Прашањето ме потсети на дискусијата која ја водевме во прва година средно, при обработка на епот Гилгамеш. Тогаш мислењето ми беше неодредено, но со овие скромни +2 години зрелост, мислам дека конечно го дознав вистинскиот одговор, а тој е дека не би сакала вечен живот. Животот не би ја имал истата вредност, ако е бесконечен. Секојдневно се натпреваруваме со времето, сакајќи да извршиме се' повеќе работи, но и да оставиме некој белег кој подоцна ќе сведочи за нашето постоење. А, кога би знаеле дека животот е вечен, бесконечен, дека нема никогаш да заминиме од овој свет, се' би било подруго. Луѓето не би се труделе до толку колку што се трудиме денес... Ете, ова е моето мислење.
Booпшто не би сакала вечен живот.Па што ќе правиш толку време на светов...ќе остариш,сите драги луѓе ќе си отидат,а и пари нема да имаш доволно за да си живееш нормално,па така кај психички ќе бидеш растроен така и материјално.Колку и да е болна смртта тоа е природно нешто и сите ќе доживееме некој да загубиме и некој нас ќе не загуби.Но што е тука е ..сепак мислам дека идејата за вечен живот баш и не е прифатлива за мене :/
Едно време сакав, сега сфаќам дека не би го ценеле животот вистински доколку никогаш не завршува. Едноставно би бил безвреден, ќе го нема оној круг на семејство, на обврски и задоволства, на секоја поединечна работа што различното доба и возраст ја носи...Има поинакви начини да се живее вечно Како што би рекол Фреди But touch my tears with your lips Touch my world with your fingertips And we can have forever And we can love forever Forever is our today
Вечен живот сум мислила дека сакам, ама во последно време се што сакам е колку години ми се бројани, ваква како што сум да се замрзне времето, да не остареам ама да си ги изживеам. Баш вака, на овие години најубави, сеуште млада и убава, со овој мозок и памет, ок, со тук там некое сиво дебело влакно ама за тоа има чаре. Ич не ми е страв ако маж ми старее покрај мене, бар ќе има убава млада жена Шала настрана, страв од старост оваа година ми се има набиено длабоко во коски. Не ми е страв од смрт. Сите не чека, и кога ми е време ќе си одам и јас, ама ми е страв дека еден ден како староста налега ќе почнам да си го губам паметот, и ќе си ги изгубам спомените, ќе ги заборавам луѓето околу мене кои се. Да не сум свесна дека треба да отидам до веце, и да ми текне дека треба а не можам сама да отидам, некој друг да ме бања и брише и храни додека јас ги вреѓам или тепам оти со тој памет така знам достоинството барем малку да си го одбранам. Да зјапам со саати како теле во шарена врата без да имам осет за време. Да изгубам цели денови, месеци и години без да знам дека поминале. Да сум жива а да не живеам, додека еден ден и телото не зариба.
Можеби би одбрал само поради 1 причина ,тоа што не сакам неправда а со вечен живот би се имало прилика да се исправи .Или пак неизлечлива болест,несреќа и изгубен живот залудно .(се тоа ме плаши да не ме снајде еден ден ).Но во суштина задоволен сум од себеси и текот на работите како се одвиваат во мојот живот, сега за сега немам потреба од драстични промени па не би го прифатил вечниот живот.Премногу лакомо ке ми делува да уживам само ЈАС ,но и не би било тоа баш уживање да бидеш вечен кога своите блиски знаеш дека ке ги снема еден ден. (како што сватив во еднина се зборува тука )
Во прва средно водевме разговор за ова.И тогаш и сега,со 1 година + зрелост би го кажала истото. Дека не би одбрала вечен живот.Ако постои вечен живот тогаш нема да е има истата вредност животот.Сакам да живеам како што ми е судено и колку што ми е судено.Дали би умрела денес,или би умрела по 50 години,јас животот сум благодарна на животот,затоа тој е најголемиот подарок од Бог.И го користам максимално,едноставно уживам во него. И онака никогаш незнаеме што носи утрешниот ден. Така да едно огромно НЕ,за вечниот живот!
Вечниот живот за мене е најголема казна што некој може да ми ја додели, а јас казна сигурно не би избрала. Зарем да ги погребам сите што ги сакам и јас да останам последна, сама, вечно да се мачам со таа помисла и таа празнина што никој не може да ја надополни? Како да живеам без луѓето што ги сакам, што ќе ми е таков живот? Живееме заради луѓето што ги сакаме со нив животот ни е исполент и убав, без нив животот е полош и од смртта
Би одбрала долг живот,но вечен живот,не.Како ќе биде да гледам како сите мои роднини,пријатели ќе умрат,а јас да живеам сама?Животот ќе ја изгуби смислата,нема да сакам веќе да живеам.Доволни се сите задоволства и несреќи што ни ги нуди овој живот.