1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би одбрале вечен живот?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 16 јуни 2010.

  1. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    @Strumka22

    Да, но ти материјалните добра ги одбра пред оние кои ти значат. Дека сме сите материјалисти е точно, но разликата е во нијансите. Некој претпочита умереност, додека друг како ти во случајов - екстремност. Зошто велам екстремност? Бидејќи си спремна на вечен живот во кој би уживала во материјалните добра, пред смртноста (која меѓудругото и не е така лоша, бидејќи те поштедува од зависност aлчност, и врзување кон овие минорни потреби). Крај краева, можеше да кажеш дека сакаш подолга младост, или живот, но не, ти одбра вечност што сакала или не, те прави крајно егоистична, бидејќи истата воедно не ја посака за твоите блиски.



    Во прашање се моторни функции, кои не кореспондираат со здраворазумските одлуки во моментот кога се губи контрола. И многу нормално е дека инстиктите за преживување ќе бидат посилини, бидејќи не можеме против природниот механизам, но тоа нема врска со темава или ''условот'' кој ти го постави.
     
    Последна измена: 5 август 2015
  2. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Сега мислам дека безобразно почнуваш да филозофираш и да ги извртуваш моите зборови.
    Дали јас реков дека е тешка одлуката ако мораш да бирташ вечен живот само за себе но не и за најблиските? Реков, така? Што значи секој од нас би сакал да одбере вечен живот за себе и за своите најблиски но тоа би било идеално и не би била тешка одлука, затоа е поставена така темата.
    Да пофторам, јас реков дека е тоа многу тешка одлука да одбереш вечен живот само за себе гледајки како најмилите ти заминуваат од овој свет, но исто така колку и да ти е жал многу мал број луге се одлучуваат да си заминат од овој свет одземајки си го сопствениот живот затоа што починал некој што најмногу го сакал.
    Не би сакала да бидам толку сурова и да ти поставам ептен сурово прашање на кое ако искрено одговоришѓ ќе сфатиш дека и ти си егоист.
    Еве ќе го поставам вака прашањето. Секој од нас или поголем дел од нас изгубиле некој многу близок можеби некој што најмногу го сакале. Дали се егоисти сите оние кои изгубиле деца, родители... а они останале да живеат?
    Што се однесува до матрејалното дегутантно е да зборуваме дека некој е екстремно а некој умерено алчен. Прво релативно е што е за некого многу а што малку. На пример милион долари за мене се огромни пари а за Марк Зукемберг или Бил Геиц се ситница, така да умерено алчни се само оние кои неможат да постигнат повеке. Дали ти доколку имаш компанија постигнеш одредено ниво ќе престанеш да ја развиваш? Секако дека нема бидејќи ќе те прегази конкуренцијата и ќе банкротираш. Е, исто е и во животот, секој човек се труди да зграби што повеќе затоа што не знае утре дали и колку ќе може да заработи.
    Што се однесува до последното немам што да додадам и сам си одговори дека се во прашање моторички функци кои немаат врска со здравиот разум бидејки здравиот разум не функционира кога ќе се најдеш во реално опасна ситуација, во такви ситуации инстинктите се поизразени кои ги мобилизираат мускулите и се трудат телото да го извадат од животнозагрозувачка ситуација. Зошто кога возиш и гледаш дека ќе удриш во нешто во 90% случаеви гледаш да ја избегнеш сопствената страна да не удри во предметот пред тебе?
    Да пофторам, едно е здрав разум вака кога разговараме без да сме во таква животно загрозувачка ситуација а друго е кога реално ќе се најдеме во таква ситуација.
     
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    @Strumka22


    Оваа дискусија ниту одблизу не може да се спореди со било каква филозофско полемизирање, првенствено поради содржината, а потоа и начинот на водење. Сериозно, информирај се малку повеќе, не употребувај го зборот онаму каде не му е место ниту фигуративно. За твое добро, no hard feelings. :)

    Рече да, но сепак одбра во моментот кога себе си` се стави во предност.

