Никако,сакам да бидам како сите.Да ги поминам сите фази во животот да уживам во него и да се борам за подобро утре.Оние што сакаат вечен живот ми е мн вампирски муабет некако
кога веќе праша: да, И убава и згодна и паметна и добра а додека сме на местово, може и некоја супер моќ да имам
Не бре, сакам колку/толку нормална да си бидам. Јас како што плачам на некое филмче што е комедија... а камо ли да дочекам сите што ги сакам, да си отидат. Не, не. Фала. Нека плачат они по мене. Се зезам. Шта буде, буде. Не може тоа да се планира. Може за пет минути, ќе одам до продавница, ќе ме шибне кола и ќе ми ибе векот. Елено, спастри си го речников.
^^ Баш како што кажа Витомир. Јас едвај овој живот го туркам некако, не па ова бесконечно да ми се дешава. Порано без размислување би одговорила да(можно е и да имам пишано на оваа тема веќе), а сега нема шанси..
Зошто да одберам кога и така оние кои што ги сакав заминаа прерано? Понекогаш животот е многу суров...
Не, тогаш која би ми била целта? Ние сме така програмирани, но да не ме разберете погрешно, природата така налага- се раѓаме, живееме одреден период и потоа настапува смрт. Кога би живееле вечно, во кој момент би престанал нашиот развој, бидејќи кога би живееле вечно, апсурдно е да велиме дека ќе имаме бесконечно многу години. А во тој случај, како би изгледале? Како средновечни луѓе или стари лица? Кога ќе почнеме да се пронаоѓаме себе си, во тој некој животен пат, и кога си поставуваме цел во животот, на некој начин имаме краен рок да го оствариме тоа, во спротивно како би стремеле да направиме нешто, кога би знаеле дека имаме време на претек?
Би било интересно(секако ако и саканите мои имаат таков избор) за да видам за 100, 500 и 1000 год. што ќе се случи со нас луѓето.