Особено ако врската престанала поради тоа што тој сакал, ако сакаш да се себе-дотепаш бујрум, земи си ја штиклата и мавај се по глава, пак врати на нога, соблечи ја од едната нога цапни си’ ја, така на гола нога... пак на рака цапни си потоа, мислам помалку ќе те боли отколку што ќе те боли кога ПО ВТОР пат ќе те остават, тогаш ќе си д’ бигест ас, д’ бест оф фулс евер. Бидејќи дека ќе те остави ќе те остави. Ако некој имал срце да во фаца ти каже не те сака повеќе да речеме, мислиш ли нешто би се променило, доколку те видел со дечко некој да речеме, демек одеднаш осетил „раш“ од емоции. Немој бе, не ме радУј ќе рипнам од балкон . Да се вратиш ради детско некое „пеј бек тајм“, тогаш спреми се за тоа дека и другата страна ќе го има тоа на ум па, ќе е прашање на тоа кој попрво ќе го повлече пиштолот. Јас секако не го сакам тоа. Решил да оди, сум решила да одам, еј, до таму било, па-па, чао џаци тоа беше се од нас двајца. Нема по ружно од тоа да си цапнеш сама на своето јас, т.е да си се погазиш себе си, она поради што си го напуштила, или поради што си решила откако те напуштил дека човекот не вреди да кренеш веќе слушалка да го побараш.
Не би се враќала на нешто старо, на нешто што поминало. Не сакам да гледам назад. Сме прекинале затоа што имало причина, нешто не било како што треба, и многу е веројатно пак да тргне на лошо или да се повтори истата грешка.
Дефинитивно НЕ!!! Никогаш не сум го правила ова! Чим сум му кажала крај, значи дека ова е крајот меѓу нас!!!
Со оглед на тоа, кој ми спаѓа во бивша љубов... дефинитивно едно големо НЕ! и си се водам од девизата.. не навраќај се на бившите, не ги јади истите г*мна 2 пати.. а и да биле доволно добри не би биле бивши
Секако дека НЕЕЕЕ! уште еднаш истите глупости и нервози да ги доживеам? Не благодарам Крајот си е КРАЈ!
Би му се вратила да, на една така постара љубов. Бидејќи беше по моја вина. Но ни на крај памет не ми текнува да го барам сега кога си има долга врска, можеби би се обидела доколу е сингл и доколку јас не сум заљубена во друг. Не сум имала други сериозни врски освен оваа што ми е ставена на пауза. Незнам дали би му се вратила, сеуште сум во фаза на мирување. На другиве тинејџерски љубови не би, детска работа било тоа
оф па мислам дека не ни беше тоа љубов.. ама НЕ! во никој случај! никогаш не би го пропуштила ова сонценце што го имам сега за некој таков...
Не. Ако нешто завршило тогаш сигурно било со добра причина. Не гледам ништо што би ме натерало да се вратам на старата љубов, што било-поминало... и подобро што поминало.
Не врачам се кучи - Леси. Само ова не е домот мој ама добро Нек го преврти градов наопаку, не се враќам. Имам дечко што ме сака и почитува, а не некој Спојлер копук , што не беше способен да препознае колку го сакав. Е сега нема. Знам дека ме мисли уште ама ако му е. Нека си ја треска главата од ѕид
Имал време да ми покаже , но ме лажеше , сега сум среќна сама сум , но сфатив дека нема време за да чекам некој , мој живот ќе го живеам така како што сакам . Има еден дечко што ме направи среќна се надевам ќе заврши со врска ако не и него не го чекам нов е најдам 1 СЕ ЖИВЕЕ нез кој од форум ми рече на прочитаната книга и се знае крајот , кога веќе знам како ќе заврши заш да ја читам ?
Се имам среќавано со моите бивши но ништ не чувствувам за нив,скоро со повеќето или може да се каже со сите не зборувам....А да се вратам на стара љубов-НЕМА ШАНСИ!!!
нема шанси кој му е крив што не знаеше да го извлече од мене најдоброто ..сега ме има некој друг епа сега нека ја трпи таа чавката
НИКОГАШ ! незнаеше да ме чува доволно, не планирам да се враќам на некој КРЕТЕН што незнае да ме цени !
да кога ќе го видам бившиот ми навираат некои чувства но никогаш нема да му се вратам бидејќи сега сум среќна со друг а тој ме повреди многу и сега може само да гледа од страна колку ми е убаво со друг!