Ова се гледа од викендичката на фамилијата на мм , во лето е преубаво овде , особено бидејќи е доста посвежо за разлика од градската средина . Оддалечено е на 20 минути со кола од градот . Би живеела цело лето овде , ама во зима не би . До викендичката поминува шумски пат , по кој во зима слегуваат и мечки и волци и влегуваат и во дворот на викендичката
Би заминал но само на еден викенд... Премногу сум зависен од технологија што мислам дека не би издржал повеќе од тоа.
Никако. Секогаш кога ќе отидам на планина, после два дена ме фаќа некој саклет и сфаќам колку си го сакам животот во метрополава.
Надвор од цивилизација цел живот? Не Ми треба супер брз интернет, мора да заработам за леб.. или дрва и земја ќе јадеме
Младиве одговараат со ДА зошто се заљубени, не живееле со партнерот и носат розеви очила. Постарите одговараат со НЕ зошто ја знаат реалноста.
Се разбира дека не. Не е потребно да бидеме сами и изолирани за да ни биде прекрасно. И двајцата обожаваме да излегуваме по ресторани, кафулиња, дискотеки. Сакаме да се дружиме со пријателите...Е во моментите кога сакаме да се оттргнеме од се, одиме на викенд во мојата викендичка. Таму е онака мирно, без луѓе, опкружено со прекрасна природа. Ама тоа само на кратко.