Не. Едноставно не би можела да гледам како луѓето што ги сакам околу мене умираат, а јас морам да продолжам.
Задоволна сум и на овој, само не ми е јасно како од толкуууу држави сум се родила баш во оваа, Македонијава
Не знам, веројатно не. Веројатно ќе ми биде доволно кога ќе почувствувам дека јас мојата работа на овој свет сум си ја завршила.
Од секогаш сум се прашувала како ќе умрам ? Ако имам вечен живот што ќе се прашувам? Вечен живот, звучи примамливо на пример ќе видиш за 1000000 години какви ќе бидат луѓето, до каде ќе оди човековиот ум, можеби и ќе стапнеш надвор од планетава, ќе знаеш за сигурно има ли вонземјани, технологијата напредна ќе ја искористеш... Ама кон што ќе се стремеш ?
Не сакам да живеам вечно,можеби ќе видам многу нови нешта,но стравот дека животот во секоја секунда може да донесе нов проблем ќе биде секогаш тука...Доволен е и животот на нормалните луѓе,дури и премногу...
Неписмените и простите луѓе одбираат вечен живот. Јас едвај чекам да ми помине векот, овие ќе се мачат на земјава со бесмртност. Кај знаат што ги чека понатаму. Не сте авантуристи некакви за да гледате понатаму што има. И кога би имале вечен живот, саканите ви умираат, а вие единствени сте на планетава.
Ние по природа сме вечни битија, но не и како луѓе на земјата. Материјата а со тоа и телото се минливи, вечноста е во духовниот свет. Ние сме само гости на планетава кјоа е важна но само привремена животна школа, еден вид попатна станица. Нашето вистинско дома е во духовниот космос, Апсолутноста. Според тоа, зошто да одберам да останам вечно гостин?
Мислам дека ќе ми биде досадно ако живеам вечно А и ако живееме вечно нема да ја сфаќаме вредноста на нештата кои навистина треба да бидат ценети
Би одбрала, ама да не останам сама. И моите најблиски да имаат вечен живот! А многу ми е тешко кога губам личности кои ми значат, и не можам да си го замислам животот без сите тие личности. Така да, јас не би избрала.