Вечен живот е како по стопати да гледаш една иста серија ... ќе стане ептен досадно Добар е овој нормалниов
Не сакам вечен живот и нејќам да доживеам длабока старост максимум да биде 65 години и тоа што ми е најбитно сакам смртта да ми биде лесна да не се мачам за затворам очи и да одпатувам
Несакам да имам вечен живот,од причина штоо се што е многу станува досадно ! Би сакала да заиграм на свадбата на своите правнук\а
Знам дека ова делува како егоист , но би сакала да живеам вечно . Да видам се . Но ако може да им дадам дел од вечноста и на моите родители и сестра , ќе п прифатам .
Самата помисла на вечен живот ме плаши. Во тој случај сите оние што ги сакам ќе си заминат пред мене, а кога ќе помислам на тоа се ежам, ужасно ми делува. Не би одбрала вечен живот, во никој случај.
Да, сакам да доживеам длабока старост. Да си ги гледам внучињата, да им раскажувам приказни од 'моето време'.. Но, вечен живот?! Замислете си, преживувате секакви ствари, земјотреси и слично.. Во еден од тие земјотреси некоја зграда ќе се урне врз вас и ќе оставете вечно заробени. Се' до крајот на светот, нормално, кој исто така ќе го преживеете.
Па која е целта на мојот живот и извршувањето на должностите, ако имам цел живот пред себе. ШоуБо тогаш цел ден ке легачам и некој тука да ми сервира на тацна што и да посакам, ма има време за се други што се заморуваш. Се е така розов светов како од бајка, а јас Рапанзел . НЕ-за вечен живот. Сакам брзо и спонтано да се одвиваар работите, да има некоја крајна цел, да не гледам како на најмилите им стивнуваат животите, а јас сум немоќна, не можам ништо да сторам за нив. Сега бар имаме некое си жарче надеж што гори во нас дека ке се видиме во рајот со нашите најблиски кога ке преминеме на другиот свет.
Ништо не е вечно .Енергијата не се губи само го менува својот облик или состојба,како сакате. Не ,не сакам вечен живот ,не можам ни да замислам да гледам како заминуваат оние кои се моја крв ,моја радост,мој живот.Па јас незнам што би правела на 65 години(кога нели се оди во пензија)а не пак вечен живот. Па и самото прашање „дали би одбрале вечен живот“ е непрецизно.Кога ќе се каже вечен живот се мисли на оној после смртта-барем така пеат поповите по погребите. Како и да е ,нека оди по ред ,што би рекле постарите.(смајли што се крсти)
Темава инстант ме потсети на филмот Death becomes her Инаку како со повекето, се согласувам дека НЕ би одбрала вечен живот.. Многу убаво си кажавте,да не се повторувам.. Сакам јас и моите најблиски да доживееме длабока старост, да бидеме здрави живи срекни и весели..
Не- за вечен живот.. Повторно и повторно би ги гледала најмилите како си одат од овој свет.. Би било премногу да го поднесам тоа.. Животот не би имал смисла.. Темава ме потсети на филмот со Робин Вилијамс кога е робот и може вечно да живее, но тој наоѓа начин да стане смртен... да стане ЧОВЕК..
Живот вечен е да се познае кој е Бог и да се верува во Исус Христос. Зошто Бог толку го возљуби светот што го даде својот единороден син та секој што ке поверува во него да има живот вечен! А секој што поверувал преминал од смрт во живот бидејки Исус Христос воскресна од мртвите и сега е вечно ЖИВ! А секој што нема да верува ке биде фрлен во огненото езеро каде ке биде во вечни маки! Тешко, тешко на тие што го отфлаат Исус (зборот Божји) и ја посакуваат смртта. ДА - за вечен живот!!
Не знам зошто но во последно време многу размислувам дека животот е премногу краток и дека нема никогаш да успем да бидам тоа што сакам да бидам,дека никогаш нема да бидам доволно убава како што сакам да бидам и слични работи.Таквите мрачни мисли ми се постојано во глава и покрај тоа што имам 17 години.Едноставно премногу и завидувам на другите и постојано мислам дека тие се посреќни од мене.Па мислам дека би одбрала вечен живот зошто да не.