Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би сакале да дознаете за неверство?

Дискусија во 'Врски' започната од DaftPunk, 15 февруари 2014.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.403
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    DaftPunk искрено претходната тема ја немав ни видено, а не ја разгледав ни сега, ама според првиот пост тука те мислев за 18-19 години. Ко видов на профил 24 :x Многу незрело ми делуваш за твои години и иако покажуваш одредена самодоверба во постовите, јас те сметам за несигурен тип и како сам да си го храниш егото со постапките. Лесно е да изневериш, посебно кога не била девојката таму, ама ако си толкав маж како што се прикажуваш, сам ќе го знаеш одговорот на прашањето што си го поставил. Јас ќе те советувам да ја ослободиш девојката, да, да точно да ја ослободиш, посебно ако е на твоја возраст, и да не ја залажуваш повеќе,да и го трошиш времето, без разлика дали ќе признаеш или не за неверството.

    А за темата, да, би сакала да дознаам ако се случи неверство од страна на мм.
     
  2. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Доколку некој се сомнева во партнерот сигурно би сакал да дознае за неговиот неморал.Но,кога ќе дознаете,треба да размислите што довело до таков понижувачки однос.Во ваквите ситуации потребно е да бидете објективни за причините за неверството и да си ги признаете грешки.А дали има можност врската да продолжи после неверство,зависи од партнерите колку се подготвени за прошка.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Значи за све има причина некој нешто да направи,може девојката не го задоволува сексуално,можеби осетил монотонија во врската и не сака да ја остави па се решил на авантура има милион причини,но не е решение неверството треба сериозно да се разговара на оваа тема помеѓу двата партнера,и да се реши проблемот човечки,а не на подмолен начин да се бега од одговорност за бил што во животот мора да размислиме убаво пред да направиме погрешен чекор,секој со својот памет никој никого неможе да осудува некого,додуше многу и не верувам тука што се пишува повеке ми е како фалба него вистина,без разлика на пол машки или женски.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.818
    Пол:
    Женски
    Јас сум поделена со мислењата.
    Би сакала да дознаам ако се случува подолго време, ако е нешто посериозно, не би сакала да делувам како некоја глупача, да ми се смеат луѓето, види ја оваа слепава, маж и што прави, она поима си нема.
    Од друга страна, ако се случило еднаш, ако било во пијанство, ако не значело ништо, па и не би сакала баш да дознаам. Ако он може да помине преку тоа и не влијае на нашата врска би сакала да си го задржи за себе.
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Хм.. се чувствувам засрамено бидејки се пронајдов...
    Би сакала да дознаам за неверство, но не од него.
    Нема да знам како да изреагирам.. нема да ми биде ни најмалку пријатно.
    Повеќе би сакала да дознаам од други, да се разделиме без кавга, да исчезнам од неговиот живот или пак тој да премолчи дека ме изварал а јас да премолчам дека сум дознала и да си дадеме втора шанса...
     
  6. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Бидејќи имам долгогодишна врска премногу би ме повредило, но би сакала да дознаам бидејќи не можам да си замислам тој да е со друга додека е со мене, не можам тоа да го прифатам, тука врската би завршила.
     
    На Saricko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tikvice

    Tikvice Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    пред некое време го прасував дечко ми дали ме изнеревил као на сала ми рече да и после му запнав и ми рече ако сум се заколнела во него дека нема да го распрасувам нисто појсе ќе ми казе ми бесе страв од одговорот ;( му реков дека не сакам да знам несто сто би ме повредило ама не верувам дека имал некоја за една нок :)
     
  8. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Ако било за една ноќ и ако не се проширила информацијата тогаш искрено не би сакала да дознаам, само нека ми раскине што побрзо. Ама ако долг период се плеткал кај што не треба, барем нека има грам совест и нека ми каже.

    Како и да е, и двете се сведуваат на раскинување. Не е дискутабилно тоа.
     
  9. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    DaftPunk,од таквите како тебе ја губам вербата во љубовта..Ќе им дадеш и срце и душа,а они ќе те е*аваат во здрав мозок :fubar: Ама ќе ти се врати полошо..

    Во врска со темата,не би сакала да дознаам,ако било момент на негова слабост и не му значело ништо.Ако фатил нешто сериозно со друга,би сакала да знам и не само што ќе му раскинам,ќе си го собере у велико од мене :devil: Нејкам да ме прави будала пред светот,само затоа што сум се препуштила емотивно..
     
    На hermosa, lana.del-rey и Emotional123 им се допаѓа ова.
  10. DaftPunk

    DaftPunk Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    73
    Вака, за карма и такви ствари, не сум суеверен така да не ми е воопшто грижа а ако збориме од аспект на последици за нашите дела, со оглед на тоа што не правaм ништо нелегално исто така немам грижа. А и да верував, прилично сум сигурен дека би ми следело поише добро него лошо.

