До сега не сум се вратила. Не гледам некоја поента, штом работата дошла до раскинување тогаш верувам дека и да се смириме повторно ќе се случи истото. А и без врска ми е да раскинеме, тој да има други девојки а јас други дечковци во меѓувреме па ај не ни тргнало па сме се навратиле еден на друг.
Зависи на каков начин сме ја прекинале врската и како се одвивале настаните додека сме биле разделени. Ако завршило со караници и на болен начин, тогаш не. Некогаш не требало да биде во тој период и расчистувате најнормално, човечки. Секако после тој прекин е нормално двајцата партнери да најдат нови и да пробуваат со други. Ама после одреден период, доколку двајцата сфатат дека сакаат да се смират и како возрасни луѓе разговараат околу тоа, тогаш мислам дека е возможно. Па реално, они и пред вас имале други партнери, ама додека сте биле заедно тоа не ви пречело, нели?
Никогаш! По втор пат исто гомно не се јаде,среќа имав па на време се тргнав од бившиот и ден денес да останев тешко мене ќе беше. Си остануват бивши во минатото и нема што понатака да се збори
ne.ako funkcioniralo nemalo da prekine.i da se vratis sum probuvala ko so nekoe drugo sustestvo da siimas rabota,maskata padnata toa e toa
Не! Не одеше сите обиди се попусти и нема љубов од моја страна за него повеќе, направи работи со кои ми се гади и повраќа кога ќе го видев. Сега ми ее сеедно исто како да не е тука рамно на странец ми ее. Кога пред половина година ми го кажуваа оваа јас неверував. Во моментите кога се трудев да ја управам врската со надеж дека се сменил, дека сега е поразлично, но се беше розово еден месец потоа пак по старо исти грешки, кавги ама овој пат се беше полошо и полошо. Кога ќе размислам поубаво за двајцата што прекинавме.
ја на старо се никад не врачам .. еднаш ако решам после дури и чувствувам гадење кон таа личност.. тешко е да престанам некого да сакам, но еднаш кога ќе се случи нема назад. Не е гордост или его во прашање едноставно таква сум.
Мислам дека не постои правило...има разлика од врска до врска. Јас со момчето кое го запознав пред 9 години, имавме мноогу тегава врска која траеше година дена. Почетокот беше како во приказна, после некое време се отоде во вода, разочарувања, неверство...ама се препишувам на тоа дека бевме млади јас 18 а тој 21...не успеавме тогаш и јас многу патев, после некое време (една година) лудоста помина и си дадовме (јас* дадов) уште една шанса, а тој го оправда тоа сега сме во среќен брак после 7 години врска. И не би можела да замислам како би функционирала со друг...мислам дека сама ке процениш дали вреди втората шанса зошто често таа шанса си ја даваме на себе, а не на другиот