    Муабетов ме потсетува на она Хамлетовото ,,да се биде или не''. :) Прво се мислиш, негираш па прашуваш, што воедно мошне зборува и за твојот карактер како личност. Иако, со прашањево отвараш простор за една бесмислена дилема, која не е во релација со темата, и твојот претходно направен избор.

    Но, небитно, сепак ќе ти одговорам.
    Не, воопшто родителите кои избрале да живеат понатаму не се себични, бидејќи сфатиле дека животот се движи по еден интеркуларен тек, во кој е можно да дојде до природен прекин. Волја на природата, судбоносна игра, детерминизам, како сакаш наречи, сеедно. Но, разликата е во тоа што тие и покрај изборот не одлучиле да бидат двојно себични со тоа што си посакале вечен живот, за и другите околу себе да ги гледаат како умираат, а притоа да се сосем на чисто со свесно донесената одлука дека тоа мора да биде така како ти во случајот.

    Милион долари за секому се екстремност, дали за тебе или Марк Зукенберг, сеедно. Прашањето е кому му е поголемо егото, и кој колку успеал да се издигне над материјалните вредности, страсти, побуди и успеал да се насочи кон внатрешните квалитет. Значи пази, никако не велам дека амбициозноста и стремежот се негативни аспирации, само велам дека врз се` мора да се воспостави контрола.

    Околу вториот дел, со 'зграбувањето' и 'конкуренкцијата' сеуште се чудам и овие каква врска имаат со темата, али океј.
    Еве ти пример, и Грујо зграби, па нас не остави со лажица во уста. Кажи ми, за што станува збор овде.. За нехуманост, алчност, себичност или нагон за преживување?
    Дури еве, и да станува збор за некаков вид конкуренкција, апсолутно не значи дека треба да ги искористиш сите можни расположливи алатки, под кои се подразбираат и оние нечесните.

    Уствари, поентата ми е дека мешаш вредности. Доведуваш во прашање принципи кои не можат да се подведат еден со друг. Но, она што ми е мене најмногу жал, е што добар дел од твоите реплики овде го покажаа твоето вистинско лице, кое верувај е и те како олицетворение на злото. Но, тоа отвара една друга тема, немам намера, а ниту пак интерес да те навредувам или анализирам.

    Сметам дека овде немаше простор за т.н. 'животно загрозувачка ситуација'. Туку ти во темава ја вметна, (веројатно поради дефицит на валидни аргументи). А јас само иронично потврдив, притоа неслучајно правејќи ја паралелата помеѓу инстиктите и здраво разумските одлуки кои во случајов не се во меѓусебна согласност.

    И еве, ќе ти поедноставам. :)
    Пример, мајка и дете се наоѓаат во контрационен логор, и сега мајката има можност да спаси само еден живот. Својот или на детето. Што мислиш, чиј би спасила?
    Кога ќе го дадеш одговорот на ова прашање, веројатно ќе сфатиш дека твојот пример е излишен.
     
    Последна измена: 5 август 2015
  4. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Овде како да се водат жестоки дискусии, а?

    Како и да е, да си одговорам на прашањето. Не, не сакам вечен живот (прво затоа што, претпоставувам, услов е моите блиски да не се бесмртни). Порадо би си останала смртник, затоа што не сакам да знам како би ме изненадила иднината, со оглед на тоа што човештвово е многу деструктивно настроено. Но, затоа, кога веќе одбрав смртност, би сакала да изберам како да умрам на крај. Не би сакала во ниеден случај да умрам по долго и мачно боледување, затоа што не сакам ниту да се малтретираат тие околу мене, а ниту јас.

    Тоа е на кратко од моја страна.
     
