1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би одбрале вечен живот?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 16 јуни 2010.

  1. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Не. Зошто да живеам до брскрајноста без цели во животот? :?:
     
  2. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Машки
    Ако и тие околу мене би можеле тогаш зошто да не...сакам да видам што ни носи иднината :)
    И под услов да сум на овие години +/- 1, 2
     
    На JustFun му/ѝ се допаѓа ова.
  3. angiee909

    angiee909 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    можеби , пола пола сум . Од една страна сакам да видам како ќе биде понатаму за 2000 години се што ќе се измисли , а па од друга ме интересира и како се умира и што правиме после смртта.Она кога ќе кажеш вечно , баш се мисли на вечно ако не се самоубиеш во некој случај. Што знам , можда е боље да се умре .. :?:
     
  4. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Би одбрала ама да бидам човек.Онака не. :)
     
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.208
    Допаѓања:
    13.034
    Пол:
    Женски
    Не. Не ми е потребен долг живот без луѓето со кои би сакала да живеам. Ако веќе и тие се бесмртни, и јас би. Ако не, не сакам сама да живеам без саканите.
     
  6. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Не ми треба вечност. Сакам да сум смртник, кога ќе дојде време, нека биде - што биде.

    Важно ми е сега додека сум тука, да се изнаживеам, да си го остварам сонот, целите во животот, да ги поминам миговите со моите најмили и да им помагам на нив. Џабе ми е вечност. Ако ја имам неа, тогаш немам цели, очекувања, желби, знам дека ако живеам вечно, кога-тогаш, се ќе дојде. Таквиот живот е досаден...

    Поготово кога сите блиски ќе умрат. Ќе треба да продолжам сама во потполно други околности. Постојано ќе се сеќавам на минатото и на оние кои ми биле се', а веќе станале траги кои полека избледуваат.
    Тоа е крајно себично и не-фер.

    Можрби вечноста има и добри карактеристики, ама кога ќе се сетам на ова, доволно ми е! Не сакам!
     
    На purple..m му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    383
    Не саκам вечен живот :|
     
  8. janovska1

    janovska1 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    18
    Хаххаха на моменти сакам да сум вечна, али по некогаш коа ќе размислам шо би правела ако сум вечна? :roll: Се ќе пробам, ќе видам, ќе научам и тн и тн и после шо ? Нај нормално од се ќе ми биде преку глава. :lol:
    Затоа јас мисам дека е поубаво шо сме смртници. :D
     
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
  10. Natee2

    Natee2 Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2015
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
  11. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    85
    Тој што не верува во Исус Христос уште сега е мртов, а тој што верува вечно ке живее.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Не.
    Не знам зошто некој би сакал.
    Според мене би било вистинско измачување....
     
  13. Arabella

    Arabella Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    79
    Пол:
    Женски
    Не. Колку и да изгледа интересно од некој агол, сепак не.
     
  14. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Да, би одбрала вечен живот бидејќи според мене бесцелно е да трчаш, ствараш капитал ако немаш време да уживаш во сето тоа. Иако е малку тешка одлуката ако мораш да одбереш вечен живот само за севе но не и за твоите најмили, тешко е да гледаш како еден по еден заминуваат од овој свет а ти остануваш. Колку и да изгледа ова бизарно секој човек пред се си се сака себеси и сопствениот живот па тек потоа животот на своите најмили, иако во реалноста често знаеме да глумиме дека нечии живот ни е понил од сопствениот што не е точно. Јас би сакала да се направи едно полигравско испитување на 1000 испитаници со само едно единст ено прашање, кога би можел да бираш чии живот би го сочувал сопствениот или животот на некој од најмилите, верувам дека 90% ќе паднат на тој тест бидејќи можеби умот ни вели најблиските но длабоко во себе потсвеста ни вели нешто друго.
    На крајот на краиштата човечкиот инстинкт за преживување е најсилен нели?
     
  15. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Чудни сте ми вие кои бирате вечен живот. :?: :^)

    Зарем не ве загрижува иднината, во која е можно да немате основни услови за егзистенција? Што кога ќе пресушат водните енергенси?
    Би дехидрирале и гладувале на ова круто парче земја до смрт, која никогаш нема да дојде. Буквално би се давеле во вечна агонија, и би си` створиле сопствен пекол. Освен ако не еволуирате со тек на време, јас стварно не гледам друго решение.

