Акo тoa е привилегијa зa избрaните и aкo сум дел oд тие, ќе кaжaм НЕ. Штo ќе ми е вечен живoт без oние штo ги сaкaм.
Како не, да се досадувам и да бидам без најмилите и да гледам како светот сам по себе се уништува. Но, тханк ју.
Никој не сака вечен живот, никој не сака да умрехммммммммммм..ако во рајот има вечен живот, значи дека не сакаме да одиме во рајот...ќе ни биде досадно или
Од една страна сакам да живеам вечно, бидејќи имам страв од смртта. Но кога ке подразмислам, како би живеела кога сите што ги знам и сакам околу мене ќе умрат. Тоа неможам да го поднесам.
Да ама со овие години, плус и најсаканите да живеат вечно со мене. Иначе не сакам, што ќе ми е сама без нив вечен живот.
Вечен живот во биолошко тело, никогаш нема да имаме. Законот за ентропија 'не дозволува' такво нешто.
Без моите најсакани и најблиски, ми нема смисла вечен живот. А дури и во таков случај, помислата за вечен живот ми изгледа мачно и напорно.
Одсекогаш сум фантазирала да живеам вечно, не заради себе, туку од чиста љубопитност-да имам можност да видам како ќе изгледа светот во иднината. Дури и кога размислувам некогаш за животот и смртта си викам колку е тапа умирањето, особено ако после него не продолжува свеста да постои и да има увид во настаните во светов. Ко кога си гледаш некој филм, таман си се сместил удобно, си грицкаш пуканки, се внесеш во приказната и некој наеднаш ти го прекине филмот на најинтересното и ти рече Фајронт!
Би одбрала вечен живот, али ако има опција и моите да имаат, ако не, не сакам. Шо ќе ми е вечен живот ако луѓето пред мене се раѓаат и умираат.