Не знаев како да ја насловам темата, може не е доволно јасен насловот па затоа да образложам малку... Доколку ја имате поред себе љубовта на вашиот живот, онаа друга половина која прави да сте едно цело, би оставиле ли се зад себе и отишле да живеете негде ван цивилизација само вие двајца. На некое пример планинско место, мала колиба, мир тишина и простор само за вас... На некое одприлика вакво место мислев... Ако темава е дупла или безвезе слободно нека лета во канта
Да душо, ама само за една недела, после знам дека монотонија ке ме убива и ке почнам да се карам со него наместо да се галам
Осамено и напуштено место да се дели со саканиот е нешто неизмерно и убаво, ама сепак краткотрајно. Или до десетина дена највеќе додека сме млади. На стари години се може и на подолг период. Се сложувам со @baba Rada колку што е романтично, после неколку дена знае да биде толку и монотоно.
Да ама само за по некој викенд повеќе ми здосадува најмногу 10 дена би можела. А и од што ќе живееме таму дрва ќе береме па ќе ги сечеме со биЧкиите @elimkd се согласуваш ли комшиФка да си ми ќе ги продаваме добар бизМис А уФ зимото снег романтики дожд шта да ти причам !! Есента костени и скара ќе се пече ќе си ги метам лисјата пред кукичКата
Да, ама на тропски остров каде летото е вечно. Фантазија! А може и на планинско место каде фаќаат зими, ама само ако е супер уредено, и ако има луѓе во близина, сепак.
Да ама не многу долго време. Бидејки ќе ми здосади може еден период така надвор од цивилизација, па по некое време може пак.
Update од предходното мислење: Само за викенд, на некое место каде што нема никој. Таман би се сексале во природа, затоа што во кревет иц туу мејнстрим ..
@Winter Lady Прифаќам да сме комшики со бичкиите, само да видам кај може да набавам една Лелее па коа ќе удриме еден лаф моабет од сабајле
Не би сакала како на сликата бидејќи има бубачки змии итн а за гледање на слика може да гледам Но затоа би сакала да е зима со топла одаја со голем камин каде ние двајца би пиеле топло кафе и уживаме и надвор има снег и цела куќарка да ни е украсена со ламбички и една прекрасна елка со преубави лампиони и барем нема да има муви да не замарат и да треба да ги тепаме
Шо е до мен - да, да, да, да. Шо е до него .... премногу е екстровертен за да можи да се оддели далеку од цивилизација. Некоја ваква куќичкa по можност покрај рекичка или езеро, со уште некоја помала куќичка на дрво.
Местава се како од бајка..но не се за вечен живот,но да се има една не е лошо кога ке ти здосади си ја земаш саканата и одиш толку денови колку што ке се може без модерен свет.За одморање мозок, во тишина,,,сами,,, без,,никој никаде,,,мммм ако продолжам да ја пишувам фантазијата за момент ке посакате да сте баш сега таму