И јас би бирала смртник ама Недај Боже да знаеш кога ти се ближи пишанката секој би си викал ај уште малку ај уште малку..ама тоа што е пишано тоа нека биде.
Има и позитивни и негативни карактеристики. Вечен живот - желба на скоро секој човек, но кога подробно ќе размислам за тоа треба да платам огромна цена. Ќе ги гледам како умираат сите околу мене, роднини, пријатели, деца, внуци... и јас нема да можам ништо да направам околу тоа. А од друга страна, ќе ја имам цела вечност да се посветам на учење и пронаоѓање нови лекови за неизлечиви болести, да се посветам на многу повеќе работи отколку што би се посветила ако живеам нормален живот... Можеби така ќе внесам некоја промена во човештвото...
НИКАКО! -Прво ке бидам без моите роднини и пријатели -Второ којзнае колку злобни ке бидат луѓето во иднина (ако се продолжи вака) -Трето нема да можам да се вклопам во идното општество -Четврто после 100 години би билам многу стара и би имала многу здравстевни проблеми... Што ке ми е таков живот???? НЕ БЛАГОДАРАМ!
не би одбрала вецен живот никогаш.Нека ми даде Господ живот да си дочекам деца, да ги изгледам, да им се изнарадувам и на мажачки и женачки.Не би можела да живеам без саканиот и затоа не гледам поента во вечниот живот.
О да да,сакам да имам вечен живот.Да се прошетам малку низ Еденската градина .Сакам да знам какво е чувството да бидеш вечен Како и да е,таа одлука ја оставам на Бог
Би одбрала вечен живот во земја каде што нема неправда и лугето што ги сакам да бидат покрај мене... Инаку НЕ...!
Стварно не знам. Би одбрала да бидам 16-17 на подолго време за да си ги исполнам сите желби. Ама цела вечност? незнам како би било.
Толку навидум едноставно прашање, со огромна филозофија во себе. Што се однесува до мене, не, не би одбрала вечен живот. Би ја одбрала опцијата да останам смртник. Бесмртноста според мене е еден вид на вечно досадување. За што веќе ќе живеам?? Сите треба да ја дочекаме староста и смртта. Прашање на време е само кога сите луѓе што ги познавам ќе ме напуштат, и што потоа?! Јас сама, којзнае каде ќе бидам како еден бесмртник... Задоволна сум со живот за кој знам дека некогаш ќе му дојде крај, и дека треба секој ден да го живеам максимално, и дека секоја минута од истиот е непроценлива. Доволно ми е да имам на ум дека животот е еден.
Неее не е убаво да гледаш како сите шо ги сакаш умираат а ти сеуште си тука жив и здрав..не би сакала да умрам млада..но да имам вечен живот никако