Не. Никогаш не и се враќај на книгата на која однапред и го знаеш крајот. Ако било добро немало да се распадне.
Зависи на која На тој што одевме 3 години нема шанси.Значи некогаш имам чувство дека го мразам,незнам зошто али ете,има моменти кога мислам дека го мразам од дното на душата.Едноставно се чудам како можев да бидам со него кога знаев дека друг сакам. Со него одев ради времето претходно поминато со него,мислев последно ќе се смени нешто ќе го засакам,ама ете испадна спротивното. А на тој другиот радо би му се вратила.Го сакам,ме сака, али машка гордост Ајде ке помине и тоа,знам дека ќе бидиме заедно знам
Пред оваа голема моја љубов, имав прва. Како и секој што знае, првата љубов не се заборава. Но, остана само на прва неостварена љубов, со него немав апсолутно ништо. Го чекав да го направи првиот чекор, и не го дочекав. Со него само имав еден бакнеж и ништо повеќе. Баш минатата ноќ го сонував, ме бакна и ми рече дека јас сум била ТАА. А јас му реков "те сакам". Боже мили, глупости сонувам. Не го гледам денес воопшто. Последен пат лани, некаде пролетта. Знам и дека е сингл. Успешен е во животот. И многу ми е криво зошто не беше дел од мојот живот, затоа што не знам како би ми било да сум со него, а толку копнеев. И да се ставам во прашање дали некогаш би започнала нешто со него, доколку тој предложи, ќе кажам НЕ. Едноставно, не ни било пишано.
Скршеното не се лепи ,ќе го залепиш ама се гледа дека е пукнато , а да не збориме колку е и покршливо.. не би се вратила, ама нели никогаш не вели никогаш
Eма 89,ако имаш шанса да се вратиш на првата љубов врати се,поинтересно е зашто не сте биле заедно,верувај ми .не верувам дека тек така ќе го заборавиш A јас би се вратила само на првата љубов,си играме мачка и глушец со години,но тоа се слатки маки .A на претходниот дечко толку го замразив ,не ми се верува дури но не е ни чудо после се што ми направи со другите бивши сум ок пријатели сме ,а сите до еден сакаа да ми се вратат по разделбата,но јас не им се враќав
Доколку била силна и доколку дечкото навистина сеуште ме сака да,инаку не бидејќи така само се покажува обратното,на пр.Доколку дојди до повторна разделба ќе се обвинувам самата себе си. Затоа не,не секогаш.
Никогаш!!! За мене тоа е завршено. И да го видам не го мислам повеќе, мене ми е како и секој друг на улица што ќе помине. Иако не беше најубавата разделба, баш спротивно одвратна беше, јас сега нити го мразам нити го сакам нити мислам на деновите што сме ги поминале заедно. Единствено што се каам е што поминав толку време со него, но тоа повеќе се однесува на мене отколку на него.
После 3 години се вратив на старата љубов..во меѓувреме имав кратки врски и сл..не го мислев воопшто во тоа време..сега сме заедно пак околу 3 месеци,а претходно бевме 4 месеци заедно..скептицна сум во врска со ова,нели кога еднаш листот ке се згужва колку и да го исправуваме никогаш нема пак да се врати во првобитната беспрекорна форма..можеби грешам во врска со него,но чувствата не се исти како тогаш..нека трае додека трае..на крајот,јас нема да бидам повредената
да не речам 100% ама 90% е Не...ако било добро и ако ни било убаво и на двајцата сигурно немал да биде ''стара љубов '' освен ако имало некој акцес тоа е друга работа....до сега ми се нуделе такви шанси но не фала,ќе одам напред не се враќам назад
Како велат '' кога чашата ќе се скрши, колку сакаш лепи ја, пак од негде ќе протече вода ''. Така да, најубаво е минатото да си остане минато.
Би се вратила само на првата љубов.На последниов НИКОГАШ,толку ме повреди што не сакам да го видам,не пак да му се вратам. А другите,скоро сите ми се оженија,така да и да сакам не можам да им се вратам. Макар ашто никогаш не сум помислила на тоа.Да беа добри не ќе беа бивши.
Би и се вратила само на мојата прва вистинска љубов. Додека да трепнеш, прекинавме. А толку многу се трудевме да допреме до таа врска. - Само ти изрази желба, одма ќе се нацртам до тебе