Претходно имав мислење дека никогаш не би се вратила, сепак стара е со причина, сега би се подразмислила но секако би имало многу услови и промени ако би се вратила
Еднаш направив таква грешка и веќе НИКОГАШ! Човек не се менува никогаш, ма колку сака нека убедува во спротивното. Прочитана книга, крајот се знае уште на почеток!
Раскинавме бидејќи околностите моментално не ни дозволуваат да сме заедно. А љубовта е сеуште тука. Останавме на добри односи и доколку љубовта не ни згасне неколку години во иднината и се сретнеме пак, и секако околностите тој пат ни одговараат, да, ќе се вратам без размислување. Сум човек што би ризикувал се за љубов.