Би можела да ви го кажам моето име,ама премногу е спицифично и ретко па не ви го кажувам...Ако ме препознае некој, нема да биде добро
Е па, моето е Даниела. Не знам зошто избрзав кога се зачленував. Ај ум за другпат. Инаку ако имам некое специфично име не би го кажала, или град на живеење никако. Презиме не доаѓа во предвид. А за името Даниела, во Македонија има колку да сакаш така што не можат да знаат која сум
My name is Loly ) кориснично има секако, а ако требаше да се напише на форумов вистинското име ќе го пишев
АНА Спојлер не се викам имам храброст пошо моето име е пречесто застапено ама нема никаква потреба некој да го знае , ако со некој станам блиска и ако има потреба ќе го дознае моето име за останатите не е важно
Се, се, само името не. Имам специфично и уникатно име кое е многу ретко и дали десетина го носат во Македонија. Нема да го кажам бидејки можеби и сте приметиле од каде сум, па некој сигурно ке ме познае бидејки само јас се викам така во мојот град.
па зошто да се откриваме... хмм... мислам дека тоа не е баш океј пошо на тој начин се губи приватноста и така да нема потреба од име, а па не па презиме
цигарче мило ми е не гледам дека овде се работи за храброст,зошто би немала,да имам! и би можела одма да го пишам,но ако форумот така требаше да функционира ќе беше така уште од кога се зачленивме
Секако. Се викам... Спојлер Признајте дека го отворивте спојлеров за да видите како се викам! Е не кажвам. За инает, не ви кажвам.
имам храброст зш да не ама ова е форум анонимен и има повеке девојки со исто име ама не сакам да си го кажувам
Нема што да кријам за име, самото форумско име ме издава И што? Ако сака некој да ме пронајде (некој близок на пример), веднаш ќе ме пронајде по постовите.
Имам храброст но зошто би? Јас да сакав да ме знаат по име ќе се пријавев така а не како Emotional123