Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би се менувале како личност заради машко?

Дискусија во 'Врски' започната од manja666, 23 септември 2011.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Морав да се сменам,не само што нему му пречеше туку и мене ми пречеше мојата избувливост и претераната љубомора.Секој ден се каравме само заради тоа мое однесување а осекав дека така го губам.Срека моја што ми даде шанса да се сменам :)
     
  2. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Прифаќам кога некој ќе ми каже што му смета кај мене во лице, зашто почитувам искреност. Би се сменила доколку и јас сметам дека таа моја особина почнува да ми смета или предизвикува несогласувања. Ако некој инсистира на тоа да се сменам или ми поставува некој услов, од инат нема да променам ништо. Сметам дека ако некој ме сака, ќе ме прифати каква што сум, а ако се обидува да ме промени, значи ме моделира на начин кој нему му одговара, а тоа е себично. Ако сакаш некој, ќе го прифатиш со сите негови мани и недостатоци...
     
  3. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Да би се променила, во мала доза. хехе Колку да можеме да се разбираме, а ако има и нешто добро да научам од него, зашто да не.
    Но не сакам, кога другарки се затварале, се менувале, за некого. Тоа е како да губиме се свое, и се се движи околу него. НЕ! Ако имаме заеднички интереси сакам да ги делиме заедно, ако не, да најдеме! Но секако и секој да има нешто свое што го прави посебен и му е хоби или слично.
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.075
    Допаѓања:
    66.887
    Пол:
    Женски
    Eдино што бара да сменам кај мене е нервозата. Да не избувнувам толку лесно и малку да се контролирам. Еми и јас тоа би да го сменам, ама уште да се менуваше така лесно. И секој пат кога ќе си речам, готово, ќе се контролирам, нема веќе нервоза, обавезно се случува нешто што ќе ме извади од такт и се паѓа во вода. И џабе е. И едното нешто не можам да го сменам.
    А што се однесува до навики, за сега нема таква побарувачка. А и да има ко што ми изгледа тешко дека би ги сменила. Бик шта чеш.
     
    На crazylady, okcenzi, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. helenich

    helenich Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    se smenav za 360 stepeni...a otsekogash velev deka za mashko nikogash nema da se menvam...jbg se zaljubiv vo najgolemiot kreten :/
    [mod-kirilica:zc272ou2][/mod-kirilica:zc272ou2]
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Па секако дека не би се сменила целосно како личност и карактер, но ако тој искрено и добронамерно ми укажува на нешто што не е добро во мојот карактер, би се обидела да го сменам. Но не заради секого се разбира.
     
  7. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Би менувала некоја моја навика, или некоја особина за која и сама сум свесна дека ми е лоша. А да се сменам целосно заради некој :?: мислам дека нема. Треба да сум претерано заљубена,а и тој во кој сум заљубена неизмерно да ме сака и да има заслужено да сме смена ради нега.
    Но,кога ќе погледам од друга страна,ако ме сака,нема ни да побара да се сменам,така да...ЕДИНСТВЕНО би сменила некои лоши навики или особини,како на пример инаетот :)
     
  8. DeRenal

    DeRenal Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    мислиш си се сменила за 180 степени, а не за 360. Ако е 360 значи воопшто не си се сменила.
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Не целосно. Не сакам да бидам нешто измислено за да на некој му биде подобро. Така губам од своето јас, и од тоа каква личност сум. Но, би сменила некои работи кои нему но и мене ми сметаат, но искрено доколку тие работи кои кај мене му пречат, а тој истиот ги поседува, би било крајно себично тоа да го бара од мене.
    Што ќе посееш-тоа ќе жнееш. Има голема вистина во ова. :)
     
  10. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Не , таква сум каква што сум ако не му се допаѓав ај со здравје :)
    Ама му се допаднав таква каква што сум , па откако ме фати не ме пушти :D
     
    На okcenzi и Gordana10 им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Не би се сменила како личност за машко, ниту барам да смени нешто кај него.
    Ми се допаднал со сите негови маани и очекувам ист таков кралски третман. :)
    Која е поентата на менување на силни карактерни црти, како темперамент, наравот, лични навики... ?
    Значи не се вљубил во мене, туку во идејата како може да ме обликува , за да му бидам по ќејф. Абе ајде.
    НЕ.

    Единствено што сменив по негова сугестија, но најмногу и заради себе, беше да започнам малку поактивно со вежбање, за да не му умрам од срце пред 40-тата, зашто ми кажа дека сум му потребна за многу повеќе години...
     
    На crazylady, okcenzi, Ariel и 2 други им се допаѓа ова.
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    ПА нели љубовта е сакање некоја индивидуа таква каква што е ?
    Тогаш по кој основ промена ?
    Значи нема љубов... Значи во таа врска имало само заљубување и некоја искра страст ама ни Љ од Љубов !

    И не не би се сменила. За ништо на свет . Тоа сум што сум. И никој нема право да ми сугерира што и каква д абидам. Нити сакам да менувам некој нити сакам да ме менува некој.
    Би сменила одредени мали сенки во мој карактер доколку увидам дека со тоа го повредувам партнерот. Ама за да му станам нему совршена за да ме сака, да се менувам за него по цена да бидам сакана. НИКАД!
     
  13. AzSxDc

    AzSxDc Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    24
    не би се сменила ако ме сака ќе ме сака каква што сум а не да бара да се менувам: :D
     
  14. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.952
    Пол:
    Женски
    Бидејќи сум овен, и бидејќи сум горда на себеси, не. Не би се менувала во никој случај. Ако ме сака ќе ме сака со сите мои маани.
     
  15. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Не, не би се менавала за машко.Ако ме сака ќе ме сака каква што сум.Може да внимавам на некои нешто што мислам дека би му пречеле но не и да го менувам мојот карактер.Не можам да се правам нешто што не сум :)
     
  16. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Исто! Ованче сум и тоа многу гордо ованче :D
    каква сум таква сум.За мене најдобра :) ;)
     
    На Butterfly-itgirl4s му/ѝ се допаѓа ова.
  17. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Така е девојки..уште еднаш потврдувам..ниедно машко не заслужува да се менуваме заради него..тие сме-ако не сака супер, ако не не сака ке се најде некој кој што ке знае да не сака такви какви што сме.
     
  18. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    198
    не би се менувала зошто? затоа што тој ме засакал таква каква што сум, јас сум таква каква што сум и сум горда на себе со своите добри и лоши манири, па сите сме Живи суштества сите грешиме .. :!: доколу има нешто во мене кое исто така и јас го одобрувам да се смени ке го сменам но по мој инстинкт, не по тоа што другите велат.. :)
     
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ако веке треба да се смени некој, тоа нека биде тој. Сеуште не се родил тој кој би ме сменил како личност. 8)
     
  20. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    4.556
    Пол:
    Женски
    Ниту сакам да сменам некој ниту сакам некој да ме моделира како што на него му одговара