Се имам смирувано со бивши дечковци и тоа од причина што јас ја имав ,,усрано,, работата па си давав втора шанса на себе као демек ај овој пат ќе ја опрам работата.Но се покажа дека сум била во право и првоит пат па ќе си раскимевме со молскавична брзина послем смирувањето.Затоа наравоучение за во иднина ми е дека нема повеќе смирување со бивши па макар и колку да ми изгледа дека ќе ја ,,биде,, овој пат.
Верувала или не и јас бев во истата ситуација... сите ми викаа да не помислувам да се смирам со него но го направив тоа и ненормално многу згрешив коага се разделивме по втор пат ми беше уште потешко од приот пат... од се што се плашев дека ке се случи се случи за жал.неможев никако да го заборавам пробав да засакам друг но не ми одеше на крај престанав да контактирам со него,да излегувам со тоа друштво, се ослободив од се што ме потсекаше на него и бев со друг иако длабоко во себе знаев дека ми значи уште... немој да се вракаш ке бидеш повредена пак а ке боли овеке и сама на себе ке се лутиш зашто си му се вратила... а вака пробај со друг нека боли колку и да боли за подолг период ке помина (мене искрено ми требаше пола година :/ )
Не би се вратила . Тоа е како веќе прочитана книга на која и го знам крајот . Немам време во животов да се враќам по некој што веќе еднаш сум го оставила во минатото
Јас мислам дека премногу строго ги гледате работите. Што ако на пример тој бил љубовта на вашиот живот? Кога го видела повторно и се вратиле старите чуства, значи дека тој човек сепак оставил голем впечаток и не треба тоа да се занемари. Друго што треба да се прашаме е дали ние всушност сме срекни во сегашноста и дали ни фали нешто кое сме го имале во минатото? Секој човек греши, сме биле млади не сме размислувале зрело, имало икс причини поради кои таа врска завршила. Не значи дека сега би било исто со ист крај. Јас мислам дека треба убаво да си размислиш пред да донесеш конечна одлука. Сепак не ја отфрлај шансата доколку тој сеуште ти значи.
Јас лично си имам едно правило и до ден денес уште не сум го прекршила а мислам дека и така ќе остане... Да ја био добар, не би био бивши !!!
Мое мислење немој ке ти дадам еден пример сличен на твојата ситуација но немора да значи дека и кај тебе ке е така,а и немора да ме послушаш едноставно во моментот на нив ми текна.Вие сте биле 4год,а тие 8год по простувањето одлучија брак.На 20март беше свадбата за во октомври и судски да се разделат истата год.Бев на свадбата и ми изгледаа срекни заљубени но за кратко 6месеци.Разбрав причината била љубомората од страна на машкото за минатото и префарлањето за нивните бивши.Згреши ле што се помириле што избрзаа за свадба трошкови правеа на родителите кога за кратко време сватиа дека не може да им е исто како порано.Мака ми беше за нив убав пар беа,интелектуалци,зрели за брак,но нивната одлука била таа.Размисли си добро.Ти посакувам срека.
Не можам повеќе да се согласам. За мене кога е кажано крај, тогаш навистина е крај! Никогаш не би се вратила на старата љубов.
Се имам вратено .. Не се каам уопште дека се смиривме, баш ми е ОК, зашто се убедив дека со него никогаш нема да функционира, и со мирна глава продужив напред. Се смирив само за да не сум *во бедови* .. мислев дека го сакам, мислев дека со него ко што било, нема со никој. Но сега кога си го имам сегашниот си се чудам на паметот што сум го имала .. Сега ми е нај убаво, на предходниот ни на сон не би му се вратила...
Да. доколку за него ме врзуваат само убави моменти,а сме раскинале поради некоја глупост или прва кавга а да таков е случајот со мене и сега баш би сакала да сум со него...понекогаш се прашувам што ќе беше, како ќе ми беше ако не бевме раскинале??? Ама тоа е веќе минато....да се надеваме за подобро утре
Не беше добар, сеуште не е добар. Мислам дека ја прочитав лекцијата, ама не ја научив ко што треба. а ја ко што сум наивна и глупава, ми иде во секој момент да му кажам те сакам, сакам да идам со тебе. ама има поминато едно 6 месеци. он мислам не ме сакаше ни тогаш а камоли сега вчера завчера ми вика те сакам, сакаш пак да бидеме заедно, али сепак тоа се зборови на еден недораснат кретен и неможам нормално да му верувам по милионити пат. неможам да му кажам ни да ни не. значи негде сум во средина, неодлучна сум, не го сакам ко тогаш ама сепак го сакам. сепак.. времето ќе покаже.
Луѓето се менуваат со тек на време, јас имам направено една грешка од порано, оставив дечко што многу ме сакаше, јас бев толку дива што не можеше ништо да ме скроти. Од време на време ќе помислам на него и стварно ми е жал што го повредив, а го сакав најискрено како мало дете. Сега го сакам тоа што тогаш ми изгледаше монотоно и досадно, сакам стабилна врска, љубов, разбирање, седење дома заедно, гледање филм, слушање музика.. би била пак со него дефинитивно, али толку многу се сменија работите што не се ни осудувам да пробам нешто, мислам дека немам право да му се мешам сега во живот, било поминало, а срцето секогаш ке се прашува "што ако беше вака или онака" memories, memories... ahhh
Ако ми даде да му лупнам една меѓуножно, може Велат, никогаш не вели никогаш. Сепак, не би. Ако не си ме ценел додека требало, што ќе ми е љубов лепена со селотејп! Не вреди да му се враќам, зошто после тоа, со време ќе треба да плаќам. А времето е кратко и скапо. Затоа - Не, не би му се вратила.
Не! Затоа што е стара и затоа што не сум сигурна дека беше вистинска љубов! И да не бев толку заљубена во сегашниот дечко знам дека пак немаше да копнејам по времето поминато со бившиот! Едноставно не бевме еден за друг! Со бившиот никогаш не функциониравме како заљубен пар, туку како другарчиња а и мали си бевме ! Дури и спомените од тоа наше дружење полека ми избледеа така да сфаќам дека многу малку ме врзува за тој преиод од мојот живот!
Се имам враќано и никогаш повеќе такво нешто не би направила. Ако сте еден за друг немало ни да се разделите. А да точно е дека кога ќе сретнеш некој што ти значел чувствата се враќаат за тоа што лошото побрзо се заборава а убавото се памти-барем таков е случајот со мене, но тоа е минато и таму треба да си остане.
Сега сум со стара љубов и да, пак би се смирила со некој со кој што сум била(иако овој не го оставам никогаш пак). За да се вратиш на стара љубов значи дека си сфатил колку таа личност е важна за тебе, што ти значи и колку. Само кога ќе изгубиш нешто или некој го дознаваш неговото значење во твојот живот.