Мене самата љубов ме натера да се сменам. Тотално од корен. Се осеќам како мало дете, ги сакам и ги правам работите што навистина ги сакам и ми значат. Фокусирана сум кон посмели цели. Сега сум среќна, како никогаш претходно.
Не.Кој ме прифаќа и цени ќе ме сака таква каква што сум. А несвесно поред него можам да се сменам.Сега ми се случува тоа, толку ми влијаеше неговиот разговор што стварно се смирив и се сменив колку-толку на подобро. Он секако не ме натера на ништо, он само ми го пушти жарчето, јас си ставив прст на чело и абракадабра.
Jaс ја имам направено таа грешка. Зашто викам дека е грешка?Епа некој да те сака ќе те прифати каква што си стварно, а на него ништо не му се доѓаше. И тогаш сфатив дека кога некој ќе се одлучи да види нешто лошо во тебе ако сакаш ти заколни се дека си направил најдобронамерно, тој ќе најде пак некоја грешка.
Не и никогаш бидејки пред две години другарката реши да оди во Битола имаше работа там како медицинска сестра слободно и ја викаа и таа одби поради дечко и љубоморел.. И остана поради љубов де тука работеше во една трафика за 10 000 а таму ја викнаа за 20.000 да работа плус нов простор нови луѓе...И одеа одеа еден ден доага расплакана и ми вика мојот ке одел утре за Швајцарија по работа божем кај таткому а подоцна откривме дека се допишувал со некоја од там долго време и сега се таму заедно.
Љубоморни луѓе во Македонијава има колку сакаш. Со лопата да ги копаш. Јас слични муабети како тој погоре што го цитирав сум наишол на повеќе. А се почесто гинсреќавам околу мене. Другар од детството кога се дружевме порано постепено, секој ден ми зборуваше како сум купил кола, а тој немал таква иста. И на крај му дадов "корпа".
Slucajno naidov na ovaa interesna temamoj sovet e nikogash ne se menuvajte zaradi nekoj drug zosto ke se izgubite sebesi kako licnost.ako sakate da se smenite napravetego toa samo za sebe I za svoi interesi, no nikogash zaradi nekoj drug. Sekoj pat koga sakate da smenite nesto zaprashajte se dali toa ke vi bide korisno vam I dali ke ste srekni so toa.
Интересна тема. И да и не. Добро кажано од членката над мене, само ќе додадам. Не би се променила целосно за некој, ама би дозволила позитивно да влијае на мене, да ми укаже на грешките, со цел јас да бидам подобра личност.
Јас поради себе не успевам да се променам а не па поради машко Ја нема таа сила на светов што ќе ме промени, арна сум си каква што сум си, дури и мааните си ги сакам... Лев карактер, избувлива, директна.. Единствена промена што ќе ја направам е што денес ќе се фарбам црвена..ем тој сака такви ем јас сакам да променам нешто..win-win ситуација
Па во подолги врски мислам дека несвесно се менуваме. Прифаќаме некои навики и однесувања од партнерот.
Па обострано е скоро секогаш. Не зборам лично за мене, зборам за луѓе во среќни и долги врски. Поминуваат време многу заедно и прифаќаат навики, се менуваат. Секогаш имам приметено како со тек на време стануваат слични меѓу себе и многу навики еден од друг прифаќаат. Зборам за луѓе во среќни и здрави врски, а не токсични.
Па затоа и се запознавате меѓусебе за да ги прифатите и мааните или да речам негативни страни, дали можеш да се справиш со нив... А тоа менувањето на личност, пример ако те прави подобра личност оти да не?