Да и не.Од една страна би сакала вечен живот затоа што засекогаш би останала млада и би имала време за се.Но од друга страна не би сакала да ги видам луѓето што ги сакам да изумрат и да останам сама.
колку господ ке сака толку а инаЧе да сум кажала јас ке живееам веЧно хахахахаха онака,не би било интересно да сме веЧни така си мислам јас
ДА - пошто се осеќам како еден живот да не е доволен за се што сакам да направам. НЕ - Пошто, доколку го прифатам тоа, нема шанси сама да одам.. треба еден тон луѓе со мене да земам.. почнувајќи од фамилија (со баби и дедовци, со братучеди..) до пријатели.. до дечко.. Инаку шо ќе ми е животот да искусам се сама, без никој.
Би го одбрала животот што ми е даден и ќе го живеам најдобро што можам. А да имав вечен живот..па моѓете ли да си замислите која досада би било тоа?!Се ќе направам и веќе нема да имам ништо за правење..
Да! Бидејки знам да правам многу грешки во животот а некои така лесно не се исправаат, а бидејки тие грешки ги правам околу 10 пати ДА би одбрала вечен живот. Едноставно сакам да го откриам секое парче на светот, да истражувам и плус многу ме интересира каква би била иднината. Сега како што направија гугл гласес сакам да видам понатаму што ќе измислат... И баш би сакала да дочекам да најдат лек за ракот.
Дали би одбрале вечен живот?-Пу пу скраја да е... каков вечен живот сакам овој да си го изживеам убаво,смирено,скромно,да ми биде полн со љубов и да си имам убава старост....нема мене за расад да ме чуваат.
НЕ!Животот е минлив,краток и мора кога тогаш да заврши.Мораме да живееме за моментот колку и да е краток.
Не.Сметам дека со раѓањето си имам судбина која неможам да ја сменам,само можам да направам избор како ќе го проживеам животот...
Да би одбрала, ама само ако луѓето кои ги сакам исто така имаат вечен живот и бидат покрај мене. Инаку не, само јас да бидам вечно овде не сакам затоа што не би поднела да ги гледам тие што ги сакам како си заминуваат, а јас останувам сама.