Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би се менувале како личност заради машко?

Дискусија во 'Врски' започната од manja666, 23 септември 2011.

  1. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Ако некој не ме сака каква што сум не ме ни заслужува! Отворена сум секогаш за сугестии и идеи за нешто во врска со мене и мојата личност, ама да ме менува некој НЕ! што значи тука нема љубов,има само желба за надмоќ и контролирање а никакво чувство!
     
    На badyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    благодарение на мојот децко сум сменета 90 % порано не знаев да се конторлирам кога се изнервирам или кога нешто не ми е погодено а сега секоа нервоза ја преголтувам а незнам дали тое е ок или не :o :?: :?:
     
  3. badyyy

    badyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Jas nikogas...Ako me saka takva kakva sum OK! ako ne...Ama ja ako mislam deka nekoja moja osobina ne e dobra za mene i opsto za okolinata kje ja smenam... :)
    [mod-kirilica:hxcsjsmx][/mod-kirilica:hxcsjsmx]
     
  4. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    ако ме сака ќе ме сака таква како што сум ако не гудбај фраеру :)
     
  5. feemina

    feemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    точно е тоа дека е желба за надмоќ,
    мојот после некое време од врската ми кажа демек ,,позитивна критика,, , не злонамерна дека не сакал скромно да с е облекувам , не дека бесе скромно но беше оној спортско - елегантен начин.начиноот на кој ми го кажа многу ме повреди и налути иако бесе за ,,мое добро,,,но го прифатив и сега сум му многу благодарна: отворено деколте, тесни фармерки, кртки сукњи,шлиц до пиц, шминки , кармини , убави парфеми...се на видело.и порано тоа го правев но подискретно.како иде времето се повеке ми станува неразделен стил, се променив по спопствена желба,се пронајдов себе си и баш ми се допага.
    сакам да кажам дека една критика чуда прави.
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Има разлика од менување до менување.
    Комплетна промена како личност секако дека е неприфатливо или ќе ме сака таква каква што сум со моите негативности и позитивности или чао приетно.
    Не сум скица па да ме моделира според своите желби и потреби, но не сум ни камен да не направам некоја отстапка или да прифатам нешто што дотогаш ми било неприфатливо. Во љубовта треба прилагодување, сите карактери се различни, но нема никој право да бара комплетна промена на некоја личност, ако бара промена нека ја најде кај друга личност.
     
    На Gioia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Не.
    До сега не сум ни имала потреба, немало такви проблеми ама и да има, не би.
    Нека ме сака таква каква што сум, ако не воопшто нека не се мачи.
     
  8. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Секогаш сум кажала дека не може машко или женско да те смени. Се мењаш само ако ти тоа го посакаш. И не да се смениш како личност туку негативните работи што можат да влијаат во врска да ги смениш за врската да успее...
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    не, не, не
    нема шанси
    ако ме сака, ке ме сака таква каква што сум :)
     
  10. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Доколку ти се допаѓа си се пронашла во тоа и те прави среќна секако дека е ок! Затоа викам секој треба да биде отворен за критика сугестија секако добронамерни ако се,и доколку е за наше добро понекогаш треба да се послуша,ама понекогаш некои луѓе знаат да ја преминат границата и да ги искористуваат тие работи,да манипулираат со личноста перејќи и го мозокот и правејќи да стане нешто што не е или не сака да биде! никој нема прави да ти наметнува како треба да се облекуваш или што треба да јадеш а што не..ти си господар на твојата личност нели? ;)
     
  11. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Викаат кој те сака ке те сака каква што си ехх сега ако сите ми велат дека имам некоја неубава особина зошто да не ... :)
     
  12. kika13

    kika13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    104
    Не би се менувала ептен евентуално ако имам некоја стварно лоша особина тогаш би можела да ја сменам :)
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Па ни волкот не сменил ништо повеќе отколку влакното, а камоли јас! Нормално дека не, колку и да сакам. Впрочем кој може да се смени? Има луѓе кои глумат промена, де ваму - де таму, сеуште се формираат ко личности а можеби и никогаш немале сопствено јас па се преобразуваат како камелеони во зависност од тоа со кого се. Но не верувам дека некој се сменил. Карактер не се менува.

