Да .. На машкото кое многу се сакавме, се имавме видено два пати, но поради далечината немавме можност да се гледаме често .. и ништо сега сме многу добри другари
ДА.СЕКОГАШ И БЕЗУСЛОВНО. Само што тоа е невозможно ... Штета,баш штета ... Нису ми дали да те волим ...
И то како би се вратила.Само не верувам дека ќе имам шанса за да му се вратам.Со тек на време сватив дека никогаш и не требаше да го напуштам тој човек.Сигурна сум дека ќе можев да го засакам.Но патиштата ни заминаја на други страни така да тешко дека некогаш пак би можеле да бидеме заедно.
Да не постоеја толку препреки можеби ќе можевме да бидеме пак заедно ама вака немам доволно сили за да продолжам да се борам.. Ч)
секогаш сум се навраќала на бившите како некој круг.. но повеќе не,нема ништо корисно од тоа.. кога не успеало од прв пат нема ни од втор а ни од трет,колку побрзо го сфатите тоа толку подобро,сепак вазната кога ќе се скрши,колку и да ја лепиш,никогаш нема да биде иста,јас тоа така го сфаќам
Девојки, помош! Значи имам дечко и супер ми е со него, но постојано сум во контакт со бившиот ( се слушаме по телефон )..Знам дека тој ме сака, јас му раскинав бидејќи тогаш во моментот многу ме налути и инатот ме држеше долго...Мислам дека се уште чувствувам нешто кон него, тој сака да се гледаме, но јас досега ниту еднаш не сум ја прифатила таквата понуда...А си го сакам и дечкото, поточно мислам дека ги сакам и двајцата :/
Сега мислиш дека ги сакаш двајцата, но мислам дека не е баш така.. Сум имала слична ситуација, до некаде и знам како ти е.. Сепак, мој совет ти е да се оддалечиш од двајцата на извесно време.. Така ќе видиш кој повеќе ти недостига, со кого сакаш да бидеш.. Не е фер за твојот сегашен да играш на две карти..Земи си време, одлучи, и после барем ќе си бидеш среќна со тој што ти навистина го сакаш..
Останавме на тоа „другари“.. но никоја љубов не завршува така, се надевам... јас би му се вратила.. ама од него зависи :/
Абе прва љубов не се дава ! Јас па како што уште живеам во 19 век ќе речам - да ! Глупава сум за тие работи, уствари не сум глупава ама па лесно попуштам само за да задоволам нечие мислење. Е би му се вратила- не дека е се готово има уште нешто , малце, некоја трага , знам дека од оваа [*]врска[*] ( да ја речам...) нема некоја иднина ама па убаво ми е кога ми се мафта по телефони ваму-таму
Да бил добар не би бил со звањето стара љубов.И не ! Никогаш До мене имам прекрасен дечко што многу ме сака,ми угодува и пред се ме цени
Не би се вратила,бившите би требало да останат во минатото,а ако требало да сме заедно ќе бевме и во сегашноста. Категорично НЕ!!!
Многу го сакав, идевме година и 2 месеци... Морав да му раскинам зашто не можев да излезам на крај со неговата љубомора, тоа беше нешто ненормално што се случуваше со нас... 7 месеци успеав да не му се јавам, ниту да му вратам на пораките... И стварно не знам зашто не си останав на истото- да си продолжам понатаму, туку се смирив со него. Само за после 2 недели пак раскинеме. Преболувањето на тој човек е нешто најтешко што ми се случило, 2 пати. Така да, памет за друг пат, штом е бивш, имало причина за тоа и таа нема да исчезне ако ја игнорираш.
Не, никогаш не би му се вратила на бившиот. Пред се многу ме повреди,а и со причина е веке само дел од моето минато. Сега имам дечко,кој е една прекрасна личност,кој ми угодува за се,а пред се ме сака и цени