нема шанси,се е минливо и менливо... Па што ќе тане ако сме сите вечни? Само ќе се размножуваме? Па ќе станеме досадни и монотони....илии вие и саканиот+ семејството во облаци итн. па ќе се појави некој вечен проблем можеби... Добро е и вака
Да но ако животот се заледи на оваа возраст и се околу мене остане бесмрно и на возраст која што е сега. Себично
Тешко прашање Еве ако сите што ги сакам исто така имат вечен живот и ако останам вечно млада и здрава тогаш да. А ако сите што ги сакам ги нема што правам сама?? И ако сум стара и болна уште пилошо. Не, не, не
Јас би одбрала вечен живот само ако останам на оваа возраст на којашто сум сега,во никој друг случај не одбирам затоа што ако земам во предвид каков ќе биде животот на луѓето во 3000 и некоја година и во 4000 и некоја година и какви ќе бидат луѓето во тие години,мене доволно би ми било колку ми било пишано затоа што во 3000 и некоја година и во 4000 и некоја година ќе биде некое друго време во коешто јас нема да можам да се вклопам и тогаш луѓето ќе личат на вонземјани поради оддалеченоста од Сонцето и музиката од 80-тите и 90-тите години ќе биде сосема архивирана,никој нема да ја слуша повеќе и ќе сеслуша само некоја ептен безмозочна електронска музика,а којзнае каков ќе виде секојдневниот живот на луѓето и дали ќе постојат филмовите и какви ќе бидат тогаш!
Не сакам вечен живот-тогаш животот ќе го изгуби своето значење. Доволно и премногу ми е еден живот, несакам да биде вечен.
Не сакам. Мислам дека во природата се си е направено со мерка,па така и должината на животот. Животот трае колку што трае,и наша задача е да си ги исполниме своите желби и цели за тоа дадено време. Ако имаш вечен живот,ќе имаш време да се потрудиш за се,но нема да го имаш истиот адреналин и возбуда како во ограничениот,бидејќи знаеш дека ништо лошо нема да ти се случи. Така да,не би одбрала,ќе ми се здосади.
колку ми е судено толку ... не би сакала вечност...да се гледам така стара ... што ќе ми е да ги плашам внуците и тнт? ... ...бабичка
Би сакала само животниот век да се зголеми барем просечно на 100 год,а во денешно време секој втор умира на 60год или 50 ..И да се знае редот ....али тоа е што е БОГ никој НЕ Е..
Ако ја задржам убавината и ако не стареам.. зошто да не. Би одбрала. Ми се чини секоја област ке ја проучам и се ке пробам. Ке живеам див живот без воздржувања и нема да морам да мислам на последици.. на некој начин над сите си, шо би рекол еден мој другар: к*ро ми го можат после.
Тие што живеат до 50-60 години сами си се убивале со нездрава храна, алкохоли и пушење на цигари. Мојот прадедо живееше 90 и нешто години и ете си изживеа и сега се одмара од толку искуства. А, што е до мене, доволно ми е да живеам 90 години и толку. Ако сум постара, само се измачувам и е потешко за мене.
Не би сакала вечен живот. Да морам јас да гледам како сите блиски ми умираат, не, вака колку ми е судено- толку!
Извини ама без врска ти е првата реченица. Знам луѓе што живееле над 90 години, а не се хранеле здраво, пушеле и пиеле, а од друга страна знам луѓе што живееле 40/50/60 години, а цел живот се хранеле здраво и ни пиеле ни пушеле. Секој организам е различен, и секој различно ги поднесува годините, болестите и сите тие работи и иако се согласувам дека овие работи што ги кажа можат да бидат штетни, кај некои луѓе немаат никаков лош ефект и живеат долг живот. Инаку да, би одбрала вечен живот бидејќи ме интересира што ќе се случува во иднина
Би одбрала,ама да можеше да останам млада и убава и јас и сите околу мене не да останеме пример на 50 туку на 20 год,ама па и тогаш нема да е интересно,вака едни доаѓаме други си одиме,животот е како едно филмско платно,ќе ти ја пуштат животната приказна на него,ќе ја видат сите и ке си заминеш во заборавот....