    Впрочем ако некој ме засакал веројатно ме засакал затоа што сум јас ЈАС, оригинална единка на овој свет со уникатна ДНК која ете му била интересна на дотичниот и толку му се допаднала што бил со мене. Да бев некој друг немаше да сака да е со мене, многу јасно. Зошто да му го скратувам задоволството да е со мене? :)

    Би сменила или попуштила можеби кај некои навики за кои и самата сум свесна дека ги имам и дека се глупави, особено доколку видам дека во извесни ситуации му пречат на момакот.
    Тоа не е тешко да се направи - тоа е толеранција.
    Ама да се менувам јас себеси, како прво не е возможно, а како второ не ни сакам, а како трето - не знам што ама не иде бе дечки, не сум во пубертет да сум денес металка, утре раперка, а задутре да се бапнам во розевкаст барби стил и да дигам мишкичиња на Бритни Спирс.

    Леле ова му доаѓа нешто као kinky roleplay. Денес куварица, утре ученичка, задутре цајканка, после тоа медицинска сестра. Еј, ај чекајте да размислам малку па да видам дали не би се менувала заради машко ^_^ :D
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Тешка е постапката на промена на личноста, јас искрено не знам ни како би се променила... Не можам јас заради него да си ги запоставувам моите мислења и ставови :^) јас сум тоа што сум и мора како таква да се научи дека функционирам на тој начин
     
  15. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
    Ни за машко, ни за никој и ништо!Не ја гледам потребата :^) . Ако некој не ме сака таква како што сум чао пријатно :hai: никој не те тера да си со мене :lol:
     
  16. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    САМО И САМО ПОРАДИ СЕБЕ!за Сопственото ЈАС да,и за своја надоградба,иначе не!
     
  17. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Не !
    Колку и да ми значи и колку да ми е се, ако ме сака ќе ме сака каква што сум. Нема да се променам. Јаката страна на своето ЈАС, што ја имам ќе остане засекогаш...
    Ако ме сака и му значам ќе ме прифати ваква каква што сум и нема да бара да се променам... ;)
     
  18. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Јас би го променила машкото заради мене ]:) :lol:
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  19. The.Girl.Next.Door

    The.Girl.Next.Door Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    18
    Јас не би се променила за никого..а уште помалку за машко! АКо ме сака треба да ме сака таква каква што сум! ако не..што бара со мене..?ако ска да се сменам..ако не му одговарам..нека си бара некоја друга што ќе му иде по негов к*р!! A никако нема да барам ни он да се смени поради мене! Такви сме какви што сме! ако не ти се свиѓа оди си! :devil:
     
  20. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Абе убаво е тоа “не се менувам за никого, јас сум јас, ако ме сака ќе ме сака со сите маани“ и слично, ама во пракса не е баш така.
    Прво никој не ве знае какви сте кога ве запознава, а совршени сигурно не сте зошто никој не е. После, кога ќе запознаете некој кого вистински ќе го сакате, верувам дека со задоволство би промениле нешто, а под нешто мислам секако на некоја мала ситница која што би му сметала на вашиот најмил :). Од друга страна, тој што ќе ве сака нели никогаш нема да побара од вас да се смените, ама најверојатно тој е совршен дечко, а мислам дека сите знаеме и дека ни совршен дечко не постои.
    После, секој нормален што ќе ве сака, ќе ве познава доволно да знае што може да бара од вас да промените а што не, а најчесто тоа би била некоја ситница, затоа што после се, зошто некој би сакал да бара да промените некоја важна работа која да речеме есенцијално ве карактеризира? Тогаш доаѓа тоа познатото, ако ме сака ќе ме сака таква каква што сум, зошто најверојатно целокупниот ваш идентитет не се базира на ситници, иако и тие имаат улога тука. Но секако, има ситници кои може да се променат. Така да, јас лично, ако некој убаво го побара тоа од мене и ако вреди да се промени тоа за него, би променила. Може и малку утнав на темава зошто сепак е дали би се промениле како личност заради некого, ама па кој би барал да се промените целосно ако претходно тој се вљубил во вас таква каква што сте.
    И да, сакале или не, свесно или не, по наша воља или не, сите се менуваме во врска.
     
    На crazylady и mimiiiii им се допаѓа ова.