Јас ова го сфаќам на друг начин и правам некои разлики. Таа промена не ја правиме ние од корен, или на пример не ги менуваме нашите карактеристики. Туку менуваме само НАВИКИ кои не се дел од нашиот карактер и не ја прават нашата личност. Да бидеме искрени никој неможе да се смени, зборам што се однесува до карактерот, ама некоја навика која би можела на некој начин да влијае лошо на врската може да се смени зошто да не. Пример сигурно дека одењето во кладилница од страна на дечкото не е дел од неговиот карактер, туку е навика која ја стекнал со текот на годините. Или па девојката ако пие секој викенд, тоа не е дел од нејзиниот карактер туку е исто така навика. Мое мислење е дека доколку некој побара промена на слични работи како што наведов во примерот тогаш е во ред затоа што е за доброто на врската и не бара голема жртва. Меѓутоа не би прифатила да сака некој да ме промени од корен. Неможе да ме натера да се облекувам секој ден елегантно и да носам штикли само заради што он имал таква замисла за девојка, епа неможе, јас не сум тоа, и да сакам неможам да го променам. И во ваквите случаеви се знае дека тој што бара драстични промени не е спремен за истата врска во која се наоѓа. Впрочем целта на љубовта е да се сака некој со сите негови мани и доблести без да се има за цел да се менува.
Никогаш! Ако некој навистина те сака, ќе те прифати онаква каква си, со сите твои позитивни и негативни страни.
Дефинитивно ДА, доколку сфатам дека со тоа ќе бидам јас прво за себе а потоа за другите подобра личност. Врз мене имам дозволено да влијаат моите бивши дечковци во различни позитивни насоки и не сум се покајала. Не би се менувала во смисол да престанам да се дружам или излегувам, ама сум се сменила да бидам посмирена и неизбувлива, да имам попозитивни погледи да другите луѓе и на животот, да имам љубов за одредено хоби за кое не сум знаела дека ми е воопшто интересно и сл. Значи сум ја збогатила сопствената личност и сум им благодарна за тоа
Во никој случај!!! Може да се потрудам на пример доцнењето или некои такви ситни мани да корегирам, но како личност, нема шанси! Нека се смени тој, зошто пак јас
По правило не би требало да се менуваш за никого , туку да си бидеш тоа што си АМА , ако си кучкетина проклета би било убаво да се смениш оти црно ти се пишува.
Зошто да се менувам? Таа личност која е покрај мене би требало да ме сака поради она што сум: личност, навики, начин на живот, верувања, стремежи и сл. Јас така засакувам некого и мислам дека тоа е всушност сакање. Со сите негови карактерни црти, доблести, па и маани, начин на живот/размислување, накратко, сите тие работи кои се составен дел од личноста којашто сум ја засакала. Никој не треба да влегува во врска со надеж дека ќе го смени другиот. Би сменила некои навики доколку тие МЕНЕ ме прават повеќе да се чувствувам удобно во сопствената кожа и го нагласуваат моето ЈАС. Ако некому некои маани не му се допаѓаат, а мене реално не ми пречат, се водам по онаа, ако не си спремен да се носиш со мене во моето најлошо издание, не заслужуваш да ме видиш ниту во моето најдобро.
Зависи што треба да се менува. Доколку станува збор за некои негативни навики и слично, и доколку сметам дека навистина е потребно нешто да се смени, тогаш да. Но, да се менува целиот карактер од корен - не, бидејќи сите ние сме различни личности, индивидуи, и секој си гради свое ЈАС, така да, нашиот партнер треба да не прифати такви какви што сме, а исто и ние него.
Ма не. На почетоков на оваа врска (пред 3 години) јас со дечко ми бев за да го заборавам бившиот и мислев дека ќе биде само врска без обврска па затоа се понашав дебилски. Кога ми рече да се сменам само му реков ЈАС СУМ ТОА ШТО СУМ, А КАКО СЕ ПОНЕСУВАМ СО ТЕБЕ ТОА ЗАВИСИ ОД ТВОЕТО ПОНАШАЊЕ И ЗАСЛУЖЕНОТО. така да се придржувам до тоа и ден денес. Фала Богу сега се е во ред, имаме заеднички јазик и го сакам најмногу на светов.
