Прашањево си носи многу подпрашања во него. Прво, зависи зошто сме раскинале. Ако тоа било некаква банална причина, секако дека нема да водам инает. Исто така зависи и од тоа како ќе се одрази тој прекин на нас. Не ретко се случува да сфатиш нешто колку значи, баш тогаш кога ќе го изгубиш. Не ретко се случува да бараш некаква утопија, да прекинеш и да сфатиш дека таа утопија ја нема, туку реалност во која врската не е само моментална страст туку многу повеќе закомплицирани чувства, емоции и однесувања. Но доколку причината за која што сме прекинале тежи многу повеќе од сумата на сето она што го чувствувам за него, се разбира дека нема да се вратам (секако доколку сум сигурна во она што погоре го пишав).
Сум пробала и сум се зезнала гадно....ни сепак ми се враќале мисли за други личности после таа што ме зезнала но сепак коа веќе еднаш си ја прочитала книгата и го знаеш крајот...тој нема да се смени
Е не ми се верува дека сеуште ми значи Го немав видено некој месец, никако да се сретнеме... сега го видов од далеку и повторно се вознемирив И вечерта ми се уништи...Инаку јас ја прекинав врската, зашто тој си е по природа женскар, а јас сум по природа многу љубоморна, немав доверба во него и постојано се нервирав зошто дознав дека ме изневерува и постојано се нервирав а потоа ме бараше пак да се смириме повеќе пати.... Луѓеееееееее сама сум 1 година бе, не сум нормална... таман кога ќе почне некој нов да ми се свиѓа и да ми се случува нешто убаво тој пак се враќа и се одпочеток. Како да има некој детектор вграден и си вика- ааааааа почна да ме заборава, ајде пак да ја побарам. Се мислам другава година и да се преселам од градов, неможам да поднесам да го гледам веќе... си мислам засекогаш ќе го сакам идиотот А дали некогаш ќе се смирам, времето ќе покаже доколку тој некогаш се смени
А дали некогаш ќе се смирам, времето ќе покаже доколку тој некогаш се смени [/quote] Таквите не се менуваат,може само да се залажеш дека се менува или ќе се смени, но подобро гледај да си најдеш некој друг.
Бивш си е бивш,нема назад! Можеби некогаш ме фаќа љубопитство што му се случува во животот,ама да му се вратам -НЕ!!! Можеби едноставно таква сум јас,но тоа што било поминало и така треба да остане,ако вредело сигурно ќе се нашло начин да опстанело(барем јас мислам така).Нормално ова не се однесува на тоа ако сте лути неколку дена или па ако сте сватиле дека ви треба мала луфта т.е. пауза да видите до каде сте,ова се однесува на врска која се раскинала од икс причини,врска во која и двајцата сте сфатиле дека е готово.
Мојот сегашен ми беше бивши Јас му раскинав, мислев дека ќе најдам некој попаметен, подобар, поубав, по... Ама по многу пијани ноќи, проследени со секакви мувачи, па дечковци, сфатив дека он е тој кој го барам цело време. Среќа се уште ме сакаше и ме чекаше, немаше дигнато раце од мене
Не практикувам враќање на бившите, често си велам таму кај што плукам не лижам Секако зависи и од околностите и причината за раскинувањето,никогаш не вели никогаш.Но сепак иста книга не се чита два пати, и така веќе и го знаеш крајот
Од се зависи. Дали ќе се смени. И дали ќе си ги поправи грешките што ги имал направено минатиот пат. Би му се вратила на еден бивши што му раскинав за банална причина.. и сега ми е криво.
Да бидам искрена се имам навракано на бившите ама умствено, сум мислела на нив и сл..но не би имала повторно врска со некој со кого еднаш имам прекинато, најмногу заради мојата гордост, кога еднаш ке завршам со нешто продолжувам понатаму, а ми било мн тешко и сум имала шанса, ама имам мн принципи, и мислам дека ако еднаш нешто се скрши колку да го лепиш нема да биде како порано
Па викав дека би му се вратила...само тој да посака. Правев се за да го видам. Се распрасував се за него знаев со кого, каде, кога излегува...Се замарав долго време по раскинувањето. Иако не бев со него, друг дечко не сакав... Една убава вечер излегов со друштво и се запознав со едно дете (мојот сегашен дечко). Почна да ми го краде срцето, излегувавме, се допишувавме...целосно почнав да го заборавам бифшиот и среќна сум поради тоа. Сега сум среќна со дечко ми.Тој е за мене единствен! Порака: Не губете надеж. Секогаш ќе дојде подобар. Некој што вистински ќе ве заслужи!
iskreno bi ti preporacala da prodolzis napred ne gledaj vo minatoto.nekogas ne e dovolna samo ljubov za da funkcionira vrskata kako sto treba.sum bila vo takva situacija i napraviv greska pa zatoa eve nauci nesto od mojata greska
Ако сме решиле да ставиме дефинитивен крај на нашата врска, не знам што е тоа што ќе ме натера да му се вратам. Чим ни' се случило нешто што довело до тоа, ништо не ми гарантира дека овој пат ќе биде поразлично. Ми се случило да сретнам бивш дечко и да се сетам на некои спомени, и сум размислувала што ќе се случело ако сеуште сме биле заедно. Ама се враќам во реалноста и знам дека се' се случува со причина.
Не сум ни размислувала на таа тема, но и кога би го видела и повторно би се појавиле некои чуства не би му се вратила, бидејќи постои причина поради што не сме веќе заедно и не би сакала повторно да проаѓам низ истото. Според мене, човек не се менува ( за веќе изградена личност).
НИКОГАШ ! Ако се скине конецот , може да го врзеш ама на тоа место секогаш ќе запнува. Не сакам да живеам во минатото, на старата љубов местото и е во сеќавањата, само така секогаш со радост ќе се сеќавам на него.
Па можеби ќе звучи чудно, но јас откако го запознав дечко ми и се заљубив сфатив дека тој е мојата прва љубов. Едноставно она што го почувствував и го чувствувам кога сум со него не ми се е случило со никој друг. Можеби затоа што никогаш не сум била во сериозна врска пред да бидам со него, ниту пак со многу машки