1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би одбрале вечен живот?

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 16 јуни 2010.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.179
    Допаѓања:
    23.857
    Не.. Нема поента.. Верувам дека ке се реинканирам после овој живот, така што ме копка што ме чека следно =)
     
    На iloveyou29, zhap4e и HeidiDiWalt им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.132
    Допаѓања:
    88.395
    Пол:
    Женски
    Не! Не би можела да живеам вечно, без моите најблиски, без луѓето што ги сакам. Зошто ми е таков вечен живот? Па ќе бидам осамена. Доволен ќе ми биде овој живот, колку и да биде долг, ако сум со блиските.
     
  3. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    па не сум размислувала мн на оваа тема, ама мислам дека не би одбрала затоа што тоа е премногу мачење земајќи ја во предивд мислата Жвотот има повеќе лоши, одколку добри мигови, но за добрите вреди да се живее, ако имам вечен живот нема да речам `вреди да се живее` оти животот би ми би ми бил вечен позз
     
  4. butterfly.mimi

    butterfly.mimi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    102
    Не! Не сакам вечен живот. Животот е долг точно онолку колку што треба да биде :!: Пр. старите луѓе или викат "Ох, леле да си умрам" или "Ех да ми се вратеше младоста." Јас не сум слушнала некој да рече "Камо вечно да живеам." Значи животот со текот на времето може да ни здодее, се уморуваме, старееме и се губи желбата за живот. Тоа што имаме желба за вечен живот всушност значи дека го разбираме и цениме животот а со тоа и знаеме да го живееме. :)
     
  5. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    вечен живот секако, многу ми е страв од смрт се наежувам кога помислувам на такво нешто
     
  6. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Ептен се согласувам со мислењава

    Не можеш да одбереш како ќе умреш. Ниту кога. Можеш само да одлучиш како ќе живееш. Сега.
    Тие што се свртени кон тоа што е всушност пред нив, не оптоварени со минатото, незагрижени за иднината, тие се луѓето кои живеат и најдобро го користат животот.
    Не плаши се дека животот ќе ти заврши. Плаши се дека нема никогаш ниту да почне.
     
  7. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Живеј го секој ден како да ти е последен. Ако живееш вечно, што би била поентата од ова? Нема да го искористуваш животот и да го живееш како што сакаш па ќе си велиш „Ех ќе може и утре.“ А вечноста е доооолго време па како што рече Хипица кој знае како ќе изгледаме кога ќе сме многу стари па кој ќе не сака такви да не дружи. :lol:
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Би одбрала,па би се дружела со Хајлендер и компанија, :D .
    Шега на страна,сепак мојот одговор е позитивен.Тоа е нешто налик да си жива и подвижна временска машина,секако во еден правец кон иднината насочена,ама немам баш ништо против.Досадата дефинитивно не ја сметам за изговор,кај мене преовладува љубопитноста и истражувачкиот дух.Досадата е повеќе состојба на некреативни луѓе или оние кои имаат вишок слободно време и се незаинтересирани за обврски,секогаш може времето да се пополни со квалитетна книга,филм,музика,стекнување нови знаења преку Гугл или Википедија или Нешанл Џеографик или вотевр слично,дружење со луѓе или прошетка во природа.Во однос на луѓето кои ги сакаме и би ги изгубиле,не гледам како тоа ќе го спречиме како смртници,едноставно никако,колку само од нас изгубиле сакани и блиски уште во детство и биле тотално немоќни.А фактот дека некој ќе ги надживее другите е неизбежен и како смртници и како Хајлендери,со таа мала разлика што стануваш ти тој.И колку и да звучи сурово сите продолжуваат со својот живот и после тоа,тагата останува вечно,меѓутоа никој не се откажува од сопствениот живот по загубата на некој најблизок.
    За мене смислата би била живеењето во нови услови,следењето на прогресот,падот и издигнувањето на одредени системи и држави,новите научни,технолошки,медицински и др.вид достигнувања,идејата да се видам себеси жива во 3.000 или 5.000 год. е повеќе од примамлива и да потпишувам со две раце дека би избрала вечен живот.
     
    На aerodrom, Strumfeta93 и enca.69 им се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    шо ќе праам со себе ако одберам вечен живот добар си е овој, има време за се.. инаку верувам дека душата на човекот продолжува да постои и откако телото ќе се распадне ама ќе видиме тоа далеку е да се утврди хахах :)
     
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Сите го имаме вечниот живот.
    Тоа што моментално се наоѓаме во тело кое еден ден ќе престане да функционира, не значи дека и нашите души ќе престанат заедно со телото.
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lady.Rose

    Lady.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    51
    Никаков вечен живот. Самото тоа што знаеме дека времето ни е одбројано го прави животот толку вреден. Дека немаме вечност да направиме тоа што треба да направиме. Времето е толку, а ти или ќе го дадеш најдоброто од себе или не. Затоа и боговите им се љубоморни на луѓето во митологијата.
     
  12. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Мнооогу убаво кажано :clap:
     
  13. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    не сакам вечен живот,и моите 60 години да се добро проживеани,со солидно здравје,љубов и добар брак,со мои деца,ми се доволни,не би сакала да гледам како ми се уништува телото додека стареам,и се раболувам,и станувам немочна за секоја работа.иако се малку ако се добро изживеани долволни ми се годините!
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Животот би ја изгубил својата смисла и значењето, доколку истиот би бил вечен. Не напразно сме си го измислиле она: „еднаш се живее“. Всушност, токму поради тоа што животот е ограничен, а никој од нас го нема одговорот на прашањето „до кога?“, го прави далеку поинтересен и поубав, едноставно ти дава елан да направиш многу нешта, што инаку, кога би знаел дека вечноста е пред тебе би ги оставил за подобри времиња. Само вака, повеќето од луѓето живеат за моментот и го вдишуваат целосно со секој свој здив. Смртноста не мотивира да бидеме подобри одошто сме, да се натпреваруваме со времето, со себе си, со луѓето околу нас, или пак да бидеме едноставно полоши... :) сепак, се зависи од тоа кој - како си ја осмислил личната си филозофијата на живот. Но, по овој живот, јас најмногу од се се надевам дека мојата душа нема да испари некаде со мојата смрт, дека нема да продолжи во некаков си замислен рај или незамислив пекол, а ќе продолжи да живее тука некаде во некое друго, поинакво од мене јас.
     
  15. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    неее вечен живот, никогаш, иако ми се чини како времето лета пред моите очи, не ми се доволни 24 часа на ден -.-
    ама сепак би одбрала нормален живот
     
  16. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
  17. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Не би одбрала вечен живот затоа што сите околу мене ќе умираат а мене срцето ќе ме боли, сурово е така и плус се што сум сакала да направам ќе направам и после?
    ЈАС вечен живот- :shake:
     
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Не знам искрено многу се плашам од смрт и од такви работи како ќе биде што ќе биде сакам само среќен живот до кај 70 години негде исполнет со здравје среќа љубов но друго е да сакаш друго е суденото.
    Од судбината не се бега . ;( ;( ;(
     
  19. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Не :!: Бидејки ако има вечен живот нема да е интересно а и цело време се одново ли ќе доживуваш :D Се што е слатко кратко трае :!: :)
     
  20. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Имаш право Cacy но сега да не трае прекратко ;) ;(