И покрај тоа што мислам дека животов е премногу краток за сите нешта кои сакам да ги направам, сепак велам НЕ за вечен живот. Би се изгубила енергијата, младоста, не би било возможно вклопување на новите нешта кои доаѓаат и сл.
Не би сакала да имам вечен живот...што одкога ќе ги изгубам најмилите...што ми преостанува тогаш? Би одбрала нормален живот.
Би одбрал толку многу има да се открие и научи за оваа планета , за лугето и вселената што еден живот од 50-70 год не е доволно
Не би сакала вечен живот. Не би можела да поднесам да ги губам драгите личности. Би сакала да живеам доволно долго колку да ги искусам сите убавини на животот, па после нека биде што ќе биде, колку даде Бог
Не би одбрала вечен живот. Не е битно колку ќе живееш, туку како ќе живееш. Што ако живееш вечно, а несреќно, ако вечно не си задоволен од ништо и ако до тебе не се твоите најсакани? Јас сметам дека тоа не би бил живот туку само измачување. За мене е доволно да живееш кратко а среќно, задоволно и сакано. Животот во буквална смисла е краток, но тоа што ќе го оставиме зад себе е вечно. Нашите дела, нашата љубов не прават вечни. Затоа воопшто не би се двоумела и не би одбрала вечен живот, оти вечен живот без моите најсакани не би бил живот.
О маловерни, кој ве излажа да верувате во минливите работи а не во вечните, се нарекувате Христијани а не верувате во Христос кој живее за век и веков и секој што верува во Исус нема да умре никогаш туку ке живее вечно, зарем не верувате во Љубовта која е вечна! Не сте свесни што избирате.
Не. Како ќе го живееш животот, ако знаеш дека не можеш да го изгубиш? Вака е поинтересно, возбудливо, адреналинско бидејќи постои страв дека еден ден навистина ќе биде последен. А и кој ќе ги трпи луѓево вечно? Скраја да е.
КАДЕ ПОСЛЕ СМРТТА? „И како што им е на луѓето определено еднаш да умрат, а потоа суд“. Евр. 9:27. На крајот на својот животен пат, секој човек мора да се сретне со Бог. Со смртта, не завршува сè. Веднаш по смртта, ду-шата на човекот оди во рајот или во пеколот и тоа за вечни времиња. Од горенаведениот текст, гледаме дека и верните и неверните по смртта се во свесна состојба. Еден проповедник, проповедал за небото пред една група безбожни луѓе. Откако завршил, еден човек викнал со исмејувачки тон: „Не верувам на ниеден збор, што вечерва го кажа. Кога умираме, ние умираме како кучињата, ќе нè закопаат и крај“. –„Дали ова беше верувањето и на твојата мајка?“ – го прашал проповедникот. – „Не, мајка ми многу ја сакаше Библијата и над неа пролеваше солзи во молитва, бидејќи јас не верував во Бог“, – одговорил човекот. Проповедникот пак го прашал: „Дали сè уште е жива мајка ти?“ –„Не – одговорил тој – умре пред извесно време“. „Ах, рекол проповедникот, имитирајќи го исмејувачкиот тон на човекот – „таа умрела како некое старо куче, била закопана и крај!“ – „Што? – извикнал човекот бесно – ти велиш дека мајка ми умрела како старо куче!?“ – „Не – одговорил проповедникот – ти велиш така. Јас велам дека таа умрела со вера и сега е на небото кај Господ. Гледаш човеку, ти, всушност, не веруваш во тоа што го зборуваш!“ Исмевачот замолкнал. Во Римјаните 8:1 се вели: „И сега нема никакво осудување за оние кои се во Исус Христос“. Откако еднаш ќе се сретнеш со Бог, каде ќе отиде твојата душа? „Една е вратата, но страните се две: однатре и однадвор, од каде си ти? Една е вратата, но страните се две; јас сум однатре, а ти каде си?“ (ХП–267) "ЛУЃЕТО КОИ МИСЛАТ ДЕКА УМИРААТ КАКО ЖИВОТНИ, НАБРЗО ПОЧНУВААТ И ДА ЖИВЕАТ КАКО ЖИВОТНИ!“
Дефинитивно не би одбрала вечен живот...Ќе ми се здосади мене вечно да живеам... а има и една посериозна причина-ако јас живеам вечно, ќе треба да гледам, како сите што ги сакам, умираат и на крајот, да останам сама, без никого на овој свет
Сум посакувала вечно да живеам, но како и сите така и јас. Важните луѓе во мојот живот се смртници, така и јас треба да бидам, тоа е од бога