Не паднавме на темата смирување, тој низ муабет го кажа тоа дека веројатно би ги имале истите проблеми,уште пред да се случи било што меѓу нас... Имав чувство дека ме тестира мене, до каде сум јас спремна...
Баш сега ми се дешава таква случка.Одевме 2 недели и му раскинав незнам ни јас самата зошто И сеа пак ме бара ма да не верувам дека ќе биди нешто.
Јас после 3,5 години се вратив на стара љубов.. Спојлер Искрено,се покајав.Не е како што беше.И никогаш нема да биде.Се сомневам дека ќе потраеме.
На последната “стара“ љубов дефинитивно не! Со таков женкар ни на душманот не му посакувам да иде! Само со еден од бившите би , но има толку работи што недостасуваат во него а што ги има во мојот љубен сега. Една од тие е интелегенција
Сега од оваа гледна точка дефинитивно НЕ. Ништо нема да се смени, има добра причина заради што сме завршиле и тоа е тоа. Не би сакала да си го губам времето за работи кои не чинат, а се повторуваат одново и одново. Таа е приказната, доста ми е од играње топло- ладно, ама јас се сменив.
нееее никогаш не би се вратила на мојот екс партнер, ни во најлудиот сон тоа не би го сторила-едноставно некои луѓе не заслужуваат простување, тоа задоволство и го препуштам на некој друг во случај да е заслужено тоа фамозно простување.
Немам стара љубов, меѓутоа познавајќи се себе никогаш не би се вратила назад. Нешто ако вредело, немало ни да заврши.
Кратко и јасно НЕ Чим завршила , значи не била вистинска и не вредела, како што кажа и феминката над мене
После година и некој месец од врската, почна да се чувствува тоа минато. Фамозно минато, кое никогаш не се заборави.. На работ сме на бездната. Денеска е пресудно дали пропаѓаме. А како што гледам, почнаат одроните.. Со нив, и ние се распаѓаме кон дното. Убаво беше. Кратко траеше. Ама, изгледа време е за збогум..
Доволно му беа и тие 6 години што ми ги зеде од животот па уште и да му се враќам уште да губам време с о некој кој не заслужува еден ден со мене камоли 6 години...како и да е се било со причина,сум научила нешто,требало да минам низ тоа, само жалам што толку сум сакала и сум се грижела за некој кој не вреди 5 денари...јас ништо не изгубив освен кретенот и време, тој изгуби и сфати ама многу доцна...