Мојава викендичка не е до толку отсечена, 3G интернет - фаќа Вода секако дека немало, сред планина е, ама моите сами го направиле тоа уште на времето. Наш водовод си имаме спроведено од еден планински извор. Е сега, сето тоа чини многу пари, ама има начин ако веќе се решиш да живееш на такво место Патот реално е за со магаре, ама теренско возило врши работа, или барем кола што нема да ја жалиш На крајот на краиштата - тоа значи надвор од цивилизација. Не очекувам асфалт со две ленти.
Типот од Скопје што се реши да замини во планина, информатичар дипломиран, читавме пред година или две, после смртта на девојката што се одлучил на ова...што е со него сега, знае некој? Уште си е таму, направил некој интервју во скоро време?
Претпоставувам дека дел од девојките што се сложија со наведово ДА или имаат тазе врска или пак непреболен симпатија, да, љубовта е прекрасна а поготово кога човек е на сам почеток. Си велиш, да отидеме некаде на ден два па и години само ние и никој друг околу нас, оти нели, на раат во врска не можеш да извидеш саглам а душата ти бара а поготово кога е на екот на самиот почеток . Ќе живееш месец, два и сигурно ќе ставиш кочница. Обавезно. Едно е да се мечтае за бајки и секојдневно водење љубов а сосема друга е реалноста. Воедно, сите ние реално мечтаеме за некое катче, си велиш, да го имам ден два да ме снема од секојдневниот универзум ќе се препородам. И да, се сложувам со фактот човек да има викендичка, мала, онака скоцкана како на филмовите, па да отиде една недела абер да му се невиди од се.. Но што потоа?! Ок да се вратиме на реалноста. Ќе ни се здосади првин од самите себе си па и од партнерот, неке да живееме како во камено доба, неке да ловиме храна и да се задоволиме со само тоа, луѓе сме си имаме сите потреби и обврски, пред се живот исполнет со турбуленции. А најискрено сите сакаме да сме продуктивни и да работиме на себе си, фамилија, блиски и подалечни, прошетки, дружби и пред се работа и работење на себе си ни треба за да опстанеме како човек во ова општество. Мојот одговор е НЕ, не можам да живеам изолирано од се и сите, ни на крај памет. А најверојатно би посакала некоја мала вила или куќарка некаде далеку за одмор и релаксирање, убаво е тоа.. Но еден, два дена и тоа пак исполнети со дружби ете, со смеа, шала и игра што би се рекло, потоа се враќам на се она што ме исполнува. Шумата не ме исполнува и тоа е фактот. Сама со себе час, два.. доволно е. Ма ден два да е со љубениот, фино е, утрето станувам се пакувам и назад бре.
Без размислување. Да ми дадат таква куќа еве се паковам и летам. Што има поубаво од утрински чај заедно со љубовта, покриени со кебенце, надвор ладничко типично како за утро, мирис на природа, звуци на животинчиња... Потоа прошетки низ планина, скарче во дворче, читање книга на тераса со поглед на дрвја, со чувство на мир и спокој
А каде е делот со молзење на кравата дур тој ја чисти кочината? Па петлето кукурику,па ква ква,па метење крошници? И после бањање само со вода,па прекраснара реа наоколу па и врз нас. Оти нели вон цивилизација а нешто мора да се јаде.
Со маж ми сме заедно долго време веќе и со него можам да живеам било каде, никогаш нема да ми се здосади. Некое вакво место на пример: Home is where your heart is!
^^ Па и за дечиња уште, прав рај! Би можела, зависно колку е далеку од првото населено место. Да и двајцата партнери имаат кола, да има поголем град за снабдување намирници на некои десетина км одалеченост, би можела. И би уживала. Барем имаш мир. Ако посакаш да си меѓу народ палиш кола и одиш и потоа пак се враќаш во мир. Па замислете какви забави тука би можело да има. Посакаш народ, организираш забава, дружење, скара, маси надвор, викаш пријатели, деца, за сите убаво, они се одморат во зеленило, ти се наполниш со енергијата. За типот како мене би можело да функционира. Ама приходите за живот да имаш од друго место, не од земјоделие сигурно. За тоа не сум способна ниту имам желба.
гледајќи го општеството,опкружувањето и ситуацијата тековна,јас имам чуство дека веќе живеам со целото надвор од цивилизација(сите се водени од инстинкти и делуваат без размислување).
Ne e bitno kade si, bitno so kogo si. Ja bi segde so mojot. Ako ima dobri uslovi ko na slikive so gi postirate zs da ne, ama ako e kako so opisa @galapce vala ne. ( smajli so si go zatnuva nosot ) Ama da se razbereme. Ne mislev za vecno tamu da ostaneme. Nekoe vreme samo Ne mi se sedi so shube dan ne apnit nekoja mecka
Не. Не би можела да живеам така. На одмор или лето ајде. Ама постојано да живеам не можам, барем не сега. Уште ми врие крвта ми се шета ми се журка ми се лудува ми се дружи! Покасно во живот можеби!
Еве планинско место, неколку мали колиби, нема продавница никаква, разбирливо оти нема ни постојани жители. Би живееле ли?
Не. Без оглед на тоа колку и да е загадено и бучно по градовите, јас не се пронаоѓам во таквиот начин на живот на место отфрлено од „цивилизација.“ Сакам бука, сакам гужви, едноставно - сакам да бидам меѓу народ, колку и да ми се напорни луѓето понекогаш. „Надвор од цивилизација“ ми е секој викенд, ама баш во вистинска смисла. И во градот можеш да бидеш надвор од цивилизација, ако сакаш. Не ми треба планина или напуштено село за да си го најдам внатрешниот мир со саканиот, убаво ми е и во бетонската кутијка од 5-60 квадрати.