    Најлошо од се` е што пред да стасате до оваа фаза, ќе гледате како умираат вашите родители, пријатели, деца. Понатаму, веројатно ќе стекнете нови, знаејќи дека и нив ги чека истата судбина. Ќе станете безчувствителни снобови, можеби и убијци, којзнае. Значи страшно бизарен е фактот што воопшто не размислувате за импликациите..

    Имено, до некаде почитувам независност, но ова веќе го минува тој праг, и прејдува во егоцентричност.
     
    Последна измена: 5 август 2015
    На angela19 и Lella им се допаѓа ова.
  16. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Не,дефинитивно.Времето се менува,природата се менува,луѓето еволуираат.Најверојатно човекот ќе биде многу попаметен од сега,сето ќе биде роботизирано.Самата слика на сиви метални куќи,град без паркови,луќе во чудни костими,улици без деца,недостаток на вода,гмо храна,радиоактивно зрачење од атомските централи,штетноста од тогашната нано технологија...ужасно.Можеби 1000 години потоа живеам во вселенска станица,или на друга планета,поинкава сум од другите,ги губам оние кои ги сакам...НЕ...
     
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Никако
    Стареењето , зрелоста си има своја убавина
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Сериозно, капиталот ти е побитен од oние кои ти значат? (facepalm)
    Сфаќам да си материјалист, и сакаш да уживаш во лагодностите кои ти ги пружа животот, но ова твоево дефинитивно се изедначува со тврдокорен хедонизам, и ништо повеќе од тоа.


    Значи според тебе 90 проценти од населението се себични? :o Ау, колку апсурдна конотација.
    Првенствено, поради тоа што забораваш на мајчинскиот инстикт. Кој можеби не е онолку силен како тој за преживување, но сигурна сум дека сега да ги повикаме мајкиве од форумов, и прашаме чиј живот им е подраг, несомнено би одговориле на детето, и стварно би го мислеле тоа.

    Патем, не знам во каква средина си растена, и каков е/бил односот со твоите родители, но дека твоите изјави се фрапантни си стои. Ќе ми извиниш, ама и екстремни.
     
    Последна измена: 5 август 2015
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Не сакам вечен живот. Сакам исполнет живот онолку колку што треба да трае.
     
  20. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Незнам што си се фатил толку за мене па на секој мој пост имаш забелешки но ок ми импонира кога луѓето не се рамнодушни.
    Прво за парите. Постои ли човек на кој не му се битни вклучувајки те и тебе? Јас мислам дека не постои и тоа е во природата на човекот колку и да има да сака да има уште повеќе. Ако кажеш дека тебе не ти е битно матрејалното тогаш зошто се она што ти е повеќе од потребното за нормален живот не го дадеш на некој што нема ништо?
    Зошто сите ние се трудиме да имаме што повеќе матрејални добра ако тоа не е битно? Значи ако јас сум матрејалист тогаш и 99% од лугето се како мене. Само мал дел од луѓето се решаваат да го живеат животот опуштено шетајќи во природа и немарејќи за матрејалното, се останато е во некој грч да натрупа што е можно повеќа. Мојата забелешка беше во насока дека е апсурдно да се трудиш да стекнеш матрејални добра ако не сакаш да имаш вечан живот и да уживаш во нив.
    Што се однесува до другиот дел околу себичносра велиш да ги прашаме мајките?
    Мислам дека знаеш дека свесното и потсвесното се две различни работи, едно е она што ќе го кажеме вака кога животот не ни е во опасност а друго е кога ќе се наоѓаме во опасност и кога ќе ни проработат инстинктите за преживување.
    Вака и јас би рекла дека можам раката да ја ставам на вжештена рингла, но кога реално ќе се најдам во таква ситуација рефлексно ќе ја тргнам без оглед што умот ми вели потсвеста тоа го регисррира како опасност и мускулите рефлексно реагираат. Се надевам дека успеав да ти појаснам дека не се работи за себичност туку тоа е инстинкт за преживување кој е посилен од било која емоција.