Доколку тоа подразбира здравје и виталност доволно за да се грижам самата за себе и доколку светов е вечен (да не останам единствен жив примерок ), би сакала вечен живот. Го сакам животот, сакам да живеам и кога поминував низ најтешките моменти никогаш не сум рекла „нека ме нема“ туку сум викала „аман да го пребродам ова“.
Не сакам вечен живот. Што ќе ми е животот кога најблиските нема да се до мене,кога моите потомци нема да се на овој свет? Не сакам да сум сама,затоа што тоа не е живот,тоа е измачување колку и да сум здрава. Нема да бидам среќна. А и овој свет е полн со злоба,и не е така добар за да би посакала вечен живот.
Не. Ќе ми биде досадно. Ќе видам и научам се. Ќе ги немам луѓето што сега ги имам. Светот ќе биде многу повеќе лош во секаква смисла. Ќе имам милиони проблеми. Којзнае колку би ми било тешко, најмногу затоа што ќе гледам луѓе како умираат, а јас УЖИВАМ вечно и не можам да им помогнам. Плус би била стара, кој би комуницирал со мене, освен оние што ќе сакаат да знаат нешто од минатото. Единствено би одбрала доколку моите блиски останат со мене вечно, светот е убаво место за живеење, ги снема паричните вредности, би останала млада во ликот и телото нели заедно со блиските и би немала некои сериозни проблеми (што ова се не е возможно така да Не, фала за вечен живот).
Темава е доста интересна.Јас лично мислам дека луѓето не би биле човечки суштества ако имаат вечен живот.Всушност смртта е карактеристика на секое живо суштество.Колку добро и да звучи тоа да живееш вечно јас сепак би го избрала овој,да го наречам ограничен живот.
Не. Во нормалниот живот можат да искусам убавините на животот еднаш и да бидам задоволна со тоа. Всушност зошто ми е вечен живот кога постојано ќе тагувам по минатото и по блиските особи кои си заминале, а јас сум останала?
хахах .........и каков би бил тој живот?? дали млада ќе живеам вечно или пак стара.... Ако живеам вечно како бебе прифаќам се друго отпаѓа,нема да ги разбирам луѓето, нема ни да сакам даги разберам,страв ми е само така чудно гледајки ги да не ми изгледаат како чудовишта... хах шала на страна....Не би прифатила таков живот го прифаќам овој што го живеам,колку е толку е каков-таков,даден од Бог ... а од мене прифатен
Порано како помала сакав вечен живот.Си велев што се можам да направам,незнам што, абе глупости. Ама сега не баш бидејќи глупаво е. Ќе ти се здосади што се вели. Се знае,еднаш се живее.
Не ,не вечен но би можел негде до 150 + да функционирам како што треба би сакала да имам доволно време зе се во животот!
Не. Подобро да имам кус а добар живот, исполнет со идеи, убавини, отколку Вечен живот и да бидам дел, сведок како умираат моите најмили. бесмртни се луѓето кои направиле дела на кои луѓето, семејството ќе се сеќаваат и восхитуваат.. Сепак вистинските вредности се создаваат независно од тоа дали човек живеел 350 години, 90 години или 25 години.... Ова ме потсека на приказната со Ѓорѓи Колозов „Царот што барал лек да не умира“- на крајот кога ќе рече не направив нешто добро за народот што ќе ме памети. Така само можев да не умрам.
Само ако е вклучена тука и вечна младост И ако за секој случај постои и начин за одземање на бесмртноста кој нормално само мене ќе ми биде познат Ми разработи фантазијата Џабе се дискутира кога и онака не е можно.
Би било интересно да видам што ќе направи онај на улица што се шетат сега по 5 години, би било убаво во 2304 година да ги имам сведочено првите смарт-фони, но, сепак; не би одбрала вечен живот. Ај би ми умреле роднините, би ми умреле школските, ама да живеам 100 години по смртта на љубовта на мојот живот, или ако имам деца да ми умрат пред мене, а и внуците, НЕ.
не би одбрала самиот збор 'ВЕЧНО' ме ежи сто ке праам, на секој човек му се здосадува за нешто само сакам подолг живот зошто некако брзо ми поминува,кога бев малечка а кога станав жена а и да има задгробен живот се разбира не ке умрам и толку нема да постојам