Не би му се вратила на бившиот. Моментално го имам најдобриот дечко на светот и никогаш не би помислила на друг додека сум со него
НИКОГАШ не би му се вратила без оглед што беше добар цело време,ама на крајот го запознав вистинскиот ТОЈ.
не, не би му се вратила на бившиот...што се случило во минатото нека остане во минатото...нема потреба да се навраќам на тоа
Епа тоа би значело да се самоутепам сместа у места , нема шанси, како прво не дозволувам никој животот да ми го уништува, а друго па и незнам и неможам да сакам некој ко психички ме измачува Со дечко ми ја запознав вистинската љубов, освен него неможам да се замислам во нечија друга прегратка
Има само еден од сите на кој би можела да се вратам... Онака, од забава,ништо сериозно. Но нели, тоа би се случило онака за утеха доколку раскинам со дечко ми(пу пу пу!)
Сум се вракала на стара љубов,едноставно сум таков тип на човек кој порадо би бил со некој кој веке го познава отколку да зпочне нешто ново.Најчесто тешко ги прифакам разделбите па макар и да станувало збор за врска од месец дена.Емотивна сум и се приврзувам за лугето,па секогаш после раскинот давам неколку месеци простор за ете ако има надеж пак да се смирам со таа личност.Никогаш не се впуштам одма во нешто ново. Но, како што вика другарка ми На прочитана книга и го знаеш крајот каков ке биде.Не викам дека втората шанса не значи промена на подобро,но за тоа треба и двајцата партнери да бидат спремни да го остават минатото зад себе и да почнат одново.За жал тоа ретко се случува и на крај втората разделба е уште потешка од првата.
Ми се има случено и на мене тоа јас имав долга врска со бившиот раскинавме и не престанавме да се гледаме и тоа сега кога сум во врска веќе 3 години со моето момче . Се сретнав со мојот бивши дечко и неколку пати се слушав преку телефон со него и излегов скришум се видов уште првите денови од мојата врска , од тогаш се немам слушнато со него... сега поминаа 2ипол години од тој настан пред неколко дена пак го направив истото .... Што значи неможам да го одбиам тоа што сеуште го сакам и тоа што сум сеуште слаба на него ..... од друга страна пак моето момче многу ме сака и почитува и знам дека тој не го заслужува тоа што јас го правам ...за жал но пак проблемот е тоа што јас несакам да го изгубам него ** моето сегашно момче ** и и и натаму не би знаела како да продолжам.... дали целиот мој живот како девојка ќе биде вака ...Незнам ! ?
Не бевме долго заедно, и се беше во ред, наеднаш тој некако се смени, незнам што се случи, никогаш не ни открив, едноставно почнаа кавгите, кога прекинавме тој ми кажа некои зборови кои не се забораваат, тогаш бев лута и некој период не можев да му простам, иако тој пишуваше пораки дека се кае, Подоцна со тек на времето заборавив на неговите зборови, заборавив и на него. Се до пред еден месец кога на фејсбук ми стига порака од него, пиша дека му е жал, дека не го мислел тоа навистина, дека се кае за се што кажал, ми го пиша неговиот број и побара да му се јавам, но јас не го направив тоа. Деновиве мајка ми ми беше чудна постојано го спомнуваше него и ми збореше дека сите сме луѓе, правиме грешки, треба да простуваме и такви муабети. Утрово видов дека тој ја мили мајка ми да му помогне да му се вратам, и пишувал пораки дека ме сака, дека е свесен за грешката, дека сака да биде со мене, дека се ќе направи само да сме повторно заедно, читав и не ми се веруваше дека има толку храброст да и каже на мајка ми се. Кој е вашиот совет девојки да му дадам уште една шанса или сепак да оставам се како што е.
A какви зборови ти упатил тој,да знаеме како да те советуваме?тоа што типот имал храброст да и пише на мајка ти,мора да си му важна,но дали се кае,тоа ти најдобро треба да го процениш,го познаваш како личност,како размислува итн.сепак види се со него,се познава искрено каење од неискрено .се зависи од тоа како те навредил,јас не би му дала втора шанса,но би го сослушала во секој случај.
Не,не никако ... И последен да е никако ... 5 години ми пропаднаа во вода заради него ... Спојлер Нека оди по ѓаволитен
Би му се вратила само затоа Што ми е многу згоден и убаввв само заради тоаа инче штом е бивш не бил добар
НЕ! Дефинитивно не би му се вратила па каков сака нека биде И последен да е на светов. Што било поминало Kога го сакав тој не го забележуваше тоа. Сега сепак би го сослушала но никогаш не би имала нешто со него повторно