Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би се менувале како личност заради машко?

Дискусија во 'Врски' започната од manja666, 23 септември 2011.

  1. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    10.902

    Сигурно она што си го пишала се однесува за тебе бидејќи мене ми се нема случено д апочнам да се прилагодувам кон некоја личност со која сум во врска.

    Секогаш другата личност мора да се прилагоди кон мене.
     
  2. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030

    Имаш 31 година? Навистина?
    И со твоите години до сега искуството не ти го докажало баш спротивното од тоа сега ти што го кажуваш?
    Да се прилагодуваш према луѓето, општо, не само поради машко е дел од тоа како ние функционираме.
    Дел од нашата природа. ( Барем јас така го гледам ова )

    Има една многу убава изрека : Life is nothing, but a series of adjustments.

    Несакам да навлегувам во твојата приватност, ни најмалку - нo ако би можела да ми кажеш, дали си во врска? Маж? Anything?

    И се разбира...да надополнам, не е ова провокација- само пробувам да те разберам :!:
     
  3. Femina...1

    Femina...1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    28
    Јас мислам дека вреди да се промениме на подобро без разлика од која и да било причина и дека понекогаш треба да попуштиме ако веќе сме со некој кој ни значи.. И јас самата се обидувам да се прилагодам во одредена мера на извесен дечко(што секако значи дека имам само уште еден повод да го променам тоа кај мене што и на самата не ми се допаѓа, а не дека ќе играм како што тој свири). Цел живот се прилагодуваме на нешто а ако не успееме ќе останеме заборавени.. тоа ти е филозофијата на животот.. :)
     
  4. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Ако некој дојде што е спремен да се смени за мене, а воедно и успее мене да ме смени на подобро - ќе знам дека тој е тој. За било кое машко не би се менувала. Ретки се оние кои можам да ги засакам со цело битие, но доколку ги засакам, спремна сум на се за нив. Не не` менува машкото, не` менува љубовта спрема него. :)
     
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Промена на подобро, да речеме помалку љубомора, повеќе толерантност, внимание, помалку себичност...да, секако. За било кого, пријател, дечко, некој што ми значи. Меѓутоа промена во стилот на менување вкусови за да се прилагодиш на неговите, од социјална личност што сака да запознава нови луѓе до некоја што не мрда од дома, од приоритет создавање кариера на промена на приоритет да се биде домаќинка или обратно...не.
     
  6. Strawberry.6

    Strawberry.6 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    10
    Не би се променила ептен... може би променила некои мои лоши карактеристики кои знам дека нема да придонесат ништо добро во врската. На пр. Би била потолерантна.
     
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Сум се променила баш во оваа врска,бидејќи сватив дека со некои работи го повредувам, не во целина таа сум истата,само некои мои навики ми се заборавени
     
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.557
    Пол:
    Женски
    Тој филм во мое кино не се прикажува
     
  9. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Не!

    Јас сум таа што сум. Таква, са све своји недостатке и врлине, или ќе ме сака или нема да ме сака. Ваква ќе ме засака некој друг.
    А и кога би се смениле, нема да бидете среќни уопште. Ќе бидете свесни дека тој не ве сака ВАС, туку личноста која ја глумите.
     
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    да се менувам и тоа за машко :?: :?: ма не :!:
    знам дека не вреди,...али со тек на врската доколу се влјубуваш силно има кај себе некои промени но не оние надворешни промени...
     
  11. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Тоа што мислам дека требаше да се промени, променив. После тие промени врската ми е многу подобра.
    Но, доколку бара од мене други промени, нема шанси да прифатам бидејќи нема потреба повеќе. Се осеќам како најправедна личност спрема него :)
     
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите во врска се мењаме, и двете страни трпат промени, само не се свесни за тоа.
    Било тоа да се навики, начин на изразување, вкус за облека/храна/земји, па се до некои манири.
    Нормално дека ако ми се укаже на нешто кое не му одговара на партнерот, а го видам дека е нешто што би пробала да го сменам и е во право, зашто да не.
     
  13. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Кога си размислам каква бев пред две години не да бев сменета туку неможев сама да се препознаам а важам за силен карактер барем блиските ме сметаат за таква,сепак зборев дека нема да попуштам и нема да се променам бла бла..зборот ми е дека секој се менува безразлика дали сака или не,е сега ти ако не сакаш да се прилагодуваш спрема врската или личноста со која си тоа веќе е друга работа тоа не е врска ниту пак ти си некој јак карактер. Релативна работа е менувањето не би го дефинирала така во случај да сакаш некого,секој човек го има тоа во себе да сака некој да придобие па се труди на некој начин да прави работи што на другиот му се допаѓаат.Мене лично не ми сметаат таквите прилагодувања напротив многу би ми значело да мојот дечко се потруди да направи некои гестови кои не му се секојдневни со цел да ме импресионира или само затоа што мене ми се допаѓа тоа,тоа е почит а нему нема да му падне цената во моите очи.Исто е и кај нас или што каква сум таква сум а ти мораш да ме трпиш е не е баш така ни дома нема да те трпат се да е по твое.Тоа е мое размислување и не би сакала да одам до крајности некој да ме сфати погрешно оти ни ја сигурно не би си ја сменила верата или не би се откажала од фамилијата само оти на некој не му одговара така ете тоа е мојата личност!
     
