Минатото е како некоја книга, но очигледно лоша книга, која сте ја прочитале и немате намера уште еднаш да ја читате затоа што била лоша. Така оди тоа, без разлика што се случило, таа приказна завршила неславно и нема потреба на нејзино навраќање. Само еднаш досега сум се нашла во таква ситуација и сфатив - никогаш повеќе! Доколку станува збор за долга врска, очигледно се случило нешто сериозно за таа да пукне, затоа што како што е општо познато, долгите врски не се прекинуваат поради некоја ситница - имал грда фризура на пример А доколку станува збор за кратка врска која била прекината, мааааали се шансите таа да биде обновена и да функционира како што треба, затоа што на почеток на врска, би требало да се чувствуваат и двајцата ко во облаци, а штом е завршена - нормално дека тоа не се случило. Така да, штом на почетокот не им било убаво на двајца, што да очекуваат понатаму кога се почнува да станува секојдневие. Мислам дека нема шанси, колку и да се трудат и двајцата се ќе биде вештачко, без ништо посебно во таа врска.. Не на минатото
Ех, и мене ми се слуци да се смирам со еден од бивсите, но набрзо се показа дека за дзабе сум се мацела,тој си останал ист, сто е најтрагицно и другиот после него-исто бивс си останаа исто, и мислам дека додека се зиви тие нема да се сменат, мозеби потоа како сто ми каза една другарка дека дзабе ти се обидувас да сменис маско нема да успеес во тој обидид, само ке се сменис ти, т.е. тој ке те смени тебе за зал изгледа дека е така
А бе не е секогаш само до машките, понекогаш и ние сме си криви. Но како и да е, штом врската не траела, очигледно нешто не штимало, без разлика од која страна. Но, после дожд (понекогаш) иди и сонце Време и само време ... то му е лекот
705nen- не зборам за враќање барем да го доживеам денот кога ке се извини или ке каже да се кае... кога ТИ си ги дочека твојте 5 минути више беше залјубена во друг? и колку време помина? ЗАВИСИ ЗА КОЈ, НЕКОИ СЕ ВРАЌАЛЕ ПОСЛЕ НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ НЕКОИ ПОСЛЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ, НО СЕПАК СИТЕ СЕ КАЕЛЕ
Прва пат - шејм он ју, втор пат - шејм он ми ...е трет пат - шалили смо се...нече мочи Риалити чек - Ни за милион години!
А која беше мојата стара љубов??? Ма не бреее.. Какво враќање?! Верувале или не ама мене како во овие 5 години да ми се состои целиот живот. Јас заборавив, не се ни потсетувам а немам ни потреба на било што пред тоа. И јас и мојот торко имаме дојдено до истата констатација. Чувство како да немаме минато, како целиот живот да сме еден крај друг.
Не...ако еднаш е крај,засекогаш е крај.Не знам да си играм,ниту гаам посебни чувства кон бивши љубави. Ма да...ако во прашање дојдат некои потреби...може да ги искористам без да впуштам чувства у тој процес!
Со ова искуство што го имам сега, не можам 100% да тврдам дека не би се вратила на бившиот, затоа што никогаш не се вели никогаш но едно 99.9% НИКАКО. Штом нешто завршило, тоа е така со причина. Штом еднаш не ми одело со некој, нема да дојде добра вила и да не измени и двајцата. Јас никогаш нема да се потчинам и да глумам верна домаќинка што не смее да има ни другарки повеќе а тој никогаш нема да престане да биде тоа што е - посесивен себичен глупак. Никогаш не би се вратила на старата љубов(иако во минатото тоа го направив едно 123940823094 пати, но сметам дека и за тоа имало причина, односно тоа ми било лекција)
Не. Штом еднаш сме решиле да ставиме крај, значи нешто не било во ред и ако се навратиш пак, повторно ќе се појави. Можеби боли но со тек на време се поминува, така да се трудам да гледам само напред а на тие моменти од минатото да се сеќавам со насмевка на лицето и да ги гледам само како искуство повеќе од кое ќе учам во иднина. Поздрав
Па ако вредела и ако била убава немало да биди стара, ќе траела уште. Зошто тогаш би се вратиле на старата љубов?
Добро кажа се согласувам со тебе ако вредела и ако било убаво немало да биде стара ќе трале се уште Не не би и се вратила на старата лубов во никој случај затоа што знаеш како ќе заврши
Кратко и јасно- НЕ !!! Не гледам причина поради која би била пак со него.Што било помеѓу нас-поминало.Сега остануваат само спомени... Не за џабе рекле еднаш скршеното-не се лепи
Досега никогаш не се имам враќано, а мислам дека и во иднина не би се навратила затоа што ако еднаш се скрши колку и да се лепи џабе е..
Нема шанси да бидам пак со него.Со сегашниот дечко научив што е љубов и врска и не, нема шанси да се вратам на старо, па и да се сменил.Му поминала шансата што сега ја искористил некој друг.
Коа еднаш нешто ке се скрши и да го лепиш џабе е. На прочитана книга и се знае крајот. Но и залепеното може да функционира и понатаму, а некои книги имаат продолженија... така да ако сеуште постојат чувства и типот докаже дека му е навистина дојдено до мене, дека не му е само до тоа да си докаже дека може да ја има бившата,би се се смирила
Е вака.. размислував многу и многу и сватив дека прво чувствата почнаа полека да се губат и бришат. И знаете како е глупаво да знаете дека некогаш сте сакале некого најмногу, а сега од тоа не останало ништо? Или само прав. Ситен прав. И како што чувствата избледнаа, тоа е првото зашто не би се вратила. Второ, и да се вратам и барем чувствата барем малку да ми се навратат, и спомените, знам дека пак ќе биде исто. Зашто да бидам со некој пак кога веќе однапред ќе знам како ќе заврши, ќе го знам крајот? А да се смени нема. Тоа знам. Колку време помина, до сега не се смени, нема ни од сега. Иако можеби малку жалам, ама само малку - сепак, не би. А и кога нешто е лепено и се повторува, сепак не е тоа истото. Чувствата не можат да бидат исти. Разговорите, погледите.. Се тоа останало во минатото. Тоа нема да се повтори. Едноставно се ќе биде поинаку, колку и да се трудиме или трудите. Не би се вратила..