Никогаш нема да се сменам заради никој немора само заради машко да е. Јас сум тоа што сум. Ако некој ме прифати како таква, во ред, а ако не има други
Реков дека не се менувам, ама ете се сменив. Не само поради него туку сфатив дека тоа е добро и за мене. И мислам дека е убаво коа ќе попримиш некои навики и ќе научиш нешто ново баш од таа личност. Никој не ме натера на тоа едноставно мислам така е подобро за нас. На пример научив да не бидам толку горделива кога е во прашање љубовта,да најдеме компромис и да не бидеме подолго време скарани, да бидам потрпелива во некои работи, прагот на толеранција ми се зголеми.. и сето тоа мислам дека е позитивно и клуч за успешна врска. Извинете ако бев малку оф топик
Не се менувам, ме сака таква каква што сум. Ама, јас си имам потреба да си го сменам однесувањето на моменти, дури и моите дома ми имаат кажано дека за се се лутам, па така да, би го сменила тоа кај мене за да немаме кавги во врската за глупости.
Тој ме сака заради тоа што сум. И да не е тој, јас никогаш не би се сменила за никого. Било кој треба да ме прифати таква каква што сум
Кога започнав со него почнав и јас преку него да запалувам цигари и тој го сфати тоа како на шала, но поминаа 2месеци почнав да пушам и ми викаше да престанам затоа што кога ме гледа како се тровам нему му е тешко бидејќи знае дека тој е крив. Се разделивме поради Х причини и седев со еден другар зборувавме, ми призна дека има пробано џоинт и реков дека сакам и јас да пробам и следниот пат кога ќе дојде овде да ми донесе, утредента се смиривме со бившиот и му реков дека ќе пробам ама тој пак сфати на шала и ми рече дека нема никогаш да го видам ако го направам тоа и после два дена другарот му кажал дека сум му порачала да ми донесе. Од тогаш ми раскина, ми кажа дека повеќе муабет не прави со мене, го молев, го преколнував дека нема да пробам, дека кога тој е со мене заборавам на тие работи, дека ќе престанам и да пушам, ама нема шанси, ми рече Ти штом си почнала да бараш, си тргнала по тие лоши патишта.. Таман го засакав, се стана во најдобар ред и јас тврдоглаво, дете без мозок што направив Како можев толку да се расипам, веќе никогаш нема да ме погледне бидејќи секој сака примерна женска, а сега сигурно знаат и сите негови другари..
Мојот карактер не се сменил поради него, меѓутоа како што јас сакам тој да престане да прави некои работи или некои лоши навики(според мене нели) да искорени, така и нему му пречат одредени работи кои јас (не)ги правам. Во тој смисол мислам дека сум сменета. На пример престанав да пушам цигари, не сум повеќе толку избувлива, потолерантна сум и сл. И тој има сменето некои работи на мое барање. Во една врска после љубовта, компромисот е најбитен
Не знам зошто на промените гледате толку негативно. Јас, лично, сметам дека после секоја врска сум излегла помалку или повеќе променета. Многу мои љубови ме имаат променето на подобро, некои мои видувања, навики, нешта што ме градат како личност. И ме надоградувале, и јас нив. Тука ја гледам убавината на љубовта. Се разбира, никогаш не би се сменила за да задоволам друг. Промените, првенствено, се прават заради себеси.
Никогаш не би се менувала за на некој да му биде подобро,секогаш ќе бидам таа што сум.Затоа што сите на овој свет сме едни и единствени,не се повторуваме ..ако секогаш гледам да направам на некого да му биде подобро,со тоа што ќе се сменам..што ќе се случи со мене?? Ако некој прифатил да биде со мене,се согласил и на моите недостасоци ..
Сакале или не, поминувајќи долго време покрај некоја личност ние несвесно се променуваме, дали ќе стекнеме некоја негова навика, или пак несвесно ќе здобиеме некоја карактерна особина, некој став, мислење... И тоа е во ред. Значи сметам дека е невозможно да си толку близок со некого, а да не смените нешто кај себе несвесно! Такви мали промени мене не ми сметаат, доколку нели се во позитивна насока. Меѓутоа никогаш не би прифатила целосно менување на личноста, а сметам дека и невозможно е да се направи драстична промена. Па и доколку дојдеш во ситуација да ја направиш таа драстична промена, ќе биде површна. Затоа што карактерот што си го градел и негувал со години можеби ќе го потиснеш некаде длабоко во себе, но секогаш ќе постои и секогаш ќе биде доволно да се појави една мала ситница што ќе го поттикне да избие повторно на површина...