Не. Правам компромиси, како и тој, ама да се сменам како личност, заради некој, или некој друг заради мене.. не е то љубов, вештачка творевина е. Испаѓа: Те сакам, ама не баш тебе, нешто малку поинаку од тебе. Ако сакаш нешто поинакво, најди нешто поинакво.
Не мислев дека беше промена тогаш, јас мислев да се прилагодам на тоа што го сака, а и тој на тоа каква сум. За првата љубов моја ке сторев се... Сега не, ете лошо заврши тоа. Разликите се сепак разлики кои секој карактер си ги носи и е психички не здраво да се потиснуваат заради некој.
Сметам дека никогаш нема да најдеш некој со кој во се си погодена. Сметам дека доколку постои голема љубов би сменила нешто во врска со себе, што него го иритира и обратно. Булшит ми е тоа треба да ме се сака каква сум и не се менувам за никого. Врската е компромис. И никој не е должен да трпи контролирано и љубоморно створење, ни па јас не сум мајка да воспитувам некого. Кажувам дека тоа ми смета, дека тоа ме повредува. Ако гледам дека има труд и подобрување останувам, ако некој ми мрчи и се навреди од тоа, чао. Сепак моето мислење е за една особина, навика, зависност(пушење, алкохол, апарати, трава...) и нешто слично. А, не за темелно менување на цел карактер. п.с Исто така сметам дека за време на една врска несвесно се менуваме. Зависи од човекот со кој си, дали ќе се смениш за подобро или кон полошо. Не верувам дека карактерно некој може да се смени. Сметам дека секој од нас има лоши и добри особини. Никој не се раѓа лош и никој не се раѓа добар. Во различни ситуации, различни особини доаѓаат на виделина. А, тоа е поради различните темпераменти, боспитувањето и средината.
Нема зошто да се променувам. Секогаш кога ќе се запознаеш со некој, со кого мислиш дека можеш нешто на романтичен план, претстави се вистинската ти, без маски и криење. Вистинскиот така ќе те сака, со сите 'маани' и несовршености, ако сте компатибилни така одлично, не ќе се менувам за да станам компатибилна со некого. (Можеби и премногу сонувам дека оди толку лесно и како подмачкано, но стојам зад мислењево.) Колку сум сретнала така се криеле се криеле, стапуваат во брак, и пука црна погибија. Затоа нема потреба од никаква промена, биди си тоа што си.
Да, ако сметам дека некоја особина влијае на квалитетот на врската, а воедно е нешто што не се ни гордеам што го поседувам. Но, целосно да се променам, не би, од причини, ако сака некоја друга верзија од мене, може слободно и да си ја побара во друга девојка. Јас сум јас, прифати или замини. Кога не си задоволен од нешто, подобро е да раскрстиш пат, отколку да се негираш себе си во целост.