Никогаш, ама буквално никогаш. Не би дозволила некој да се заљуби во нешто што не сум, во некоја друга Вајлд која нема допирна точна со вистинската. Не би ги менувала своите навики, своите вкусови, стилот на живеење поради некоја особа која сигурно не ме сака доволно, па бара промени кои се невозможни.
Се прелажав за еден да се менувам и на крајот тоа испадна моја голема грешка. Не се бореа феминистките за право на глас за нашиот пол, за да не прават безгласни букви!
При самиот чин на заљубување веќе се менуваме. Тоа доаѓа само од себе, не знам, но краткотрајно е, се разбира, некогаш ќе симнеме од 7мото небо. Но сепак треба да се оддржи сопственото јас, бидејќи ако се е по негов ќејф, тоа е како тој да е во врска со самиот себе. И по едно време ќе се здосади. И крај краева, ако некој се заљубува, тоа е поради личноста која си, и ако тоа се смени... не ќе да е на арно.
Aко некој те сака доволлно би те прифатил токму онаков какво што си, со сите твои маани и доблести.. Све има свои позитивни и свои негативни ствари.. ниту сум барала некој да смени ниту ќе барам, а ниту ќе се манувам за некој, јас сум тоа што сум !
Хахахаха ми рекле дека треба да си го сменам однесувањето ама јас се однесувам кон секој онака како што си заслужува и личноста не може да се смени така да залудно е да се трудам
Да се прилагодувам според желбите на некој друг? Нема шанси. Зошто на пример би го направила тоа? За да ме остави потоа по првата која ке му оди по газот? Каква сум-таква сум ако не му се допага не го држам на сила. Пфф. Нека се мења тој за мене бе.
Да се менувам да не бидам јас ЈАС? Да не бидам јас вистинската само заради НЕГО? Како личност не би се менувала зошто ако би бил со мене ќе биде заради мене и заради вистинската јас, а не затоа што сака да ме промени. Нема да глумам нешто што не сум, зошто не се чувствувам така убаво, а верувам и дека никое машко не сака извештачени карактери и кукли кои еднаш се едно, друг пат друго, секој сака природно, ако некој бара од тебе да се смениш како личност, нека си го бара патот подалеку од тебе! На крајот, јас ќе бидам со него само ако ми се допаѓа неговата личност, за физички изглед е лесно, ама ако не ми се допаѓа неговата личност нема да бидам со него само за да го сменам или да барам од него да се смени заради мене само затоа што ми е совршен ама карактерот не ми се допаѓа, па така важи и за мене, нема да се менувам како личност заради никого(освен ако не сметам дека некоја особина или постапка треба да ја променам), таа сум која што сум, ако ти се допаѓам добро, ако не твоја работа.
Никогаш! Со бившиот раскинавме бидејќи му пречеше тоа што пушам. Од инат си реков нема да ги оставам.. здравје, не е единствениот сега си најдов таков со кој заедно си пушиме
^точно. И не менување како губење на некои ваши основни карактерни особини, туку едноставно прилагодување еден на друг. Меѓусебно менување, поголема толеранција. Не дека треба да му одите по газот на тој вашиот, но прифаќање и промена на некои мали работи, ако сакате врската да ви успее, секако.
Не би се менувала многу, значи треба да ме прифати таква каква што сум а исто и јас него да го прифатам таков. Не е тоа љубов ако бара од мене да станам сосем некоја трта личност. Со ова негово барање значи тој не ме сака мене туку таа некоја негова замислена девојка.Единствено би сменила некоја моја лоша особина која ми смета мене, а и носи проблеми во врската. Секако тоа би го променила по моја желба
Доколку вистински ме сака, ќе ме сака онаква каква што сум. Со сите мои маани. Доколку не е така, ондак не планирам да се менувам баш поради никој.
Малку поинаку си ја сфаќам темава за разлика од повеќето коментари што ги прочитав, во стилот, што има да се менувам, ако ме сака ќе ме сака со сите маани и тако даље. Е да, ама работата е што секој, свесно или несвесно, кога е во врска се менува. Не е тоа изнасилено, самото по себе си доаѓа, учиш нови работи, нови ситуации, се прилагодуваш, сфаќаш дека некои размислувања не ти биле океј, дека си имал погрешен став за некоја работа. Во една нормална сериозна врска не би требало да има терање на карактерни промени, уствари тие нема ни да се случат, принудениот само привремено ќе се прави дека е сменет, ама ако стварно не мисли така малку ќе фали да се врати на старото размислување. Со сила убавина не бидува. Сум се менувала и сеуште ќе се менувам, тоа е целата поента, кога сум во врска не сакам да има само пољубци, држење за рачиња и relationship status. Сакам да учам од другиот, да созревам, се е искуство плус.
Многу зависи каква промена сакаш да направиш кај себе. Ако е промена која мислиш дека позитивно ќе се одрази и на тебе како личност и во врската, ок. Но, што ако таа промена не резултура со посакуваниот резултат? Сепак, се зависи од ситуацијата и начинот на којшто го доживувате тоа.
Не би сменила некои навики, бидејќи се дел од мене, а јас сум сега, и немам потреба да се менувам. Менувањето е природен процес, ама не е природно кога си приморан, посебно не од него. Не е работата да се моделирате според сопствена желба, едноставно да се љубите онакви какви што се, без идеализирање.
Драстични промени не би правела.Јас сум тоа што сум.Сакај ме таква.Би направила компромис доколку е во право доколку некоја моја лоша особина лошо влијае на врската.Се зависи од причината. И нема да се менувам на секое негово барање.Некои навики неможам да ги сменам едносавно сум така програмирана тоа е.Ако двајца се сакаат ќе најдат заеднички јазик па совршено неможе да биде.
Според мене, моментот кога ти ќе влезеш во врска, постепено почнуваш да се менуваш ( прилагодуваш ) кон таа личност несвесно. Цитатите од стилот на “ јас сум таква каква што сум, кој ме сака-океј, кој не -пак океј ’’ се толку излитени
Нема да ги сменам сите мои карактеристики ама има работи кои мора да се сменат. Во прв момент важи изреката Ке ме прифати таква каква што сум и ти него го прифаќаш таков како што е но со тек на време се забележува некоја нова карактеристика што можеби до тогаш не сте ја знаеле. Јас на пример не сакам изјавување на љубов, бакнување на јавни места, не сакам да сме заедо 24/7 ама баш тоа ми се случува во моментов. И никој не ми наредил така да биде, се си дојде спонтано. И од двете страни треба да има промени. Би сменила нешто кај себе ако заслужува личноста со која што сум. Еј па неколку дечковци поминав таман работа ако се менував за сите не знам воопшто дали ке останеше дел од мојот карактер.