.
Никогаш не би го изневерила. Сите е можно да се најдиме во некаква гадна ситуација, криза на врска, криза на време поминато заедно, изживеани моменти и слично, но секогаш мислам дека би помислила на неговите чувства прво, па потоа на моето будалеење. Едноставно, сметам дека тоа може да им се случи на луѓе кои се незадоволни од врската (мислам фала богу) и кои не знаат како да ги решаваат проблемите па запаѓаат во други и мислат дека на тој начин ќе им се решат. Никогаш не би направила такво нешто, затоа што не ни сакам некој мене да ми го направи тоа. Доколку (нели, никогаш не вели никогаш) некогаш наидам на таква ситуација, да стварно не можам да издржам повеќе во врската (или бракот) и доколку претходно сум/сме пробале да најдиме решение и го нема, прво би раскинала, или би се разведила, отколку да извршам таков одвратен чин додека сум во врска или брак. Апсолутно сум против такви дејствија и од двете страни. Луѓе сме ако не пак, знаеме да зборуваме, а постојат и адвокати и разводи фала богу.