Гарант пред смирување сум била со тогашниот бивши (или дента сме се смириле) па затоа вака пристрасно сум пишувала. Ама после долг период разделени и плус нови искуства немам потреба нити желба да се вратам кај што сум била несреќна
Ех, од оваа гледна точка и најповредена сум и пак би. Поентата е healing и време за да можам слободно да речам: не. Ме скршил, нема поента да ме оправи.
Никогаш , дури си викам како сум можела да бидам со таков сељак , заедно учевме во средно ми беше прво другар , враќајќи се назад во времето за другар стварно беше добар и за дечко не дека беше лош ама си остана детинест едноставно не би сакала никогаш да бидам со некој што се пијанчи низ парк на овие години , несозреаност до бесвест.
Па имав една врска после која, се навраќавме еден на друг неколку пати и не беше лошо искрено Што знам, зависи за кого се работи. Генерално не би била пак со бившите освен со една личност, за која ми остана желба до ден денес... Сега во моментов да ми рече да бидеме заедно, веројатно би прифатила (мада сегашниот дечко нема да реагира добро на тоа ). Ама тоа секако никогаш нема да се случи зашто никогаш нема да ми прости и нема да ме контактира...
Се вратив после 8 месеци разделени. Не знам дали донесов исправна одлука, времето ќе покаже. Ама не се каам, пак би го направила истото.
Јас се смирив со дечкото со кој шо идев 5 години. Нека иде живот! Или ќе си потрошиме уше време или ќе чукаат тапани за некоја година.
Не, затоа што сегашната љубов ме натера да заборавам на се' што некогаш било... Како нова сум оттогаш. И среќна сум. Не би ја заменила оваа среќа за ништо на светов.
Ако е стара зошто да би се вратела? Животот тече, па така и само треба да се гледа напред. Не можам да преминам преку некои работи и не правам отстапки за нив.
Не, затоа што не за џабе е стара љубов, па таму и нека остане, кај спомените. Кога би се смириле на почеток би било убаво, но по некое време пак ќе избијат проблемите на површина и така се во круг. Ретко која особа да може да смени карактер. Затоа НЕ на старите љубови и едно welcome на идните ,,среќници,,
Паа,не би. Ако тоа некогаш било стварно толку убаво и такво какво што сме сакале,би останоло и понатака во иднината.Ако стварно толку вредело,не би ни требало да се дојде до овој степен.Така да што било поминало,ќе дојде подобро и за двајцата.
Можда би се вратила зашто да не, секако доколку стварно сака да биде со мене, и доколку стварно е променет, иначе вака не ми треба воопшто да ми се врака, ниту да бидам со него ако воопшто не се сменил.