    Кога живеев во Америка бев доста активен во полето на хуманитарни дејствиа, пред се во форма на донации и активности за аутизам (третина од заболените во Калифорнија живеат во L.A. County, кај што престојував), а пак кај нас сум прилично редовен со донирање крв, но и општо мали работи што се прават секојдневно.

    Оттука, би рекол емпатијата и совесноста ми се на високо ниво, едино што сум речиси апсолутно аморален кога станува збор за жени (но ова да не се помеша со некултура или сл.), а таков станав поради ред лоши искуства од поодамна (наречете го комплекс, сеедно), а као за иронија од тогаш почнав да имам и многу повеќе успеси во таа област. Така да, можеби кармата им се враќа на "нив".

    Инаку сум многу среќен за туѓиот успех и не верувам дека човек треба да биде величен од страна на другите, особено не на форум, и тоа никогаш не била моја интенција така што во секој случај сум среќен што имаме добра дискусија на темава.
     
  11. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Хахаха...се прочитав од почеток до крај....прво се изнасмеав ....втор..ти си луд
     
  12. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски

    Не е нелегално, туку неморално.
    И искрено не мислам дека едни лоши дела се избиваат со други добри.
    Тоа што си бил активен хуманитарно не значи дека имаш сега дозвола да го наплаќаш тоа.
    И искрено мислам дека си егоцентричен.
    Една индивидуа нема никаква кривица за твојте претходни „лоши искуства“.

    Ако си толку епматичен и совесен како што тврдиш, скарај му се! Набрзо!
     
    На hermosa, Nati.P, lana.del-rey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Раскинав со бившиот пред 4 месеци, не се однесуваше добро со мене, а ми велеше те сакам бла бла, и го оставив. Си најдов човек што ме почитува и ме сака и би направил се за мене ( барем сега за сега, да не се урочувам), и му раскинав на кретенот.
    Работата е што пред некој ден видов на фб типот(бившиот) си слави 6 месечна врска со девојче за кое јас се нервирав дека му се пуштала, замислете...
    Баш ми е мило што го оставив за друг, што плачеше и што молеше пред куќа , само ми е криво што не му направив полошо, што му раскинав па почнав да се зближувам со сегашниот, да сум знаела ќе се потрудев сите да дознаат дека сум го изневерувала, иако не е точно... Гомно, бевме 2,5 години во врска...
     
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    На 20 години дечкото да те изневери најверојатно и не е толкава трагедија колку што сум си имала замислено дека е. Ако дознаеш за неверството, откриваш некои нови чувства во животот, што е многу подобро да ги доживееш на 20 години, отколку на 40.
    Некогаш неверството ги отвара очите на луѓето, некогаш ги затвара.
    Сепак може човек и да научи од тоа.
    Човек може и да згреши и да се покае.
    А да лажеш и да се криеш и да седиш на две столчиња со умисла, според мене е кукавички. А тоа не е прашање дали би го простила или не, туку едноставно не би била со таков човек.
     
    На dejana2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Најчесто е така, кога излегваш од долга врска без разлика дали си машко/женско се плашиш од осаменост и чувството те обзема, зато мора да се утешиме со друга личност, многу голем и провиден знак на слабост е.Можеби од исфрустрираност изјавил дека 6 месеци е во врска со тоа девојче како и да е мило мие што ти си среќна сега и како велат never look back не одиме по таа патека.
     
  16. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Кој не би сакал да дознае. Фала Богу не сакам да се чувствувам како говедо некое кое нема појма што и прави дечко и зад грб.
     
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.526
    Допаѓања:
    5.887
    јас би сакала да дознаам за неверство и тоа од страна на дечко/маж ми...подобро од него отколку од други..
     
  18. Kingofbed

    Kingofbed Нов член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Да бидам искрен не го почитувам ова што Daft Punk го направил, ниту пак се знаеме лично, иако еден негов совет за т.н. ротација многу ми помогна во претходниот период од животот. Ама по ваквиот коментар што си го пишала јас ја губам довербата дека ќе најдам девојка со која ќе можам да го поминам остатокот од животот баш заради тоа што постојат вакви луди особи како тебе, а и гледам дека се во голем број за жал. Прво, како се осмелуваш да помислиш и кажеш дека не сакаш да дознаеш дека дечко ти те вара, од ова можам само да заклучам дека ако го затекнеш во промискуитетна позиција во кревет со друга девојка веројатно ќе трчаш со насмевка од "6-ка до 6-кa" да се приклучиш во играта. Потоа си многу контрадикторна затоа што викаш дека ако фатил нешто сериозно да има со друга девојка сакаш да дознаеш (најверојатно од горенаведената причина). И второ и конечно како reply на твојот коментар размисли дали веќе не си будала штом имаш вакви ставови. Поздрав и секое добро
     
  19. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
    Можда ми е било знак на слабост али не направив грешка, веќе 4 месеци сум најсреќната девојка на светот, тоа ми е најбитно
     
  20. Savana93

    Savana93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    159
    Не велам дека тебе ти било знак на слабост зошто нели ти му си раскинала, зборам за него, обично тој што е оставен прв фаќа нов/а.