Сакам да умрам кога и другите, и кога ми е време. Неќам да останам сама со другите генерации, а и ме интересира што ќе биде после смртта. Тоа ми е табу тема.
Никако ! Тајната на вечниот живот се наоѓа во она што вие ќе го оставите зад себе. Само делата остануваат вечни
Не сакам вечен живот. Не сакам да гледам како најмилите, децата и сите други ми умираат и јас полека останувам сама. Никако!
Јас не сакам да умрам никогаш.Се плашам од смртта.Се плашам дека би имала чувство на вина дека не сум го изживеала животот како што треба.
мислам дека би одбрала ве4ен живот бидејки се плашам од смрта. од самата помисла дека ке бидам 2 метри под земја и ке скапувам се ужаснувам не сакам да ми се случи тоа нешто. или сакам да умрам безболно неосетливо секако кога ке ми дојде денот
Што би правела јас во тој вечен живот? Луѓето што ги сакам еден по еден ќе си заминат, оние што потоа ќе дојдат пак ќе си заминат и се’ така во круг. Би ми било досадно да живеам вечен живот.
Не, не, не и не. Јас сега не можам да се помирам со фактот што некои личности од животот пред мене ќе отидат на оној свет, а не па вечно кога би живеела, еден по еден сите да ги губам. Нема теоретска шанса.
Да одберам за потоа да останам сама без никој сите мои блиски ке заминат а јас ке шетам низ светот безгрижно...не не не подобро да си умрам кога ми е судено...
Јас би одбрала . Штознам, колку и маки да ми носи животот сепак е живот. Единствено нешто што имаме и би сакала да трае засекогаш. Некако многу се плашам од смртта и стареењето. Знам дека тоа е нормален процес ама некако отсекогаш ми било тоа фобија. Се си мислам дека сум во трка со времето, дека можеби нема да успеам да направам се што сакам да направам. Од таа причина би сакала да имам многу време пред мене, да остварам повеќе работи и да вечно млада да бидам, да не стареам . Би го сакала тоа.
Вечен живот - НЕ. Живот до време колку што ми е одредено сепак е мојот избор. Не е интересно да си immortal, сите ги гледаш како се раѓаат и умираат, а ти уште абер си немаш хехе И финтата е со својот животен сопатник/партнер (whatever) заедно да остарете , а не тој/таа умира, ти уште имаш 20 години lol.