ДЕФИНИТИВНО ДА И ДА И ДА!!! Да останам вечно млада - прекрасно! Кога би имала вечен живот би имала време да ги остварам сите соништа и зацртани цели... Би имала време да работам мнооооогу професии, да завршам многу факултети, да се преселувам на различно место од светот и да живеам некое време таму... Би имала време да го разгледам буквално секој агол од планетава земја и да ги посетам сите места, држави, градови, села, планини... Би научила многу јазици, би искусила толку многу различни ситуации, би запознала толку многу луѓе низ светов, од различни места, така би можела да го следам напредокот на науката, на се што допрва следи и се измислува... ахххххх... уште премногу работи... Едноставно за СЕ би имала време!!! И дефинитивно би уживала, ЦЕЛОСНО!!! Можеби и би побарала ,,втора,, вечност хахахахах
Вака може да си збориме со саати-да или не,ама ако реално постое таа можност за вечен живот не знам баш дали сите така сигурно и уверено би зборувале.. не постои таа можност затоа не ми се мисли на тоа да ви кажам право. Шо сакам да постигнам-да гледам да го постигнам во овој НЕвечен живот. Е така
Би одбрала под услов сите да живеат вечно. Ама па, не знам ни дали вечниот живот за сите би бил добар. Каков хаос тогаш би настанал.. :/ Ај сепак, ќе речам не.
Ако сите што ги сакам бидат со мене во тој вечен живот да,без размислување би одбрала да живеам вечно,но ако сум сама без никој,тогаш зошто ми е тој вечен живот,кога ќе ми биде пекол во него гледајќи како сите мои блиски заминуваат,а јас останувам сама.Тоа би било полошо од смртта за мене.
ДА! Колку убаво звучи :вечен живот:,цел живот да сум млада и убава ,но тоа не е возможно.И сакам вечен живот,ама не само јас да сум вечно млада и вечно да живеам,туку и моите родители,роднини,пријатели,бидејки несакам да сум сама и осамена.А и верувам дека нема човек што сака да е сам и осамен.
И претходно имам коментирано на оваа тема, но од неодамна си го сменив мислењето. Би ја платила секоја можна цена за да се здобијам со вечен живот. Тоа што најблиските би старееле и евентуално починале или фактот дека времињата ќе се менуваат е само ситница во споредба со ова. Сакам да знам се што има да се знае, да го зборувам секој јазик што постои, да го свирам секој инструмент, да ја прочитам секоја книга... Чувствувам дека овој краток живот нуди многу малку време и мораме да се откажеме од некои наши цели поради тоа.
Не. Која е поентата? Ќе изживеам се, ќе видам се. Каде ќе ми биде вољата? Што има да се брзам, имам цела вечност пред мене. Не, не и не. Тоа е меч со две острици, не ми треба такво нешто. Се знае, животот циркулира. Се што постои ќе му дојде крај. Секој период носи свои предности и сакам тоа да го изживеам за некој ден мирно да умрам. Така било, така е и така треба да биде.
Во мојов осумнасесет годишен живот сум се борела со ова прашање неколку пати. Тој фамозен еликсир на младоста ми изгледаше доста привлечно, зарем не би било убаво да живеам засекогаш? Така размислував.. Ех, колку сум била глупава. Две книги кои ми го сменија мислењето се „Алхемичарот“ и „Сликата на Дорија Греј“. Или можеби само пораснав. Како и да е, не - не сакам вечен живот. Тој вечен живот значи доживување не само на работи кои би не усреќиле, туку и повторни страданија и мачења.. Ако сме си се спознале себе си и создале како личност, ( јас не сум - се уште ) тогаш еден живот ни е сосема доволен.
Мене ова ми е голема дилема. Ако бирам овој живот што сега си го имам би било се во ред, но нема да го решам прашањето кое ми е поставено и за кое имам некоја теорија. А, ако одберам вечен живот, сигурно ќе добијам одговор, но сепак ќе морам да ги гледам како заминуваат од овој свет сите мои најблиски. Па, помеѓу прашањето и блиските, би дбрала да се насладувам на овој живот што го имам, па ќе решам друго прашање, кога ќе заминам дали постои живот после смртта! Па, нема да добијам одговор на едно прашање, но кога ќе заминам ќе добијам на друго!
Да, да, да, да, да, да! Мислам дека ќе мавам со шамивче од последниот вагон на возот со светот кој се движи со се поголема и поголема брзина кон вратата на пропаста, крајот. И ќе се смеам. Да, ќе се радувам. Бидејќи сите ќе се уништат, а јас не. Јупиииии ! Мора да е забавно да гледаш како сите секојдневно се трудат да најдат лекови кои нема да направат ништо друго освен што ќе поттикнат нови, покомплексни болести. Изуми кои наместо да ни го олеснат животот ќе ни ја огриначат и оваа мала доза на слободна волја која мислиме дека ја поседуваме.. А, јас? Е, јас се уште ќе бидам жива и здрава, against all odds.
Не! Бидејки вака знам дека еден ден ке умрам и ако сакам да сум задоволна ке ги направам некои работи што ме исполнуваат, што ги сакам! Еднаш се живее нели?- и ке го направиш она што е забрането.. А вака би чекала цела вечност (пошто по природа сум мрзелива) за да направам нешто што би ме задоволило, со реченицата -Имам време! Го имам целото време на светот! А што е со најблиските? Ако ти имаш време.. тие немаат.
Не! Животот ќе ми биде без смисла, ќе ми се здосади можеби се, зашто ми е вечен живот кога тие што ги сакам нема да бидат покрај мене?!?