    На sugarlips, tessie, angela19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Немам намера повеќе да ти реплицирам и давам простор преку мене да филозофирш. Употребата на зборови со кој ќе ги збуниш обичните читатетли не те прави паметен и не значи дека си кажал нешто битно.
    Јас преку моите пластични примери од реалниот живот се обидов на наједноставен начин и со употреба на наједноставни зборови да ги искажам моето мислење а кој сака да сфати ќе свати.
    Ти благодарам на значењето што ми го даваш со тоа што велиш дека со ова мислење сум го открила моето право лице, како да тоа некому му е битно или пак јас сум некоја битна особа за да некому му е битно моето право лице.
    За разлика од многу луге јас овде не сум за да градам лажна слика за мене, туку овде сум за да си го кажам сопственото мислење. Воопшто не ме тангира нишие мислење за мене бидејки овде не сум за да стекнувам виртуелни пријатели затоа што имам доволно реални, ниту да барам дечко недај боже.
    Се согласувам дека може да не ти се допадне моето мислење, но исто така имај на ум дека сите сме различни и имаме различни приоритети и перцепција за работите околу нас.
    Што се однесува до Грујо, нема да те удостојам со одговор иако и за тоа имам и те како мислење, но мешањето на плитика посекоја цена зборува за твоите фрустрации а не за моите и зборува за тоа колку си ти опседнат со него. Опседнатоста со одредена личност не секогаш значи дека таа особа не ти се допага, туку честопати значи дек си фрустриран што не си ти на нејзино место.
    Еве хипотетички ти да си на негово место што би направил? Би земал само 10 000денари и другите би ги поделил на сиромашните? Не би купил мерцедес? Јас мислам генерално дека не се криви политичарите туку оние кои им ја даваат таа мок на избори, што повеке луге се задоволи со трошки тоа подобро за нив.
    Дека власта ги расипуа лугето најдобар пример се опозициските општини, добија 2 општини и кого запослија таму, сиромашниот народ? Не, туку своите блиски. Почнаа веднаш со делење на бизнис на свои блиски? Зошто не ја демантираа идеата за бензиска до пазарчето Буњаковец? Сакам да кажам перцепцијата на работите е зависно од твојата позиција во општеството, ако си сиромашен мислиш дека богатите се идиоти и бесчувствителни, кога си богат мислиш дека сиромасите се мрзи кои несакаат газот да го мрднат и затоа се таму каде што се.
     
    На macedonec15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Да знаев дека смислата за хумор ти е еднакво пропорционална со писменоста немаше ниту да ти
    реплицирам. :D
     
  7. angela19

    angela19 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
  8. zokipoki.1

    zokipoki.1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Машки
    Vecen zivot vo Makedonija.... e najgolemata kazna iako znaes deka nema da umres nikogas
     
    На FallenAngell, EminemsGirl, shz и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    162
    Пол:
    Женски
    Да имам можност да би одбрала вечен живот
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    хахах во право си
     
    На zokipoki.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lavicky

    lavicky Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
  12. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
  13. P.SIloveyou

    P.SIloveyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    392
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ДА
     
  14. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.920
    Допаѓања:
    49.981
    Пол:
    Женски
    Јас не би одбрала вечен живот. Како што ништо не е вечно така и човекот треба.
     
    На zokipoki.1 и ***nekoja*** им се допаѓа ова.
  15. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    И 90% од јунаците и јунакињите пред крајот на својот живот кога ќе видат дека смртта постои.. ќе го сменат мислењето :D
     
  16. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Кoјa би билa смислaтa нa живoтoт aкo е вечен? Дaли вooпштo би гo живееле aкo дoзнaеме декa имaме бескoнечен "живoт"? Смрттa е убaвa кoлку штo е и живoтoт. Тaa гo дaвa бaлaнсoт вo oвoј свет. Без мрaк кoе би билo знaчењетo нa светлинaтa.
     
  17. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    1.587
    Пол:
    Женски
    Не.
    Сите сме родени за да умреме колку што ни е пишано толку
     
  18. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.525
    Допаѓања:
    7.420
    Пол:
    Женски
    А кој не прашува нас?
     
    На black-angel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Уф вечен живот? А што ке ми е без пари и без керками?
    Вечен живот на убаво место со добра позиција на работно место и живеалиште и керками со мене!

    Инаку нема шанси...
     
  20. FallenAngell

    FallenAngell Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    1.631
    Пол:
    Женски
    незнам за другите но јас би сакала вечен живот (fingers)
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.