  14. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Никогаш..јас сум тоа што сум и точка..сепак на моменти зависи.. но во главно- НЕ! :!:
     
  15. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    Ако ме сака ќе ме сака таква каква што сум никогаш не би се променила освен ако сметам дека некои работи што ги правам не се во ред...
     
  16. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Вчера ве4ер ми кажа дека требало да се понашам по нормално да бидам поозбилна и искрена . Јас се понашам отка4ено но тоа ми е стилот а тој не го поднесува тоа, да бидам поозбилна па не можам кога сите се смеееат во друштво и трескаат зелени :D а за искрена сум и тоа повеке од што треба.Едноставно не сум повле4ен тип, незз што е работата стварно абе се палат машки без да ги допрам :D

    А за мењање мислам да не се мењам :lol: . Бидејки така остануваме пократко,како и претходната вечер бевме на роденден и заради моето понашање како демек станал и морав и ја :D од тортата ни шлагот не го видов :lol: .Ама затоа после на тајно место беше прекрасно :D
     
  17. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.030
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш не би се сменила за машко. Па тој ако ме сака искрено ќе ме прифати таква каква што сум со сите мани и доблести, а не јас да се мењам, па секој човек има мани ама треба да се прифатат.
     
  18. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Јас пак тоа мислење и став - ако ме сака ќе ме сака таква каква што сум 8) го имав во тинејџерските години . Кога егото работеше и набилдано до даска- тејке ит ор лив ит бејбе :D

    Сега можам да кажам дека многу работи имам сменето ради него и тој ради мене .
    Не сум се изгубила како личност туку сум станала подобра и да не го заречам и тој , кога ќе погледнам наназад многу работи се промениле .

    Јас пак сметам дека љубовта треба да не инспирира да биде подобри од она што сме , не да биде под принуда или да се чуствувате дека се откажувате од нешто за некој , туку дека ако со тоа станувате подобра личност . Секој може да биде подобар , и јас животот го сваќам како натпревар сам со себе , секој ден да бидеш подобар од претходниот ден .Промени се случувале низ годините , за некои требало повеќе време .
    Јас и тоа сакам од партнер да ме инспирира да ми укажува на маани .
    Не би сакала , ако правам нешто лошо за мене тој да вели срце ма најпрекрасна си на свет :clap: . :!: Но не и да ме критикува цело време . Некогаш е потребно некој да ти укаже кога грешиш . А кој ако не најблискиот ?
    Набилданото его ни носи проблеми секогаш , неспособноста да си погледнеш објективно на себе и да си речеш - Чекај можеби па и јас не сум најсовршена на свет . Повредувам ли некој со моето однесување ? Дали мојата тврдоглавост и нарцисоидност ми идат во прилог на мене ?

    Промените се случуваат во секоја здрава врска бар така мислам , не треба да се ултиматуми , туку да растеме заедно и да се доизградуваме . И секако промените доаѓаат само кога самите ние сакаме , кога нешто не сакаме тогаш е само извор на фрустрации ,а ако љубовта не е доволно мотивирачка сила за да станеме подобри и двајцата , тогаш што е :?: .
    Јас не мислам дека треба да бидам со некој со кој ќе се трпиме заедно и прифатиме ,туку некој (дечко ми де :lol: ) со кој и двајцата ќе се дополнуваме , мотивираме , подобруваме .

    И тука не мислам на промени од стилот - Не излегувај со другарките , ослаби , избриши фејсбук , не се смеј гласно, не ти треба работа деца ќе чуваш :rofl:
     
    На Camellie му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Познавам многу личности кои се промениле во текот на врската.Јас,искрено,не знам дали би можела да се променам или не.Досега од мене само еднаш било побарано да се сменам.Пробав.Дури едно време мислев дека сум се сменила,а после пак продолжив со истото.
    Како викаат:волкот го менува крзното,но не и умот.
    Мислам дека колку и да се трудиме. и да мислиме дека сме се промениле,не сме го направиле тоа потполно.Бидејќи тоа е дел од нас,од нашето однесување и колку да изгледа дека сме се смениле едно мало делче од нас повторно останува исто.
    Но сепак има случаи кога луѓето се менуваат.Љубовта и болката го менуваат човекот.
     
  20. fox.megan

    fox.megan Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2013
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    85
    Да, ама само ако видам дека е вреден за тоа.. :)