Заедничкиот брачен живот се темели врз љубовта, почитта кон партнерот/партнерката, меѓусебните односи, па дури и на . Сум приметила дека како и женските, така и машките преферираат да "експериментираат" со спротивниот пол. Од друга страна, доколку добро се сложувате со првиот партнер/првата партнерка и се согласите да ви биде и последен/последна, тогаш сигурно би ви останале неодговорени прашања од типот што би било ако би било. Ме интересираат вашите мислења на оваа тема: Дали би го поминале животот со првиот партнер? Што се предности и слабости на тоа? Дали би се осудиле на таков животен акт, без да пробате со друг/а? Побарав слична тема, но не најдов. Доколку веќе има, ве молам препратете ме.
Отсекогаш сум мечтаел да имам една и единствена личност... но ако се фокусирам на прашањево и официјално првата партнерка шо ми беше и ден денес сум во контакт со неа, но никогаш повторно не би бил со неа во врска. А инаку никогаш немаше да ми биди криво ако бев со една партнерка во животот, напротив, ќе бев горд.
Кога би ми бил сегашниот прв партнер би останала засекогаш со него. Мене како што ми е избришана меморијата, не се сеќавам да сум имала друг партнер освен овој.
Ако не се бројат мување, и така лабава врска без обврска, тогаш сопругот ми е прв партнер, со кој што прв пат официјално сме биле во врска. Од моја перспектива, супер ни одеше, се поклопивме како тенџерче и капаче што би се рекло, и еве сега сме во брак. Ама најверојатно темава е за скроз прв партнер, прв во се, и воопшто да си немал нешто со други. Тогаш одговорот ми е не, не би била со првиот воопшто и не би сакала да го поминам животот со него. Не дека сум имала којзнае колку "партнери", ама ете со првиот што ми се погоди одлучив да го поминам животот со него.
Ако идела добро врската,зошто да не. Мене не ми била добра првата врска,така да,со првата партнерка не сум можел да го поминам животот.Познавам луѓе кои се сеуште во сериозна врска со првиот партнер и уште им е добар односот,така да се е индивидуално. Прашање е дали треба да останеме во животот со само една партнерка?Од секоја врска се учи по нешто,така да подобро е и да се имаат повеќе партнери во животот.
Па ако оди врската зошто да не? Јас сум со првиот партнер со кого сѐ прв пат сум направила и супер ни е. Сигурно нема да раскинам оти не сум пробала со други, колку глупаво звучи. Некогаш ќе се погоди првиот, некогаш ќе пробаш неколку bad apples додека се погодиш со некој и така. За секого различно. Ама не можам да сфатам сериозно некој што би раскинал врска само ради тоа што не сака да остане со првиот, а нема друг голем проблем.
Не знам дали сум сигурна во она што го чувствувам бидејќи сметам дека на овие години сеуште немам право да зборувам за јас во иднина, но за првиот сеуште имам најголема љубов. Во тој период бев ''мала'' и сакав да имам и други искуства покрај него. Врската ни стануваше сериозна, а јас не бев спремна за тоа, па ја прекинав. Тоа беше пред 5 години. После тоа сум имала некои кратки врски кои не успеале зошто не можев да се поврзам со нив. Зошто сум ваква и целата ситуација ни самата не можам да си ја објаснам
Ако врската е здрава и ако ми е супер со него, да, зошто да не? Сигурно нема да раскинам само затоа што „треба“ да имам повеќе од една врска за да го најдам вистинскиот. Би раскинала само ако врската не води никаде и ако има работи преку кои не мошам да преминам. Затоа не гласав.
Не, не би била од причини што според мене треба да имаш неколку искуства за било што за да знаеш што најногу ти одговара или сакаш. Повеќето од нас кога сме со првиот/та дечко/девојка мислиме дека работите што ни се случуваат во врска ( без разлика какви се ) се нормални и ни се ок пошто немаме друго искуство да направиме разлика. После втора/ трета врска правиме разлика и сфаќаме каков однос и што всушност сакаме од една врска и што е нормално, а што не за нас како индивидуи во истата.
Со првиот партнер сме веќе заедно 12-та година. Може да се каже и дека заедно пораснавме, заедно искусивме многу први нешта. И да, имало периоди кога сум се прашувала дали некогаш во животот ќе ми биде криво што е тоа така, ама не ми е. И така не се знае животот каде ќе не однесе, така што никако не би ја растурила нашата врска кога не постојат реални, големи и нерешливи проблеми за тоа (а проблеми и караници нормално дека ќе има). Ниту некогаш сум осетила дека нешто ми фали во истата. Баш напротив, и порано, а особено сега кога сум созреала, знам што сакам, што ми треба, што ми одговара, и што барам во личноста со која треба да го делам животот. Знам како изгледа здрава, хармонична и врска полна со љубов, така што да, би го поминала целиот живот со него и се надевам дека ќе е тоа така, затоа што друг начин не можам ни да замислам, ниту сакам.
Да. Всушност јас и сеуште сум со првиот партнер. Од деца сме заедно, еве тераме 13та година. Не сметам дека нешто пропуштам, бидејќи имам се во него. Сите "први" искуства се со него поминати и не би сакала да е поинаку. И имам прекрасен сопруг и карактерно и физички. Што знам, ми се погодило од прва. Бар до сега, а во живот не се знае што ќе се случи.
Мене ми го переа мозокот ко помала за првиот дечко, дека не треба да имаш еден, треба да имаш поише искуства за да процениш бла бла.. Раскинавме, не поради тоа туку ете, во тоа време не се најдовме. Но, сега да го запознаев за прв пат тој првиот дечко, мислам ќе теравме цел живот заедно .