Не би прекинала никаква врска ради било кој. Кое право го имам јас да прекинувам и да се мешам некаде? А, неодамна прочитав, што е врска: љубов меѓу двајца и 100 души кои сакаат да ја прекинат таа љубов.
Идев со еден дечко само еден месец и се разделивме, потоа си најдов друг 4 месеци но го изневерив со првиот, тој дозна и се разделивме. Останав со првиот уште еден месец и опет иста прича пак се разделивме. Од тоа добив поука да не си уништувам совршена врска заради страсти.
Искрено да зборуваме.Се знае дека сум луда и ме прифакаат на моменти и јас обична врска знам да прекинам,а не пак среќна.Тоа ми е мана.И само караници,нервирање...
Зошто да прекинам среќна врска? Зошто ако двајцата сме среќни заедно и се сакаме? Поради ништо и поради никој. Ако се прекине врска тогаш не е среќна,ниту е вистинска љубов.
Да е обострана љубовта и чуството за среќа,никогаш јас не би била таа која ќе стави крај ама ако почнува да се лади и да не оди ништо тоа е прашање на време кога ќе пукне се,и небитно е дали ќе ставам тогаш сигурно нема да го чекам него
Среќна врска, можи да прекини само од беснило, на еден од партнерите.. (пресреќни се заедно, се сакат, се почитуват, се прават заедно ) ама еден од нив (почесто е девојката), ја мачи некое беснило, или читала некој статија по интернет или слушнала некаде .. ГЛУПОСТИ ЖИВИ.. во типот на „пушти го ако е за тебе ке се врати“ или филм си прај дека треба да се труди околу неа поќе и тука се појавува трета особа и така натаму .. е така се прекинва среќна врска ... ОД ИСКУСТВО ви кажвам .
Самиот момент кога помислуваш на прекин, значи дека веќе нешто недостига и во моментот не може да се нарече среќна врска од аспект на партнерот кому нешто му недостига. Дали е траен проблем или може да се надмине ќе покажат времето и вистинските чувства. А во која насока ќе се продолжи, многу зависи од свесноста на партнерите што всушност сакаат од една врска, односно од нивната емотивна зрелост. Во тој случај, која и одлука да се донесе, би била правилна.
Чим ти веќе се двоумиш-јасно е се. Чим некој друг ти се мота низ глава и низ срце-е бетер него ли да си машко и да извараш ради секс. Твоите чуства се менуваат. А тоа е повеќе од физичка превара.
Не може да се прекине среќна врска. Ако е среќна нема да има причина за крај. Мене ми се случи да прекинам една идеална врска во која навистина добро функциониравме, немаше многу расправии, немаше неверства, тој се жртвуваше за мене.. но ете во меѓувреме се заљубив во друг и морав да ја прекинам врската.Затоа и бев неодлучна како да постапам но сега сметам дека одлуката ми беше сосема на место.
Среќна врска не би прекинала, не би помислила а не пак да прекинам, а ако помислиш на некој момент за такво нешто тоа значи дека и не сте баш во среќна врска. Ако сум во среќна врска, убаво ми е со партнерот, се сакаме, почитуваме, никогаш не би помислила да му правам работи зад грб, не би ја ставала во пропаст нашата врска и не би ризикувала дури и за најубавиот дечко на свет, кога ќе видам убав дечко гледам дека е само убав али не и помислувам да направам нешто со него, кога сум во среќна врска знам дека имам некој до мене, тој е мојот човек, и непостои ништо поубаво и подобро од него на светот, што би ме ставило во искушение.
Не. Никој не е заслужен за да си ја прекинеме сопствената среќа ради нечиви каприци одстрана. Животот продолжува, ни продолжува со дотичната особа за добро и лошо, сите отсрана се личности кој што нема да соживуваме со нив и да делиме животни вредности во текот на животот. Многу важна работа е да знаеме што сакаме и што не сакаме ние во животот. Ако знаеме што сакаме и ако стоиме зад еден оформен лик со цврст карактер никогаш нема да подлегнеме на предизвиците од страна, и покрај љубовта која што едноставно е доволно вредна за соживување.
Ако си во среќна врска, а тоа подразбира разбирање, доверба и љубов, тогаш ако нема нешто од страна не би раскинала. Таква врска секој сака, па зошто би прекинала?
Ако некој знае како да ме направи среќна никогаш не би ја прекинала врската со него. Среќата е најважното нешто во животот.
Не. Никако. Вториот е само прашање на страсти, едното на телото - другото на умот. Некои луѓе сметаат дека ниски страсти се стрикно само физички. Не. Ниски страсти се и кога некој карактерно премногу ве привлече - макар и ништо физички да немате со него. Првиот ве прави среќен - тоа е нешто најважно на светот. Ако вие сте среќни, тоа е основа за животот понатаму со него. А не лепотата на другиот или карактерно. Ама прво би се запрашала - што ми фали со првиот па сум погледнала во другиот? Ако си среќен со првиот - нема да има втор. Сепак е ова прашање мн комплицирано.
Нема потреба да прекинувам среќна врска. Ако ми е убаво со личноста што е со мене, не гледам пеичина зошто би ја оставила. Ако размислувам за прекин, значи дека нешто не штима. Вториот маж би бил само опсесија.
Не би прекинала среќна врска. Не би ризикувала да загубам некој кој ме прави среќна ради страст или физички изглед.
Знам дека е стар постот, ама времето покажа дека Џони Дип направи катастрофална грешка. Затоа менува тетоважи од "Slim" во "Scum"