Не. Ќе треба да го заколам. Мислам, океј, ќе се љубиме, галиме, мазиме, се' тоа јасно, ама... Не знам колку и да се сакаме со некого, јас ќе се мрднам „затворена“ во ограничен простор/место. Иначе мислам дека одговорот „да“ доаѓа од луѓе што немаат живеено заедно со некого. Може и сум грешка, ако можете да издржите така со некого цело време заедно, па и одделени од цивилизација, секоја чест.
Ај еве да живееме ама од што ке живееме. Како би заработувале за живот во таква средина. На ова ниво на развој на цивилизацијата не би живеела собирајќи дрва и плодови (а и кои плодови во ваква средина). На неколку дена би отишла на вакво место, би си понела храна доволно за планираните денови и супер би ми дошло. Ама да живеам таму нема шанси.
Бајки и крилести ати. Чисто информативно за сите што се ЗА идејава, во Македонија има повеќе од 140 села без жители, па бујрум пробајте си ја среќата
Дефинитивно не, што ќе правиш со една, единствена личност тооолку многу време? Викенд или не повеќе од недела дена. Да се одмориш е убаво, се релаксираш, шеташ, чист воздух и доста е. Без разлика дали е тропски рај или шума, одреден период можеби и ќе функционира, ама си треба и социјален живот.
Да , ама само еден викенд , не повеќе Добро би ми дошол одмор од цела градска гужва , и чист воздух во некое откачено место од цивилизација , но сепак , не можам да живеам така повеќе од еден викенд
Мислам дека и за живеење во урбана средина, The Shining ќе им е во глава на луѓето, од сега. Мене веќе ми е.
Работа од дома - со интернет можеш од кај сакаш да работиш Он топик: ние редовно одиме на планина, а најдолг период што сме го поминале таму било 2 недели ми се чини (сами, без луѓе наоколу). Порано не можев да го натерам да одиме во викендичката, ама после толку многу се заљуби во местото, што почна со муабети таму да живееме Дури и ми пресмета математички како е возможно да одиме на работа секој ден, а пак да живееме на планина Мислам дека не би издржала постојано да сум таму, навикната сум на поинакво темпо на живот. Ама вака за викенди и одмори, планината ми е спас. Таман за совршен баланс и одмор од хаотичното секојдневие.
lele koga idev nakaj skopje ama preku zapadna mkd vidov edno selo, so epten malku ziteli, ama bash dream place mi bese, imeto nikako da mi tekni. Imashe mala rekicka odma do dvoro na edna kuka i onaka dzidani bea dr kuki bea poodaleceni od rekickata, epten mala bese kolku za lik
Уште одма би отишла , па таму би си нашле занимација нема да ни биде досадно. Ќе шетаме , ќе откриваме нови места , излети подалеку од живеалиштето , вечери под отворено небо... Уффффф сакаааааааам! Уште тој да ме сакаше и идеме
Не. Дизи отприлика го долови и моето мислење @Doozy ...Така да, ште помоља, за да нема свињокол да, ама само на викенд
Хаха јас па и да избегам ќе се најдат будали да ме вознемират. Иначе би живеела на некој остров и двапати месечно би си наминувала низ цивилизацијата. И секако одморот и шетањето не го изоставам.
На неколку недели би отишла, но никогаш не би живеела во таква средина, без разлика дали е со партнер или насамо.
Со нашава инфраструктура тешко изводливо. На такви места обично ни телефонски повик не можеш да воспоставиш, а камо ли интернет конекција, до толку се отсечени, поголемиот дел. Исто е и со канализационен систем. Немаш друг избор освен да си клечеш на две камчиња над некоа јамичка у двор, заградена одоколу со штици. Епа такво место кое не задоволува ни минимум хигиенски услови фала ама не. Има мм од баба му едно куќиче, во едно село на Кожуф, буквално отсечено од секаква цивилизација, 2ца овчари живеат само и тоа не постојано,се мењаат со други 2ца на извесен период. Колата треба да ја оставиш во едно село и уште 40-50 мин да испешачиш до тоа село. Е не дај боже дожд да фати па барај начин после како по тој пат ке си стигнеш до колата. Едино теренско возило иде до таму. Има доста плацеви, слободни. Има и куќички ама од 1-2дена никој не седи повеке. Струја има ама вода и канализација нема. Една селска чешмичка само.
Па не баш надвор од цивилизација како во пустина, џунгла или планина, туку некое мирно место надвор од градот, некое мирно селце каде ќе има вода, струја , канализација и пат, но не и бучава, чад и метеж.. И не мора баш стриктно со партнерот, коже со било кој од смејството...И би сакал да имам и комшии, да си муабетиме... И по можност, ваква колибка, скромно де...