Доколку е нешто преку кое што не може да се премине се согласувам, но ми се има случувано некогаш да ме фатат кризи за дечко и да се вратам на тој на кој сум му раскинала за забава кога немам никого
Никогаш. Неможам да поминам преку истата бура повторно. Ако те фаќаат кризи за дечко. Ќе си фатиш нов. Таму кај што си плукнала, не треба да лижеш.
Не се наоѓа толку лесно нов дечко по мерак (не ги рачунам оние што се пуштаат на сељачки начин по мсн или инста), но доколку ти згрешил многу ( ако те малтретирал психички или физички) секако дека не треба да се враќаш тоа е завршена приказна
А бившите твои во секој момент кога ќе ги посакаш назад се достапни за тебе? Исто на сите им е само за забава?
Ни во лудило, морници ме лазат од помислата, а кога ќе размислам па и не можам да кажам за некој дека ми бил љубов освен маж ми откако го запознав
Секако! Ниту тој мене ме изневери ниту јас него, ниту па нешто ми има згрешено. Би му се вратила и тоа како
Секогаш кога ќе го видам ми застанува кнедла во грло за се што поминавме, за љубовта што му ја дадов, за клоцата што си ја добив Ни едно збогум Никогаш не би му се вратила и покрај тоа што еден дел од мене засекогаш остана кај него!!!
Никогаш, колку и некој да ти фали, додека сте биле заедно имало начин како да поправи се и да биде подобро, чим тоа не се случило тогаш со причина е така, по некогаш човек треба да си дозволи себе си да иде понатаму колку и да е навикнат на некој, џабе моменти џабе љубв некогаш и колку и да сакаш некој и да си луд не иде